Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Ќе бидеме рамо до рамо со народот, ќе слушаме внимателно и ќе дадеме отчет за сработеното

0
By Marta Pesevska on April 5, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 5, 2023 18:58

СДСМ е државничка партија којашто заедно со граѓаните успеа во тешки моменти за земјата да ја одржи економијата и напредокот по вистинскиот, по европскиот пат, рече претседателот на партија Димитар Ковачевски, најавувајќи теренски активности. Според него најтешкото е зад нас но предизвици за македонската иднина се уште постојат.

Потребна е сплотеност, заедништво и мобилизиција на целото македонско општество за нова победа на државата! СДСМ од денеска е на терен. Рамо до рамо со граѓаните започнуваме со интензивни теренски активности. Во секое населено место, во секоја уличка, куќа, зграда, во секое маало, во секоја урбана заедница. Таму каде што ни е местото, меѓу народот, со граѓаните. Рамо до рамо со народот, со сите граѓани, ќе посетиме 946 населени места ширум татковината. Да разговараме со нив, да го слушнеме нивниот глас за се она што им е важно. Да дадеме отчет за сработеното во изминатата година, но и кажеме што следува во наредниот период, рече Ковачевски.

Тој додаде дека функционерите на СДСМ секој ден ќе бидат рамо до рамо со народот заради подобра иднина на таковината, а не затоа што наредната година има избори.

Доаѓаме со крената глава. Да ве слушнеме, да ви дадеме отчет за сработеното, да ви кажеме што следува во иднина. Ќе слушаме внимателно и внимателно ќе говориме. Имаме што да кажеме, но и да чуеме. Успешно се справивме со економската и енергетска криза, со пакет антикризни мерки вредни 760 милиони евра. Целта е постигната. Никој не беше оставен сам во оваа криза. Ниту фалеше храна, ниту снема стрја. Рестрикции немаше, а струја и парно има. Производство на електрична енергија е зголемено на историски највисоки ниво, а сметките за домаќинствата за струја и парно се исти. Го заштитивме стандардот на граѓаните. Не дозволивме профитерство врз грбот на народот и цените на производите ги намаливме. Инфлацијата е веќе зауздана, истакна претседателот на СДСМ.

државничка партија рамо до рамо со граѓаните СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.