Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Во тек е постапка за промена на Законот за извршување на санкции, каде се опфатени и измените што се однесуваат на издржување на мерката „упатување во Воспитно-поправен дом“, за која МИА откри дека девојчињата ја издржуваа во несоодветни услови во рамките на КПУ „Идризово“, за разлика од момчињата, кои имаат свој, посебен Воспитно-поправен дом Тетово – Волковија.
„Првата реактивна мисија на УНЕСКО дошла во земајва во 2017 година, кога се воочило преголемо дерогирање на карактеристиките на охридскиот регион. Има седум години вакуум, кога не се постапувало воопшто по планот за управување со охридскиот регион. Сега ги гледаме последиците од тоа“ рече министерката за труд и социјална политика, Бисера Костадиновска-Стојчевска во вестите на Сител. Таа додаде дека Законот за управувањето со охридскиот регион бил донесен во 2010 години, меѓутоа до 2017 година не се преземале мерки поради што се загрози статусот во УНЕСКО. „Процесот за исполнување на препораките од УНЕСКО за заштита на охридскиот регион е процес на…
На 31 март 2023 година, на годишнината од ослободувањето на Буча од страна на Вооружените Сили на Украина од руските окупатори, во центарот на Скопје, во близина на споменикот на Тарас Шевченко, се одржа акција на Здружението на Украинците „Лесја Украинка”, стои во Фејсбук-објавата на Амбасадата во Украина на Република Северна Македонија. Денес, Украинците се собраа да го почитуваат споменот на жртвите од Бучанската трагедија и да ја осудат суровата руска воена агресија против Украина. За време на настанот, Претседателот на Здружение на Украинци во Македонија “Лесја Украинка”, Alexandr Urbanovitch, го прочита текстот на отвореното писмо на Здружението до претставниците на руската амбасада…
Одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица е конечна и треба да се почитува. Но, тоа не значи дека автоматски ќе се зголемат платите на сите именувани лица за 78 проценти како што шпекулира дел од јавноста, се наведува во одговорот од владината прес-служба, на прашањето од МИА за оваа одлука.- Напоменуваме дека досегашното „замрзнување” на основицата беше всушност владин став изминатиов период и од страна на Владата истиот е бранет како став пред Уставен Суд, а која со одлука на Уставен истата практично се укинува.…
Поддршка од Европската Унија за планираната изградба на гасна интерконекција меѓу Србија и Северна Македонија, очекува српската министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ.
Шведското претседателство со ЕУ ја разбира итноста за обединување на Европа и останува посветено на европската иднина на регионот, наведе вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во својата објава на Фејсбук.
Денеска во Владата на Република Северна Македонија, се одржа состанок на Платформата за јавно-приватен дијалог (ПЈПД) коj го водеше заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.
Украина денес се наоѓа во 401-от ден војна, откако Русија изврши инвазија врз земјата. Ова се главните теми кои го одбележаа денешниот ден. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, заедно со повеќе шефовите на странски држави и влади им оддаде почит на жителите на Буча убиени од руските агресори за време на привремената окупација на овој град, кој се наоѓа во Кијивската област. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ги повика американските граѓани веднаш да ја напуштат Русија. Комесарот за човекови права Волкер Турк денеска изјави дека кршењето на човековите права при руската инвазија на Украина е „шокантно рутински“ и дека бројот на цивилни жртви е далеку…
Културата веќе неколку години не е репер за партиски вработувања, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во гостувањето во ТВ24. Таа додаде дека секогаш мора да надвладува професионалноста над партискиот момент. Треба да престане тоа јавно мнение дека администрацијата е партизирана и дека администрацијата е војска за гласање итн… токму затоа сметам дека ситуацијата со платите во јавната администрација треба еднаш засекогаш да добие законско решение кое што понатаму никој повеќе нема да може да го оспори, никој повеќе нема да може да манипулира бидејќи како што кажав уште еднаш ќе повторам, сведоци сме и јас и сите други министри…
Заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ кажа дека ќе бидат побиени стравот и сомнежите за уставните измени. Таа во гостувањето во Телма телевизија кажа дека оваа Влада носи државнички одлуки, а прифатениот француски предлог е преточен во преговарачката рамка, која не може да се менува.
Нов текст на Предлог- законот за Академија за судии и јавни обвинители е усвоен денеска на седница на Владата.
Евроскептицизмот е во пораст во земајва и тука морам прстот да го вперам во неодговорни политичари, пред се од ВМРО-ДПМНЕ. Не е само да кажеме дека сме за ЕУ, што направи ВМРО-ДПМНЕ за ЕУ? Што направивте со вештачка хипноза дека ЕУ не е реална опција, дека Бугарите ќе не загрозат, дека не чекаат лоши денови, со ширење на паника и страв?, запраша пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски во „Само вистина“ на Канал 5. Тој додаде дека со ваквите ставови опозициската ВМРО-ДПМНЕ креира само паника кај граѓаните со што го зголемува евроскептицизмот, наспроти стратешката цел на државата. Стратешка определба на нашата…