Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Осомничени екстремисти киднапирале 50 жени во Арбинда, на северот на западноафриканската земја Буркина Фасо, објавија денеска локалните претставници и жителите на тоа место, во кое редовно има насилство.
Штрајковите во Велика Британија ќе се интензивираат, бидејќи наставниците се подготвуваат да прекинат со работа, пишува „Сандеј тајмс“, а медицинските сестри предупредуваат дека би можеле во феруари да штрајкуваат во двојно поголем број.
Второ од осумте сценарија за Северна Македонија во 2023 година. Сите сценарија се засновани на лични перцепции и проценки, НЕ се врз основа на конкретни изјави и сознанија. ЏАБИР ДЕРАЛА Линк до Сценарио 1/8 На предвремените парламентарни избори во мај победува радикализираната опозиција. Најголем дел од приговорите за изборни нерегуларности ги поднесува Левица, но повторно забораваат да стават печат, така што ДИК им ги одбива сите. ПАД НА ДЕСНАТА ЛЕВИЦА И ПОДЕМ НА МАКСИМ Ултра десната Левица мора да се помири со само еден пратеник, партискиот шеф. Причина за тоа е што голем дел од гласачите на Левица му ја…
Папата Франциск во денешното обраќање до верниците ги повика сите христијани да присуствуваат на заедничка молитва на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, што ќе се одржи во септември.
Околу 70 полицајци се повредени во судирите со илјадници демонстранти за заштита на животната средина кои се спротивставија на проширувањето на рудник за јаглен во западна Германија, соопшти денеска германската полиција.
„Билд“: „Рајнметал“ може да и испорача обновени тенкови „Леопард 2“ на Украина најрано идната година
Германскиот производител на оружје „Рајнметал“ би можел да и испорача на Украина обновени борбени тенкови „Леопард 2“ најрано во 2024 година, изјави денеска извршниот директор на таа фабрика.
Најмалку пет лица загинаа, а 15 се повредени денеска при бомбашки напад врз протестантска црква во градот Касинди во источната Демократска Република Конго.
Албанската министерка за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, реагираше на изјавата на британскиот министер за емиграција, Роберт Џенрик, кој изјавил дека „Албанците-криминалци треба да се истераат од Обединетото Кралство“.
ЏАБИР ДЕРАЛА Северна Македонија е фатена во вителот на внатрешни и регионални кризи. На внатрешен план, радикалната опозиција, несреќна поради бројните политички неуспеси, ја радикализира својата реторика, а потоа почнува и да дејствува радикално. Тензиите меѓу Македонците и Албанците се простор во кој националистите најдобро се снаоѓаат. Затоа, радикалната опозиција организира насилни протести и со сите сили се обидува да го пресели политичките тензии на меѓуетнички план. НАЦИОНАЛИСТИЧКА ПРОПАГАНДА Кон средината на годината, веќе одамна започнатата националистичка пропаганда добива замав, а политичката криза сѐ повеќе добива карактер на криза во меѓуетничките односи. Состојбата ескалира во текот на пролетта. Етнички мотивираното…
Мобилните тимови на Царинската управа вчера на граничниот премин Деве Баир запленија 60 килограми опојна дрога марихуана, наменета за европскиот пазар. Со ова, како што соопштија од Царинската управа, спречен е меѓународен канал на нелегална трговија со дрога. Вредноста на запленетата дрога на нелегалниот пазар се проценува од 240 до 300 илјади евра. -Во попладневните часови на излез од државата, мобилните тимови од Одделението за оперативни работи од Секторот за контрола и истраги, при вршење на царинска контрола на автомобил со романски регистарски ознаки управувано од романски државјани, пронајде опојна дрога марихуана со вкупна тежина од 60 килограми. Опојната дрога е пронајдена…
По остварената посета на министерот за надворешни работи Бујар Османи на Пустец и Голо брдо, на крајот на август, како и заклучоците на Владата на Република Северна Македонија кои уследија како директен резултат на посетата, денес беше упатен првиот дел од помошта за Македонците во Албанија. Ученички ранци, училишен прибор за повеќе од 130 ученици и печки на дрва, се донација на Министерството за образование и наука, соодветно на потребите на училиштата каде настава поаѓаат припадници на Македонското национално малцинство. – Посебно сум задоволен што денес успеавме да реализираме прв дел од помошта за Македонците од Албанија, за која лично…
АД ЕСМ вчера произведе 18.543 мегават часа електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.