Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
ЗОРАН БОЈАРОВСКИ Сметам дека дури ни иницијаторите и лидерите на Отворен Балкан Вучиќ, Рама и Заев не беа свесни какви придобивки ќе донесе оваа иницијатива за граѓаните во земјите западно од источната Стара Планина, односно Балкан.
Европскиот суд за човекови права денеска објави дека може да суди по тужбите поднесени против Русија од страна на Холандија и Украина за наводно кршење на човековите права во источна Украина во 2014 година, вклучувајќи го и соборувањето на малезискиот патнички авион MH17.
Министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков попладнево изјави дека бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов ќе остане надвор од Северна Македонија се додека, како што рече, Софија не види знаци на промена.
Агенцијата на Обединетите нации за култура – УНЕСКО денеска соопшти дека го прогласила Историскиот округ Одеса за светско наследство во опасност.
Најмалку две лица се убиени, а пет се повредени во нападот со нож во воз во северна Германија, објави германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на портпарол на федералната полиција.
Премногу значење му се дава на европратеникот Џамбаски кој досега беше казнет парично поради своите фашистички погледи, неговата партија не можеше четири пати да се избори за влез, истакна новинарот Зоран Иванов во емисијата „Аргумент плус“ на 24ТВ.
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ го отвори денешниот билатерален скрининг за Поглавје 7, „Право на интелектуална сопственост“, на кој истакна дека создавањето поволна средина за водење бизнис на внатрешниот пазар е главна цел на регулативите на ЕУ кои ги спроведуваме во областа на правата на интелектуална сопственост.
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска одржа работен состанок со естонскиот експерт Раул Каидро и претставници од Министерството за внатрешни работи, на кој беа анализирани натамошните чекори за воспоставување на електронски идентитет за секој граѓанин во Република Северна Македонија врз основа на Планот за воспоставување на национален електронски идентитет со План за реализација, што беше усвоен на вчерашната владина седница.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски утре, четврток 26.01.2023 година, ќе присуствува и ќе се обрати на отворањето на меѓународниот саем АГРО Белград 2023.
Од човек кој не знаеше што е ” Отворен Балкан” , лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека еден таков процес ќе ни помогне да излеземе од овој вител трите државо заедно, без поголеми последици. Тој ова го вели во интервју за белградска “Политика“, одговарајќи на прашањето-дали е ова шанса за мир меѓу малите држави, како Македонија и Србија, кои заедно со Албанија припаѓаат на иницијативата „Отворен Балкан“? Но ова не е првпат. Тој во интервју за истиот медиум во ноември 2021 исто така рече дека за поздравување е секоја иницијатива која ќе демонстрира зближување на народите, а дека “Отворен Балкан”…
Во организација на Хрватската влада и Хрватската народна банка (ХНБ), во Националната и универзитетска библиотека (НСК) се одржа конференцијата „Хрватска – 20-та членка на еврозоната“, која беше отворена со воведни говори на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и Комесарот за трговија при Европската комисија, Валдис Домбровскис.
Групата Г-7 и другите партнерски земји денеска се обврзаа дека ќе продолжат да го поддржуваат енергетскиот сектор на Украина, вклучително и со снабдување опрема и друга хуманитарна помош во текот на зимата. Ова го соопшти американскиот Стејт департмент, по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од групата.