Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Пишува: КАТЕРИНА КОЛОЗОВА Често пати на социјалните мрежи го читаме коментарот „ти, пак, експерт за сѐ“, и овде не мислам на размените меѓу т.н. експерти (терминот е во голема мера компромитиран, и отсекогаш ми бил проблематичен па затоа го користам тоа „т.н.“), туку меѓу обичниот народ, меѓу секој образован и необразован граѓанин. Човекот е навистина „политичко животно,“ како што пишуваат филозофите од Антиката, и секој е не само способен ами и должен да учествува во јавната расправа, која е дијалог на сите со сите. Дијалогот подразбира сослушување на другата страна и побивање на аргументите на соговорникот– аргументот ad hominem (односно: …
Пишува: АНА ЧУПЕСКА Кога два дена за ред во вашата земја, турнеја имаат суперстарс од типот на Борел (комесар за надворешна политика и безбедност на ЕУ), Вархеји (комeсар за проширување) и Ескобар (специјален претставник на САД за Западен Балкан) тоа воопшто не е наивна работа. Очигледно е дека на Балканов се „кува манџа“ од која или ќе се отруеме или ќе се опраиме. Но, што ќе се срка на балканите, секако зависи и од нашето севкупно однесување. Како и да е, придобивките за нас од оваа посета може да се протолкуваат како “ветер во грб” за да го забрзаме нашиот развој,…
Она што Драган Ковачки го има напишано на својот фејбук профил е дел од низата на лаги со кои тој се служи, кажа министерката за одбрана Славјанка Петровска во емисијата „360 степени“ прашана за информациите дека оперативци од земјава пратени по налог на Министерството за одбрана биле уапсени во Косово.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека договорот меѓу Србија и Косово е „важен напредок“ и дека сега е од суштинско значење двете страни да покажат одговорност и „веднаш и со добра волја да почнат да ги спроведуваат сите обврски“ наведени во него.
Кинескиот претседател Си Џинпинг, кој оваа недела беше во посета на Русија, каде што разговараше со претседателот Владимир Путин, сега треба да се сретне и со неговиот украински колега Володимир Зеленски, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц, пренесува ДПА.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со директорот на Платежната агенција Никица Бачовски престојува во дводневна посета на Хрватска. Во рамки на посетата одржана е средба со хрватската министерка за земјоделство Марија Вучковиќ и директорот на хрватската Платежна агенција Антун Вујиќ. На средбата е разговарано за зголемување на трговската размена меѓу двете земји и за ефикасно искористување на европските фондови за нови инвестиции во земјоделството и руралниот развој. Хрватската министерка Вучковиќ ги пренела нивните искуства за трансформацијата на ЈП „Хрватске шуме“ во државна компанија „Хрватске шуме ДОО“ и понудила соработка преку заеднички тимови кои ќе работат…
Возач со изнајмен автомобил газеше пешаци на аеродром. Полицијата вели дека се однесувал сомнително.
На барање на советникот на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари телефонски разговор со Шоле. На разговорот присуствуваа и заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ и амбасадорката на САД во земјава, Анџела П. Агелер.
Разложување на опасниот токсин линдан со помош на микроорганизми е истражувањето кое го спроведе младата научничка Марија Тодоровска Ивковиќ со својот тим, во рамките на Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“ на Македонското еколошко друштво (МЕД). Ослободувањето од отровниот пестицид, кој со децении го загрозува здравјето на жителите на Скопје и ги загадува почвата и подземните води, е желбата со која се соочуваме секојдневно.
Додека невнимателноста и умерената некомптентност се средуваат со едукација, глупавоста не се лечи, бидејќи глупавоста е неволна да се менува, да ги преиспитува своите видувања, а чувај боже да ги ревидира. Пишува: ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА Пред дваесетина години, летно време, еден ден заврна многу дожд и улицата Јуриј Гагарин на еден дел оддесно стана езеро. Секако, се направи нестрплива гужва во сообраќајот на тоа место, во која возачите зад мене немаа разбирање за моето успорување. Заобиколувајќи ме, ме спречуваа да дојдам на непоплавениот дел одлево, а оние отспротива не оставаа лесно да се помине на левата страна. Џабе лев трепкач, џабе…
Во конфузниот говор што рускиот диктатор Владимир Путин го одржа на неодамнешното обраќање пред деловните лидери во Москва покажува дека тој е под дејство на силна дрога, тврди Валериј Соловеј, руски политиколог, историчар и поранешен шеф на Одделот за односи со јавноста на Московскиот државен институт за меѓународни односи, пренесува The New Voice Of Ukraine.
Сепак Слаѓана Тасева не била во право – Агенцијата за филм го доби првото извинување од Транспаренси
Eден од членовите на Филмскиот совет доби официјално извинување од Транспаренси интернешнл по изнесените тврдења на Слаѓана Тасева дека постоел судир на интереси при доделувањето на средства за проекти. -Транспаренси Интеренешнл се извини како одговор на првото барање за демант и барање за извинување, а се подготвуваат и останатите барања. Агенција за филм работи според сите важечки закони и прописи, велат во своето соопштение. Тие додаваат дека единствена и крајна цел на Агенција за филм е продукција на филмови кои ќе останат наши најдобри културни амбасадори -Се надевам ова ќе ги мотивира антикорупциските служби и организации (па и новинарите што рипнаа…