Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
По повод Денот на сеќавање на Гладоморот (26 ноември), Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија во соработка со Собранието на Република Северна Македонија организираат изложба „Украина се сеќава, светот признава!”. Изложбата ќе биде отворена со воведни обраќања на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, Амбасадорката на Украина во Република Северна Македонија, Лариса Дир, заменик Народен правобранител на Република Северна Македонија, Јован Андоновски, член на Националниот сојуз на писателите на Украина и на Сојузот на писателите на Македонија, Вера Чорниј-Мешкова, деканот на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, проф. Ратко Дуев, претседателот на Заедницата на Украинците во Северна…
Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска и утре учествува на Седмиот регионален форум на Унијата за Медитеранот во шпанскиот град Барселона на покана на министерот за надворешни работи, Европска Унија и соработка на Шпанија, Хозе Мануел Албарес, јорданскиот заменик премиер и министер за надворешни работи Ајман Сафади и високиот претставник за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жозеф Борел. На состанокот на шефови на дипломатиите од 42 земји членки на организацијата, Османи утре ќе присуствува на свечениот чин на пристапување на Северна Македонија во Унијата за Медитеранот и по што активно ќе учествува во неговата работа како претставник…
Скопјани од понеделник со нови проблеми. „Слобода превоз“ почнува со штрајк и десет линии со кои тие оперираат нема да возат по градските улици – линии кои скопјани често ги користат за да стигнат до своите работни места или домови. Причина е лошата финансиска состојба на сопствениците на автобусите, бидејќи со месеци се без плата, а ЈСП не го подмирува долгот од околу еден милион евра кон „Слобода превоз“ . Откако не падна договор, превозниците преку тужба за директорот на ЈСП ќе го решаваат проблемот. Градот Скопје го раскина договорот со приватните превозници поради нехигиенски и неипсравни автобуси. Инаку пред…
„Наследивме заглавени проекти – ги одглавуваме. Нема поголем пример за тоа од автопатот, Кичево – Охрид. Недозволиво е со години проект да се реализира, тоа мора да го менуваме и го промениме. Затоа вчера бев на увид на градежните работи. Се гледа дека конечно нешто се работи, има напредок. Но, реков таму, ќе повторам и овде, роковите да се почитуваат и да се заврши целиот проект до јануари 2024 година“ изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Охрид. Тој додаде дека овој проект е од важно државно значење, но особено е важен за охридскиот регион,…
Од владиниот кабинет испраќаат сигнали дека е можно да ги отворат вратите за влез на Алијанса за Албанците. На прашањето во врска со евентуалното членство на АА во Влада, премиерот Ковачевски со одговор дека е подготвен за соработка со сите оние кои сакаат да ја видам Македонија во ЕУ. Ниту ДУИ не ја исклучува можноста АА да стане дел од Владата. Вицепремиерот, Артан Груби и министерот за надворешни работи, Бујар Османи велат дека сите проевропски сили се добредојдени во Владата, додавајќи дека има политички момент кој наметнува поширока соработка. „Сите сили кои ја поддржуваат европската интеграција на Северна Македонија треба…
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави „денес се чувствувам геј“ додека ги искара западните медиуми за давање „морални лекции“ за контроверзното Светско првенство во Катар, пренесува Индипендент. Во бизарен едночасовен монолог, Инфантино ги критикуваше критичарите на Светското првенство за лицемерие, тврдеше дека „никому не му е грижа“ за лицата со посебни потреби и го спореди своето детско искуство од малтретирање со страдањето на работниците и другите од рацете на Катарскиот режим. Катар е нашироко критикуван за искористување на илјадници работници мигранти, главно намамени од сиромашните делови на јужна Азија, за изградба на стадиони и инфраструктура за домаќинот на Светското првенство. Помеѓу мноштвото прекршувања на…
„Со двајцата основачи на компанијата ‘Органска буковка’ разговаравме за нивниот развоен бизнис план кој е навистина интересен. Со самото работење дошле на идејата за дополнителен производ, да се произведува чисто органска дехидрирана буковка со иновативна технологија. Развојот на овој нов производ е кофинансиран од средства на Фондот за иновации, што укажува на фактот дека државата нуди поддршка секаде каде што ќе препознае потенцијал за развој и напредок во бизнисот како што е овој“ изјави премиерот Димитар Ковачевски при посетата на фабриката „Органска буковка ДОО“ во Охрид. Тој ги охрабри компаниите во земјава да го следат овој позитивен пример, како и…
Иако постои незадоволство во високите бизнис кругови никој не сака да преземе акција против Путин. „Само сакам сето тоа да заврши наскоро“, вели еден од биснисмените
Со влезот во НАТО, Македонија доби сигурност и неповредливост на границите, што е особено важно во време кога целиот свет гледа како интегритетот и целовитоста на една Украина е загрозен од руската инвазија. Со почетокот на преговорите нашата држава доби пристап до поголеми ЕУ фондови, дополнително ќе инкасира 80 милиони евра од ЕУ за помош во енергетиката и ќе влезе на заедничкиот пазар за енергенси. Поради членството во НАТО и почетокот на преговори со ЕУ, во последните месеци зачестија странските инвестиции во државата, а фирми со странски капитал доминантно се отвораат во енергетскиот сектор. За разлика од тоа, освен лажните…
Преговорите на климатската конференција на ОН – КОП27 во Египет не ветуваат дека ќе бидат успешно завршени, иако траеја цела ноќ.
За време на посетата на компанијата ‘Подгорка’ премиерот Димитар Ковачевски истакна дека Владата одговорно менаџира со буџетот. -Токму со тој пристап ние изминатиов период можевме ги вратиме парите на граѓаните кога е тоа најмногу потребно и да обезбедиме два пакети антикризните мерки заштита на најранливите граѓани, во вредност од над 760 милиони евра. Токму затоа можевме да обезбедиме и ликвидност на компаниите со што ги заштитивме работните места, а и континуирано да обезбедуваме 80% субвенционирана струја како и евтина струја за да има непречено функционирање на виталните фунции на државата, изјави Ковачевски. Според премиерот, со истото тоа одговорно однесување, изминатиов…
Во услови на енергетска криза и вртоглав раст на цените на електричната енергија, експертите од енергетиката велат дека со фотоволтаиците се заштедува значително електрична енергија поготово за домаќинства кои што ја користат дневната електрична енергија. Општините и комуналните претпријатија се во грч од високите сметки за струја. Од почетокот на годината, па досега, сметките им се различни, во зависност од цената на струјата на светските пазари, односно од она што им го нудат добавувачите на електрична енергија. Комуналните претпријатија кои со пумпи вршат диструбуција на водата за пиење се соочија со сметки за струја кои го надминуваат и нивниот месечен приход. Такви…