Author: Marta Pesevska

Вкупниот проток на странски директни инвестиции за 2023 година, според Народната банка, изнесува 616,72 милиони евра, со што изминатата година е втора најдобра година за странските инвестиции во историјата. Доколку се погледнат податоците низ години, од 2006 до 2016 година, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, вкупните странски директни инвестиции достигнаа 3.024,25 милиони евра или во просек 274,93 милиони евра годишно. За споредба, во перидоот од 2017 до 2023 година, по доаѓањето на власт на СДСМ, вкупниот проток на странски директни инвестиции е 3.237,03 милиони евра или во просек околу 462,43 милиони евра за секоја од последните седум години. Вицепремиерот…

Read More

„Мислам дека на сите ви е веќе јасно дека огромно мнозинството од членството на ВМРО-ДПМНЕ е про-руски, словенофилски и суверенистички ориентирано, и непријателството со Русија им пречи“ пишува на социјалните мрежи Зоран Јовановски, активист на ВМРО-ДПМНЕ. Споделувајќи фотографија со член на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Ѓорѓиевски, Јовановски истакнува дека доколку дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт про-руската ориентација ќе се види и кај раководството на партијата. Јовановски исто така наведува дека Ѓорѓуевски бил про-руски ориентиран Дугинист, кој сака во земјава да основа огранок на организацијата ARKTOS, која е позната по објавување дела на радикални десничарски автори. Силното про-руско влијание…

Read More

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска учествуваше на дебата насловена „Иднината на НАТО и Балканот: Искуства од Естонија” на која стана збор за пренесените естонски искуства во време на руската инвазија на Украина, потребата од заедништво во справувањето со хибридните закани и зацврстувањето на колективната безбедност на НАТО како Алијанса базирана на вредности и принципи. Петровска во своето излагање се осврна на хибридните закани со кои се соочуваат сите земји од регионот и Алијансата, при што порача дека само ако сме координирани и заеднички изградиме општества отпорни на дезинформации, можеме да се справиме со оваа хибридна закана. „Свесни сме за…

Read More

„Денес беа исплатени повисоките плати во согласност со Колективниот Договор кој почна да се применува од 1.1.2024 година. Синдикатот е задоволен од постигнатиот историски успех – враќање на угледот и достоинството на УКИМ и подобрување на стандардот на вработените со добивањето на достојни плати. Почитувањето на Колективниот договор од страна на државата е израз и потврда на загарантирана со Уставот, Автономија на Универзитетот. Но, и поттик и обврска за наставниот кадар за поголеми научни вложувања и достигнувања во иднина. Со правата добиени од Колективниот договор академската фела си го враќа заслуженото место во нашето општество и дигнитет како предводник на…

Read More

Пред изборите во 2020 година, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на граѓаните им ветуваше подобар животен стандард и минимална плата од 18 илјади денари, а просечна плата од 32 илјади денари до крајот на мандатот, односно до 2024 година. Според тогашните изјави на Мицкоски, изводливо било покачување на минималната плата на 18 илјади денари до крајот на мандатот, а просечната плата рече дека би ја зголемил за 25 отсто на 32 илјади денари. За среќа, на власт во 2020 година остана СДСМ, па ваквите најави и проценки на Мицкоски останаа неостварени, бидејќи и минималната и просечната плата пораснаа значително…

Read More

Единствениот пазар на труд на Отворен Балкан, чии членки се Северна Македонија, Србија и Албанија, започнува утре, 1 март, што значи дека сите граѓани на овие држави со наједноставна процедура ќе можат да се вработат во која било од земјите од оваа иницијатива, јави дописникот на МИА од Белград. Како што информира Стопанската комора на Србија (ПКС), еден од првите што доби Oтврен Балкан ИД, електронски сертификат кој му овозможува да работи во која било земја на Отворен Балкан, е претседателот на ПКС Марко Чадеж. – Од 1 март оваа година, граѓаните на Србија, Албанија и Северна Македонија конечно ќе…

Read More

Членовите на рок-групата Битлси насликале психоделична слика. Истата ја чувале во јапонска хотелска соба. Нејзиното создавање означувало момент на смиреност во бурно време. Ова единствено уметничко дело се продава на аукција во Њујорк од 1-ви февруари, пренесува Би-Би-Си.

Read More

За време на самитот „Украина – Југоисточна Европа“ во Тирана, претседателот Володимир Зеленски и премиерот на Република Северна Македонија Талат Џафери потпишаа Заедничка декларација за евроатлантските интеграции на Украина, соопштија од Кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Во документот се забележува поддршката на Северна Македонија за евроатлантските аспирации на Украина и поканата на нашата земја во НАТО кога ќе се исполнат соодветните услови. М. П.

Read More

„Постојат многу анекти во текот на изминатиот период, анкети постоеа и во 2020 година. Секоја политичка партија кога настапува на изборите настапува со доза на оптимизам што е и нормално, бидејќи кој е тој што ќе настапи со песимизам на изборите. На пример јас се сеќавам на опозицијата која во 2020 година излегуваа анкети на кои водат 7%, 8% вие се сеќавате, за да на крајот СДСМ и коалицијата издвојуваа победа. Овој пат ќе биде исто така. Стево Пендаровски или кандидатот кој ќе го утврди конгресот на СДСМ, јас не можам да зборувам во име на целиот конгрес на СДСМ…

Read More

Руски воени авиони го бомбардираа Купијанск во областа Харкив, при што загинаа двајца жители, меѓу кои и еден свештеник, додека една жена беше повредена. Можно е да има повеќе повредени лица,  во моментот се работи за расчистување на урнатините, објави на Телеграм Олех Сињехубов, шеф на регионалната воена управа во Харков. пренесува Укринформ.

Read More

Извештајот на Европскиот парламент за проширувањето на ЕУ и реформите потребни за да се направи блокот способен да прифати нови членки укажува дека пристапот во Унијата секогаш мора да се заснова на заслуги, истовремено повикувајќи ги европските институции и членките на ЕУ да се реформираат и обезбедат дека отсуството на нивните реформи не го одложува приемот на нови членки. Во однос на Извештајот за продлабочување на интеграцијата во ЕУ со оглед на идното проширување, за штој ќе се расправа вечерва, а ќе се гласа утре, се нагласува дека секоја земја на патот кон ЕУ треба да се оценува врз основа…

Read More

Првиот заменик претседател на техничката Влада за европски прашања Бојан Маричиќ денеска учествува на состанокот на вицепремиери и министри за европски прашања на Западен Балкан во Тирана каде во тек е лидерскиот самит за проширување на ЕУ, соопштија од Секретаријатот за европски прашања. Состанокот се одвива во повеќе сесии, кои ќе бидат посветени на различни теми поврзани со Планот за раст на Западен Балкан. Средбата, се наведува во соопштението, ја отворила Мајлинда Дука, државна министерка и главен преговарач со ЕУ. Првата сесија „Патоказ за новиот план за раст за Западен Балкан“, била предводена од Герт Јан Копман, генерален директор на…

Read More