Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Со општините кои гравитираат околу Преспанското Езеро, пред се со Ресен, почнавме разговори, откако во рамки на Владата и беа доделени средства на Општината, па сега се обидувам да видам што се случува со тие средства и дали можеме повторно да ги реактивираме, информира денеска министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира одгледувачите на бројлери и несилки дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – АФПЗРР, денес изврши исплата на 80,6 милиони денари кон 35 баратели, директни плаќања за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети и директните плаќања за одгледани и заклани бројлери во регистрирани кланични капацитети. Висината на финансиската поддршка за одгледани и продадени или амортизирани несилки изнесува 80 денари по несилка, додека висината на финансиската поддршка за одгледани и продадени или заклани бројлери изнесува 40 денари по пиле. Од оваа исплата АФПЗРР ја започнува сеопфатната исплата на директните…
„Дрога во пијачка“, „кафуле“, „Оливер Спасовски“, „дилери Албанци“, „МВР“, „власта предводена од СДСМ и ДУИ“, „државата“, „институциите“, „самоубиство“, „немите новинари“… се главните поенти (виновници) околу смртта на 18 годишно момче во Скопје, што се објавуваат на социјалните мрежи.
Собранието денеска ја продолжи 71. седница со дебата за Извештајот за работата на Судскиот совет за 2021 година, на која присуствуваше и претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева.
За да осигураме иднина за генерациите после нашата, сите денес мора да покажеме дека сме извлекле поуки од минатото, а тоа ќе го направиме само ако застанеме одлучно против екстремни националистички и полулистички идеологии кои водат кон фанатизам. Индиферентноста кон екстремизмот е соучесништво, порача премиерот Димитар Ковачевски на комеморативниот настан во Националната опера и балет во рамкие на обележувањето на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи.
Комеморативен концерт по повод 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи на кој обраќање ќе има претседателот на Владата Димитар Ковачевски.
Во Градот Скопје во делот на производство на леб, четири, максимум пет компании се здружени и утврдуваат цени по кои дистрибуираат и продаваат леб во големите супермаркети, смета министерот за економија Крешник Бектеши.
„Владата излезе во пресрет на барањата на пациентите со цистична фиброза со предлог закон, за кој премиерот лично се заложи да го презентира и брани во Собранието, бидејќи лично тој сметаше дека треба да се обезбедат лекови“ рече заменик-министерката за здравство, Маја Манолева во „Детектор“ на Сител.
На Економско-социјалниот совет утре се очекува да биде донесена одлука за висината на минималната плата која секој март се усогласува на годишно ниво.
Полицијата во Молдавија соопшти дека спречила заговор на група поддржана од Русија специјално обучена да предизвикува масовни немири за време на денешниот протест во главниот град Кишињев против новата прозападна влада.
Дел од грчките синдикати и денеска одржаа протести во центарот на Атина поради железничката несреќа кај Темпи со 57 загинати лица.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со делегација на Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина, предводена од министерот Ненад Нешиќ на која во фокусот беше унапредувањето на меѓусебната соработка и продлабочување на пријателските врски меѓу двете министерства.