Author: Marta Pesevska

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска пристигна во Јужна Кореја како дел од турнејата чија цел е зајакнување на врските со американските сојузници во услови на војна во Украина и растечкото ривалство со Кина, а во понеделник ќе ја посети Јапонија.

Read More

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ Понекогаш ми се чини дека триесет години седам на исто место, во иста кафеана, со исти луѓе. А не е така. Шетам, менувам кафулиња и ресторани, но промената на објектите не ми го менува впечатокот дека не се мрдам од место. Седнувам со различни луѓе, во вакви и онакви друштва, но со сите правам ист муабет. И тие секој ден си ја подгреваат вчерашната манџа од познати работи. Кафеанскиот муабет е автоматизиран и бескрајно банализиран. Без најмали траги од мисли. Кога ќе се обидам да кажам нешто паметно сите почнуваат да си гледаат во куровите или ја викаат…

Read More

Според Канцеларијата на Народниот правобранител на Украина, се верува дека околу 14.578 деца биле депортирани од Украина во Русија од почетокот на целосната инвазија. Русија ги крши основните принципи за заштита на децата во време на војна со тоа што на украинските деца им дава руски пасоши и ги става на посвојување, изјави шефот на Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР), Филипо Гранди во интервју за Ројтерс.

Read More

Шефовите на дипломатиите на Хрватска и Србија, Горан Грлиќ Радман и Ивица Дачиќ ги договорија чекорите што треба да се преземат за подготовка на нивната билатерална средба, чија цел е да се намалат разликите во ставовите за минатото и отворените прашања, како соработка која е во интерес на двете земји.

Read More

Од вчера попладне повторно е ставен во функција блок 1 на РЕК Битола, постројката беше синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем во 17:43 часот и испорачува електрична енергија, соопштува АД ЕСМ.

Read More

Веќе е дојдено време да ја отвориме дискусијата за потребата од дополнителна работна сила на пазарот на труд, порача вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на гостувањето во емисијата Zoom in на регионалната телевизија Bloomberg Adria каде говореше за потребата за увоз на работна сила како неминовно решение за недостигот на работна сила со која се соочува нашата земја.

Read More

Руската Федерација е еден од факторите на кои од интерес им е да се одржат живи конфликтите во овој регион, со цел полесно да може да се манифестира влијание. Па така и последната ескалација меѓу Бугарија и Северна Македонија ќе биде добредојдена за многу трети фактори, коишто ќе видат шанса тука да се одржи еден перманентен конфликт, изјави министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи во интервјуто за Радио Слободна Европа. За најавите за организирана посета на Бугари во Скопје на роденденот на Гоце Делчев на 4 февруари, кои Советот за безбедност го оцени како настан од висок безбедносен ризик…

Read More

Има надворешни фактори кои не сакаат Бугарија и Северна Македонија да бидат во добри односи. Тоа се оние луѓе кои не сакаат РСМ да биде дел од Европската Унија. Тоа се оние луѓе кои не сакаат нашата држава да има влијание бидејќи ставањето вето значи дека Бугарија нема пријатели на Балканот, во ЕУ, вели европратеникот Илхан Ќучук во интервју за „БТВ“.

Read More

Ракот на грлото на матката е четврт најчест канцер кај жените, со над 600 илјади нови случаи во светски рамки. Во нашата држава, во просек секоја година 150 жени заболуваат, а 20 жени ја губат битката со оваа болест. Само со сеопфатен пристап на превенција, прегледи и лекување може да стави крај на карцином на грлото на матката како јавно здравствен проблем во само неколку генерации.

Read More