Author: Marta Pesevska

Претставник на Царинска управа е поканет и ќе присуствува на следното рочиште за предметот „Беса Транс“ закажано за 31.03.2023 година, одговорија од Царинската права на прашање на МИА зошто на денешното насрочено рочиште, по трет пат, не се појави нивен претставник.

Read More

Протестите против новата израелска влада кои траат со недели денеска за првпат станаа насилни бидејќи полицијата употреби солзавец, шок-бомби и водени топови за да ги растера демонстрантите што блокираа автопат во Тел Авив.

Read More

Заменик генералниот секретар на НАТО Мирчеа Џоана денеска ги поздрави новите чекори што Белград и Приштина ги преземаат на патот кон нормализација на односите и повика на натамошен напредок.

Read More

Британскиот премиер Риши Сунак го бранеше започнувањето на официјална истрага за справување со пандемијата на Ковид како „вистински начин“ за собирање детални информации за ова прашање, по протекувањето на комуникациите на поранешниот министер за здравство Мет Хенкок до јавноста, јави ДПА.Сунак ја повика јавноста да се дистанцира од „фрагментарни информации“, осврнувајќи се на повеќе од 100.000 мејлови испратени преку апликацијата ВатсАп (WhatsApp), предадени на Дејли Телеграф. Хенкок размислува да поведе правна постапка додека се обидува да ги отфрли тврдењата дека додека бил министер за здравство одбил да воведе услов за тестирање на коронавирус за лицата во болници или старечки домови.…

Read More

Пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ Политичарите од власта заслужуваат жестока критика кога напаѓаат, квалификуваат, навредуваат или им се закануваат на новинарите и медиумите. Но, иста таква критика заслужуваат и политичарите од опозицијата, кога го прават истото! Последен таков пример се квалификациите на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски за одредени новинари и медиуми.  За жал, гледаме дека дел од јавноста и професионалните медиумски организации молчат за овие напади. И овој пример покажува дека отсуствува професионалната солидарност и конзистентост во критикувањето на притисоците кон медиумите што доаѓаат од политиката. Некои се гласни кога овие притисоци доаѓаат од владејачките партии, а молчат за притисоците од…

Read More

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред два дена побара извинување од дел од медиумите поради тоа што објавија дека купил и реновирал куќа во Козле во вредност од еден милион евра. Мицкоски има споделено фотографии од медиумите со веста и порача дека доколку тоа не го сторат ќе ја бара правдата преку судски процес со закани за тужби.

Read More

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, денеска во Брисел оствари средба со директорот на Директоратот за истражување, технолошки развој и иновации на Европската Комисија Марк Лематрие, на која двајцата соговорници зборувале за чекорите кои Северна Македонија ги презема за поттикнување на инвестициите и вложувањето во истражување и развој, што, како што истакна вицепремиерот Битиќи, е исклучително важно за постигнување на посакуваниот развој во економијата но и во целокупно унапредување на општествените процеси.

Read More

Кога веќе имаме комплетиран состав на Владата, како што веќе најавив јавно, подготвени сме на повторно издавање еврообврзница со тие услови што ќе важат на пазарот, но со најсоодветна процедура, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

Read More

По изборот на заменици на министри ќе се комплетира целосно новиот состав на Владата, но пред сите нас ќе се отвори една сериозна обврска – да донесеме зрели одлуки што ќе ги осигураат перспективите на земјата, истакна пред пратениците премиерот Димитар Ковачевски како предлагач на замениците министри во неговата Влада.

Read More

Државната изборна комисија на Црна Гора на денешната седница ја потврди претседателската кандидатура на лидерот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) и актуелен претседател Мило Ѓукановиќ.

Read More

ЕУ и САД очекуваат лидерите на Белград и Приштина утре во Брисел да го прифатат европскиот предлог како принцип, појдовна точка за целосно, правно обврзувачко решавање на односите меѓу двете страни и да почнат да работат како да го спроведат во рок од неколку месеци, а во исто време неизбежното формирање на Заедницата на српските општини (ЗСО), јави Бета.

Read More