Иако постои незадоволство во високите бизнис кругови никој не сака да преземе акција против Путин. „Само сакам сето тоа да заврши наскоро“, вели еден од биснисмените


Украинците ги кинат билбордите на кои пишуваше дека тој град ќе остане засекогаш руски (Фото: АФП)

Серијата порази во војната против Украина, кои кулминираа со предавањето на Херсон, го засенија и онака мрачното расположение на руските „елити“.

Додека Кремљ продолжува да верува дека војската може да ја сврти плимата на фронтот, и дека уцената со гас и енергија на крајот ќе ја одземе поддршката на Киев од Западот, во внатрешниот круг на претседателот Владимир Путин се зголемува свеста дека капитулацијата е неизбежна.
„Постои разбирање дека ја изгубивме вистинската војна“, изјави за независниот руски медиум „Медуза“ извор близок до бизнисмени од внатрешниот круг на Путин. Бизнисмените, според него, веќе почнуваат да размислуваат „како да живеат“ и какво место ќе заземат во Русија во иднината. „Од една страна ќе има реваншистички чувства. Од друга страна, ќе има барање за нормализација и стабилизација“, вели тој извор.
Во политичкиот блок во Кремљ се малку пооптимистички. Еден од соговорниците на „Медуза“ објасни дека Кремљ сè уште се надева дека кај Западот „ќе се урне консензусот за поддршка на Украина“ поради потребата од евтина енергија.

Друга надеж за Кремљ, според извори на „Медуза“, е остра промена на политичката ситуација во самата Украина и можна оставка на Владимир Зеленски. Но никој не знае на што се засноваат ваквите надежи на администрацијата во Кремљ.

Покрај тоа, Кремљ верува дека за неколку месеци руската армија ќе стане поподготвена за борба поради мобилизацијата и ќе може да ја сврти плимата на фронтот.

Во исто време, според соговорниците на „Медуза“, претседателската администрација забележала дека, за разлика од „елитите“, повлекувањето од Херсон немало никакво влијание врз расположението на повеќето Руси.

Наводно, општеството речиси и не го забележувала повлекувањето, не му било интересно. Според ова толкување, луѓето не се загрижиле многу за Херсон и ги прифатиле официјалните објаснувања дека повлекувањето било неопходно. Податоците од независните социолошки студии ги потврдуваат овие тези.

„Депресивен впечаток“, според изворите на „Медуза“, оставил на владините претставници и на претседателската администрација оставило колебањето на Путин околу договорот за жито. Русија најави повлекување од него, а потоа се врати четири дена подоцна, кога Турција јасно стави до знаење дека нејзината флота ќе ги заштити бродовите со украинска храна.

Воден во ќорсокак, Путин продолжува да се изолира. И ова ги загрижува функционерите, кои се жалат на целосната тајност на „врвниот менаџмент“. „Не сме иницирани за ништо, учиме многу од вестите, и украински и западни. Изгледа дека постојано правиме отстапки и сè уште се обидуваме да го скриеме тоа“, вели извор од „Медуза“.

Висок соговорник на „Медуза“ во една од регионалните влади објасни дека неговиот регион е „далеку од Херсон“ и продолжува да има „свој живот“. Во исто време, регионалните политичари и бизнисмени не веруваат дека Кремљ ќе може да ја сврти ситуацијата на фронтот. Еден регионален функционер признал дека во неговиот круг „почна да се појавува чувството на туѓа војна“.

Според повеќе извори Владимир Путин продолжува да се изолира

Еден соговорник на „Медуза“ од Кремљ истакнал дека меѓу високите функционери, позицијата на претставници на „елитата“ кои „не се вклопуваат целосно во специјалната операција“ изгледа сѐ поразумна. За време на војната, меѓу највисоките руски функционери се формираше таканаречена „партија на тишината“. Нејзините претставници претпочитаат совесно да извршуваат одредени инструкции на „врвното раководство“ поврзани со војната, но не држат отворено милитаристички говори. Како претставници на оваа партија соговорниците се премиерот Михаил Мишустин и градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.

Извори на Блумберг блиски до Кремљ потврдуваат дека многумина од руската економска и деловна елита војната ја гледаат како трагична грешка, а во деветтиот месец од инвазијата овој став само се зајакна. Дури и во владата, многу луѓе се противат на војната, но тие се премногу исплашени да зборуваат отворено, додека олигарсите се повлекоа од политичкото поле за нивните „фабрики да продолжат да работат“, велат извори на агенцијата.

И покрај незадоволството, ниту функционерите ниту бизнисмените немаат намера да преземат каква било акција против Путин, се согласуваат изворите од Блумберг и „Медуза“. „Само сакам  сето тоа да заврши наскоро“, признава еден од нив.

Извор: Независен