Author: Marta Pesevska

Медиазона е независна руска новинска куќа, во соработка со сервисот на Би-Би-Си на руски јазик и десетина анонимни доброволци во Русија, составува список врз основа на информации од извори како написи во весници, фотографии на надгробни споменици, објави на војници кои тагуваат за своите соборци, па дури или дојави од роднини кои сакаат нивните најблиски да бидат вклучени во црниот биланс. Списокот веќе надмина 10.000 имиња, вклучително и повеќе од 400 Руси кои беа регрутирани во септември и октомври. „Ако руската влада не ги брои руските жртви, тогаш некој мора да го стори тоа“, изјави за Њујорк Тајмс Дејвид Френкел, еден од четворицата…

Read More

Предлог-буџетот за 2023 година оваа недела треба да биде ставен на пленарна седница пред пратениците во Собранието откако комисијата за финансирање и буџет минатиот понеделник ја заврши амандманската расправа каде беа разгледани поголем дел од амандманите поднесени од опозицијата, кои главно се однесуваа на изградба на регионални и локални патишта и водоснабдителни системи. Министерството за финансии прифати неколку амандмани, но во видоизменета форма, а дел од предлагачите ги повлекоа своите амандмани, но можни се нови блокади од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ бидејќи и самата расправа на комисјата траеше долго бидејќи тие предложија најголем дел од 263-те амандамани, меѓу кои беше…

Read More

ЏАБИР ДЕРАЛА СДСМ одржа вистински мултимедијален спектакл во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, со што го заокружи караванот трибини со мотото „Силно и одлучно кон иднината“. Целиот настан обедини повеќеслојни и повеќезначни пораки и симболи на различни адреси. И самиот датум на одржување на настанот е симболичен – земјава доби кандидатски статус за членка на ЕУ на 17 декември 2005 година, како што во претходна изјава дента потсети вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ. Планерите на настанот имале многу работа да ги спојат симболите и пораките во една голема и складна целина, користејќи ги сите средства да му помогнат на СДСМ да…

Read More

Македонската верзија на „Insieme/Заедно“ од Тото Кутуњо (Евросонг, Загреб, 1990) е дел од Иницијативата за општествено и политичко обединување за европската иднина на нашата земја. Подготовките за Иницијативата започнаа кон крајот на ноември, а неполн месец дена потоа, македонската музичка сцена се збогати со нов и популарен хит. Самата Иницијатива, пак, за неполни три дена по повикот до политичките партии, доби поддршка од повеќе политички лидери во земјава. Успех кој не беше ни во најдобрите сценарија на тимот на Цивил. Цивил упати јавен повик, кој сѐ уште трае, до сите политички партии да ја поддржат иницијативата за општествено-политичко обединување за европска…

Read More

Војната во Украина, но и загриженоста за долгорочните закани од Русија и Кина, предизвикуваат силен притисок за зајакнување на капацитетите на САД за производство на оружје, пишуваат аналитичарите на Њујорк Тајмс. Изгледите за растечки воени закани и од Кина и од Русија ја поттикнуваат поддршката за зголемување на трошоците на Пентагон. Тоа претставува уште еден потенцијален бум за производителите на оружје, кој најверојатно ќе се прошири надвор од границите на војната во Украина. Американскиот конгрес е на пат да даде конечно одобрување на националниот воен буџет за тековната фискална година, кој се очекува да достигне 858 милијарди долари – или…

Read More

Меѓународната федерација на новинари (IFJ) неодамна го обнови својот повик до меѓународната заедница за конкретна акција за заштита на безбедноста и слободите на новинарите, бидејќи се бележи скок на бројот на новинари убиени или затворени во текот на 2022 година.

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Овче Поле присуствуваше на започнувањето на изградбата на 110 kV далекувод ТС Велес-ТС Овче Поле, соопшти владиниот прес сервис. Со овој далекувод се зајакнува квалитетот на преносливоста, стабилноста и се намалуваат загубите на високонапонска електрична енергија што е од огромен јавен интерес во услови на глобална енергетска криза.

Read More

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ „За оние кои беа маргинализирани од владеењето на разумот (владеење кое постои барем од времето на Платон) постмодерната критика може да биде ослободувачка. Таа ги открива измамите на сите големи наративи и со тоа нѐ ослободува да ги создаваме нашите индивидуални и колективни животи, да ги артикулираме сопствените гласови…“ Во книгата „Отаде постмодерната политика“ (превод на Вангел Ноневски) авторката Хони Ферн Хејбер, професорка од Денвер, Колорадо, ги анализира филозофиите на Лиотар, Рорти и Фуко, но, за оваа прилика јас одбрав оваа нејзина теза во која самата се сомнева и се прашува: „Дали е така?“ Јас мислам дека одговорот…

Read More

Иранската актерка Таране Алидости, ѕвезда на филмот награден со Оскар „Патувачкиот продавач“, беше уапсена во Иран, каде протестите за правата на жените постепено се претворија во бунт против режимот кои траат веќе четврти месец. Позната по улогите во филмовите на иранскиот режисер Асгар Фархади, Алидости е исто така активистка за правата на жените и постојано ги поддржуваше протестите на Инстаграм кои беа поттикнати од смртта на младата Махса Амини, која беше убиена на 16 септември, откако била приведена поради непрописно носење хиџаб.

Read More