Author: Marta Pesevska

По повод одбележувањето на 78-годишнината од ослободувањето на Скопје, владина делегација составена од министерот за правда Никола Тупанчески, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и заменик-министерот за транспорт и врски Беким Реџепи, им оддаде почит на загинатите борци кои придонесоа 13 Ноември да биде најзначаен датум во историјата на Скопје. Владините преставници се поклонија и положија цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани во Бутел и на споменикот „Ослободители на Скопје”, плато пред Владата. 13 Ноември е денот кога се сеќаваме на херојството на борците кои се бореа за ослободување на Скопје. Нивните дела треба да…

Read More

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ „Тешко можам да претпоставам како таа, Веселинка Малинска би реагирала на сето ова што денес го живееме! Можеби би останала без зборови, како што и јас, што  сум израснала со неа, и со сите сопствени искуства, по неа, често останувам нема. А веќе сум на возраста кога таа си замина. И сè уште си велам и се уверувам самата, дека не е можно толку многу вложувања и напори за овие речиси 100 години, на повеќе генерации едно по друго, толку лесно да отидат во неповрат. Просто не е можно, и неприродно е.“ Го читав оваа обраќање на Лина Ќостарова…

Read More

Неодамна, на 95 години Сојузот на борците изгуби една од последните преживеани соборки,  Драга Русковска. Пренесуваме дел од нејзините сеќавања дадени за белградска Политика во февруари годинава, под наслов „Револуцијата како судбина“  „Сакајте ја својата земја како што го сакате семејството, борете се за неа како што се борите за своето семејство. Нема алтернатива, им вели поранешната партизан од Северна Македонија на политичарите од поранешните држави на СФР“. Лани се одбележаа осум децении од почетокот на Втората светска војна во Југославија. Да се ​​потсетиме на хероите и нивните подвизи од антифашистичката народноослободителна војна, нивната храброст и бескомпромисна борба за зачувување…

Read More

ЗОРАН ИВАНОВ Ванчомихајловизмот е дел од континуитетот на ВМРО, рече Мицкоски и не одрече. Не го стори тоа и досега и со другите континуитети на овдешното ВМРО. Не одрече континуитетот со врховизмот, континуитет со груевизмот, еве и континуитет со ванчомихајловизмо и континуитет со … Изјавата на партискиот водач за историскиот партиски континуитет побуди куп инсинуации од типот крвта не е вода но потсети и на куп факти како, наместо инсистирање на постулат за дисконтинуитет, тој отвореното и недвосмислено го дефинираше континуитетот и со докажаниот македонски негатор и профашистички лидер на една од егзистенцијалните етапите на ВМРО. Традиција или партиска идеолошка…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека е „неверојатно задоволен“ од исходот на американските избори откако демократите ја презедоа контролата врз Сенатот. Пренесува МИА.

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските сили ја уништиле клучната инфраструктура во Херсон пред да се повлечат, пренесоа светските агенции. Пренесува Zoom. „Пред да избегаат од Херсон, окупаторите ја уништија целата важна инфраструктура – комуникации, водоснабдување, снабдување со електрична енергија, греење“, рече тој. „Русите насекаде имаат иста цел, да ги понижуваат луѓето што е можно повеќе. Но, ние ќе вратиме сè, верувајте ми“, додаде Зеленски во своето полноќно обраќање. Зеленски изјави дека украинските сили деактивирале и 2.000 експлозиви, проектили и мини во градот. Тој објави дека украинските сили повторно ја презеле контролата врз речиси 60 населени места во регионот…

Read More

Град Скопје за првпат не ги објави добитниците на највисоката градска наградата „13 Ноември“ која се доделува по повод Денот на ослободувањето на Скопје од фашистичкиот окупатор, а ја врачува градоначалникот на градот. Единствената информација што може да се најде е соопштението на Културно-информативниот центар (КИЦ) на нивната фејсбук страна во кое Центарот ја објавува програмата по повод свеченото доделување на наградите кое ќе биде вечерва во 19 часот во Националната опера и балет (НОБ). Информира СДК. Со одлука на Одборот за доделување на наградата од 30 мај, беше објавен конкурсот на сајтот на Град Скопје и беше отворен до…

Read More

Словенија утре ќе го добие својот петти претседател, конзервативната Анже Логар или нејзиниот прв претседател, независната адвокатка Наташа Пирц Мусар, која со поддршка на левицата влегува во вториот круг од претседателските избори. Пренесува Центар.

Read More

Пишува: Зоран Бојаровски Бранот на незадоволство и вчудоневиденост од ставот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека тој нема да се огради од политиките и дејствувањата на Ванчо Михајлов, кој тој ги оцени само како контроверзни, добива димензии на цунами. Не поминаа ниту 24 часа од овој скандалозен став кога на еден од порталите кои до вчера ги поддржуваа политиките на ВМРО-ДПМНЕ, Инфомакс, професорот Тодор Чепреганов му одржа историска лекција на Мицкоски и, во состојба на очигледна вознемиреност, му порача дека Ванчо Михајлов воопшто не е контроверзна личност и дека ова е обид „да го покријат тоа дека бил негативна личност за којашто „не постојат Македонци, дека…

Read More

Три филмови од кои два долгометражни и еден документарен се селектирани од страна на филмските експерти и тинејџери од цела Европа кои ќе бидат во трка за Наградата за најдобар Европски филм за млада публика за 2022. Наградата е посветена на европските филмови за публика помеѓу 12 и 14 години и претставува официјална категорија уште од 2012 година. Пренесува МИА.

Read More

Демократите ќе ја задржат контролата врз американскиот Сенат откако сенаторката Кетрин Кортез Масто победи на реизборот во Невада, предвиде вчера Едисон Рисрч, предавајќи му убедлива победа на претседателот Џо Бајден. Пренесува А1он.  Републиканците остануваат блиску до освојување на контролата во Претставничкиот дом на САД, додека гласачките ливчиња од општите избори во САД во вторник продолжуваат да се пребројуваат. Кортез Масто тесно го победи републиканскиот противкандидат Адам Лаксалт, поранешен јавен обвинител кој беше поддржан од поранешниот претседател Доналд Трамп. Со нејзината победа, демократите ќе контролираат најмалку 50 места во Сенатот, откако демократскиот сенатор Марк Кели го одбрани своето место во…

Read More