Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Четиринаест пратеници поднеле амандман на Буџетот за 2023 година со кој „се предлага да се обезбедат средства во висина од 92.400.000 денари за изградба на модерно училиште со енергетски ефикасна градба „Димитар Макеонски“ во населба Лисиче.“ Но, училиштето е веќе изградено, за што се пофали и градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски на 01.02.2022 година: „Од денеска учениците ќе можат да бидат во една топла атмосфера тука да ги поминуваат своите училишни денови.“ „Господа пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, знае ли потпретседателот на вашата партија Тимчо Муцунски, дека барате средства за изградба на училиштето кое тој свечено го пушти во употреба на…
Амбасадата на Украина во Северна македонија сподели видео од почетокот на кампањата „Генератори на надеж“ за помош на 10 милиони Украинци кои на почетокот на зимата останаа без електрична енергија порати руските терористички напади на врз електричната инфраструктура во Украина. Европските градови се здружуваат во пружање практична помош на Украинците со донирање генератори за струја за да се донесе енергија и чиста вода до болниците и луѓето во Украина. Преку видеото се повикуваат сите градови и населени места во Европа да се придружат на кампањата „Генератори на надеж“ Подготви: Д. Мишев Извор: ЦивилМедиа
Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог против 33-годишен скопјанец кој се товари за кривично дело „насилство“. -На 29.06.2019 година, обвинетиот во група со повеќе други засега неидентификувани лица, извршиле малтретирање, грубо навредување и грубо насилство врз едно лице. Делото било сторено од омраза заради сексуалната ориентација и припадност на оштетениот кон ЛГБТ заедницата, се наведува во денешното соопштение од Јавното обвинителство. На наведениот датум, по завршување на „Парада на гордоста“ во Скопје, како што стои во соопштението, оштетениот со уште неколку други лица се враќале од ручек на Матка. Кога тргнале да си одат биле…
„Штип и македонскиот исток многу добро знаат колку е значајно инвестирањето во патната инфраструктура. Речиси и да нема патна врска која не е обновена во источниот регион благодарение на развојните политики на СДСМ“ изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Штип. Тој додаде дека е довршен автопатот Штип-Кочани,направен експресниот пат Штип-Радовиш вреден 64 милиони евра, патот од Три Круши до Штип, клучната на влезот во градот, транзитниот правец, експресниот пат Штип-Крупиште итн. „Денеска бев на увид на експресниот пат од Крупиште до Кочани којшто е во завршна фаза. Вредноста на овој проект е 18 милиони…
„Минималната плата ја покачивме двојно, од 8.000 денари во време на ВМРО-ДПМНЕ, на 18.000 денари. Штип е работнички град. Ние парите ги насочуваме кон работниците, а ВМРО-ДПМНЕ ги смешате за евтина работна рака која треба да се искористи. Знам дека работниците по македонските конфекции најдобро знаат што значи оваа разлика, што значи да се цени и почитува нечиј труд“ изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Штип. Тој додаде дека со буџетот за наредната година и економскиот план, Владата тргнува во офанзива, конечно да ја победиме кризата, да почнеме да растеме и да го зголемиме…
Големо благодарам за тетка Лепа и чичко Раде за срдечниот пречек и за дружбата. Поразговаравме за тоа како е пензионерскиот живот, за стандардот, за тоа како ја поминуваат оваа тешка кризa, соопшти премиерот Димитар Ковачевски на фејсбук. Знам дека не е лесно, особено за пензионерите. Но, тие никогаш нема да бидат оставени сами да се справуваат со кризата. Годинава ја зголемивме пензијата, наредна година ќе се зголеми пак, за тоа и се погриживме да има пари во новиот буџет. Но поважно е што системски се поставивме и како што ќе растат трошоците, така ќе растат и пензиите. Сите ние сме…
На што се темели оптимизмот дека 2023 за граѓаните ќе биде подобра? – Ако ги погледнете сите економски политики кои што државата ги прави, ние само во 10 месеци од мандатот на мојата Влада имаме зголемување на минималната плата на 18.000 денари, зголемување на пензиите од 10% досега и со новот зголемување коешто ќе следува во март идната година уште 6% тоа ќе биде најголемо историско зголемување на пензиите за 16%, какво што досега се нема случено, изјави премиерот Димитар Ковачевски како одговор на новинарско прашање. – Истото ќе биде и со минималната плата која заради методоголијата која ја…
Бразил во натпреварот против Швајцарија во рамки на второто коло во групата Г на Светското првенство 2022 ќе биде без услугите на Нејмар и Данило поради повреди, соопшти лекарскиот тим на Кариоките. Докторот Родриго Ласмар појасни дека Нејмар на дуелот од првото коло против Србија ги повредил лигаментите во скочниот зглоб, а со слична повреда на истиот натпревар се здобил и Данило. – Тие двајца играчи нема да ги имаме на располагање на следниот натпревар, но тие продолжуваат со процесот на рехабилитација со цел да бидат подготвени за продолжение на турнирот, посочи Ласмар во видеопорака која ја објави Фудбалската федерација на Бразил.…
„Оваа година се потпишни нови 277 договори за поддршка со компании кои влегуваат во инвестициски циклуси од околу 145 милиони евра и ќе креираат повеќе од 3.700 работни места во наредните 5 години или до завршувањето на нивните договори. Само во 2021 година овие 277 компании, инвестирале околу 50 милиони евра и креирале над 1.500 нови работни места“ изјави премиерот Димитар Ковачевски при посетата на компанијата „Актива“ во Штип. Тој додаде дека преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите во изминатите пет години, колку што се спроведува оваа мерка, склучени се договори за поддршка со 630 компании со што Владата…
„Во овој период на тешка економска криза домашните капацитети за производство на основни прехранбени производи меѓу кои и маслото за јадење, се ставени во полн капацитет, а мерките кои што беа донесени од Владата имаат за цел да се избегнат ценовните шокови и да се заштитата граѓаните“ изјави премиерот Димитар Ковачевски при посетата на фабриката за производство на масло за јадење „Брилијант“. Тој додаде дека во таа насока се и одлуките на Владата за повластена тарифа на електрична енергија, пониска од берзанската, за компаниите кои произведуваат основни прехранбени продукти. „ Од 1 декември оваа година треба да ги видиме првичните…
Пишува: ЗОРАН БОЈАРОВСКИ Најавата за иницијативата во Собрание за укинување на членот 102 од Законот за аудио и аудио-визуелни услуги за да се се овозможи медиумска афирмација на кампањите од јавен интерес, го отвори прашањето дали, ако за бришење на „102“ веќе има договорено двотретинско мнозинство, зошто тоа обезбедено мнозинство не се искористи и да се направи конечно избор на новите состави на Програмскиот совет на Националната радио-телевизија (НРТ) и на Советот на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни услуги (ААВМУ). На 21 ноември светот го одбележа Светскиот ден на телевизиите. Не дека нешто одбележувањето на овие „светски денови“ многу ги потресува луѓето, но често…
Пишува: ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА Откако академик Коцарев ги злоупотреби застарениот концепт „природно право“ во национал-етничка смисла, небаре националноста е нешто природно и Декларацијата за човекови права, непримерно контрастирајќи ги во насловот со емотивно-манипулативното „неприродна сервилност”, а во текстот – со поимот „позитивно право“, и тоа, без вистинското значење на позитивното право, ред е на контрола на квалитетот на ваквата „храна“ за умот. Навистина, никој човек на светов, не само ние, Македонците, не заслужува да конзумира вакви рецепти зачинети со „вечни“ болви (за чалам, ги нарекува „категории“), патријархални крокодили (на Антигона и светците) и бубашваби на „обезличувања“. Позитивното право, академикот го заматува…