Author: Marta Pesevska

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, утре ќе престојува во прва официјална посета на Кралството Саудиска Арабија, на ниво на министри за надворешни работи. За време на посетата, како што соопшти МНР, Османи ќе оствари средба со Неговото Височество Принц Фаисал бин Фархан Ал Сауд, министер за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, како и со други високи официјални претставници на земјата. Целта на посетата е понатамошно унапредување на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Кралството Саудиска Арабија, со посебен фокус на соработката во областа на економијата, туризмот и бизнис релациите меѓу двете земји. Извор: МИА

Read More

„Втората фаза од изградбата на експресниот пат Штип-Кочани во должина од 13,75 километри наскоро ќе биде готова и ставена во функција. Градежните работи се одвиваат со задоволителна динамика за овој период од годината, и до овој момент имаме 96% реализација“ рече премиерот Димитар Ковачевски при увид на работата на патот Крупиште-Кочани. Тој рече дека патот е со висок квалитет на градба и со дозволена максимална брзина од 110 километри на час. „Првата фаза Штип – Крупиште во должина од 14,30 километри е завршена во 2020 година и е веќе во функција. Со изградбата на експресниот пат се овозможува брзо и…

Read More

„Изградбата на патиштата е стратешки приоритет на кој остануваме целосно посветени. Изминативе пет години, Владата изгради патишта во должина од околу 1.300 километри, значи двојно повеќе од претходниот десет годишен период, кога биле направени само околу 650 километри“ изјави премиерот Димитар Ковачевски при уводот на работите на патот Крупиште-Кочани. Тој додаде дека модерната патна инфраструктура е важна и за граѓаните и за компаниите, но и за новите инвеститори кои отвораат нови и подобро платени работни места. „Изградбата на современа патна инфраструктура во земјата е еден од приоритетите на оваа Влада. Како и во изминатите години. И во време на пандемија…

Read More

Фудбалерите на Австралија го совладаа Тунис попладнево во Ал Вакра со 1-0 (1-0) во воведниот натпревар од второто коло во групата Д на Светското првенство 2022. Австралијците поведоа во 23 минута со голот на Мичел Дјук  што на крајот се покажа како довелен за нивна премиерна победа. Во првото коло Австралија загуби од актуелниот светски првак Франција со 4-1, додека Тунис ремизираше без голови против Данска. Второто коло во групата Д ќе се комплетира вечерва со дуелот меѓу Франција и Данска со почеток во 17 часот. Извор: МИА

Read More

Објектот на месната заедница Тафталиџе, популарно наречен „Домче“  во првите години од своето постоење послужил за сместување семејства чии домови биле разурнати од земјотресот во Скопје во 1963 година. Потоа, во  просториите на домчето се сместило Културно-уметничкото друштво „Цветан Димов“. Во еден дел од објектот имало народна библиотека со голем фонд на книги, а некои од просториите преминале во своевидни сали за спорт и рекреација. Жителите од околината го користеле за секојдневни активности при исполнување на својот маалски живот, играле пинг- понг, посетувале часови по ора и танци, учевствувале во музичкиот клуб, но имале и неформални дружења внатре и во…

Read More

Американската влада забранува продажба и увоз на комуникациски уреди направени од кинески производители на паметни телефони и добавувачи на мрежна опрема Huawei и ZTE, нагласувајќи дека тие претставуваат неприфатлив ризик за националната безбедност, објави американскиот телекомуникациски регулатор FCC. „Како резултат на нашата наредба, ниту една нова опрема на Huawei или ZTE не може да биде одобрена“, напиша комесарот на FCC, Брендан Кар на Твитер. Постои и можност за одземање на постојните одобренија, додаде тој. Тоа е „првпат во историјата на FCC“ да се забрани одобрувањето на нови уреди поради загриженост за националната безбедност, напиша тој. Одлуката не е изненадување, јави…

Read More

Репрезентациите на Англија и САД одиграа нерешено во натпреварот од второто коло од групата Б на Светското првенство 2022 година. Средбата на стадионот „Ал-Бајт“ во Ал Хор заврши со резултат 0:0. Во текот на целиот натпревар Англија упати три удари кон противничкиот гол, САД – еден. Англија никогаш не ги победила САД на официјални натпревари. Тимовите се сретнаа двапати на светските првенства (1950, 2010) – тимот на САД победи еден натпревар, вториот заврши нерешено. Англиа е лиде рна табелата во Б-групата со четири бода, Иран е втор со три, САД имаат два, Велс еден. Следниот натпревар Англија го игра на…

Read More

„Резултатите од антикризните мерки се видливи и мерливи. Со антикризните мерки ја спасивме македонската економија, го поддржавме стандардот на граѓаните, компаниите, ранливите граѓани кога беше најпотребно. На многу економски посилни земји им се случи финансиски пад, погледнете една Британија на пример“ рече премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Тетово. Тој додаде дека во исклучително тешки околности Владата успеа да го одржи буџетот стабилен, да не крахира, да се одржи енергетскиот систем и да се обезбедат храна, енергенси, греење и струја. „Цената на електричната енергија ја субвенционираме за 600.000 домаќинства и за 72.000 компании, да не…

Read More

„Заедно ќе успееме да ја поминеме зимата, заедно ќе успееме да ја пребродиме последната глобална економска бура и од наредната година ќе биде подобро. Нема недостижна цел. 2023 година е година за економска пресвртница, на нова надеж“ рече премиерот и претсеадтел на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Тетово. Тој додаде дека доколку во првите десет месеци борбата беше за држење на економската линија и борба со кризата, за наредната година, со новиот Буџет се тргнува во офанзива. „Конечно да ја победиме кризата, да почнеме да економски да растеме, да го зголемиме животот стандарди и да се погрижиме следната…

Read More

„Во Буџетот за 2023 година обезбедивме пари за нов раст на пензиите и платите. И да одговорам на прашањата од вашите сограѓани. Да, ќе растат пензиите и ќе расте и минималната плата.  Со новата методологија што заедно ја договоривме, новото зголемување е во март 2023 година. Пензиите ќе бидат зголемени за вкупно 16% за време на една календарска година за сите 330.000 пензионери“ рече премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Тетово. Тој додаде дека со економските политики за наредната година се става акцент и на капиталните инвестиции за чија реализација се предвидени околу 800 милиони…

Read More

На Клиниката за дигестивна хирургија, денеска беше направена првата трансплантација на црн дроб од починат донор, прва во историјата на македонското здравство. – Шеесетгодишен пациент со хронична болест на црниот дроб доби здрав орган од пациентка во мозочна смрт чие семејство вчера се согласи да ги донира органите. Покрај црн дроб, се вршат и трансплантации на бубрези кај двајца пациенти со бубрежна болест, објави на Фејсбук Министерството за здравство. Министерот за здравство Беким Сали, од свое и од името на целиот персонал, вклучен во трансплантациите се заблагодари на семејството на донорот и на нивната одлука да спасат не еден, туку…

Read More

„Преземањето на Левица од страна на Апасиев започна на 3 февруари 2019 година, кога на последната легална седница на централниот комитет, на која разговаравме за претседателските избори, Апасиев предложи Левица го поддржи претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ“ изјави Џејлан Велиу, поранешна членка на претседателството и една од основачките на Левица за меѓународниот левичарски портал „Јакобин“. Таа додава дека и неколку месеци претходно, Апасиев давал поддршка и изјави на десничарски иницијативи, без никаква консултација со партија, поради што се зголемила недовербата на членовите кон него. „Исто како и претходните предлози и предлогот за поддршка на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ не помина на…

Read More