Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

„Тешко можам да претпоставам како таа, Веселинка Малинска би реагирала на сето ова што денес го живееме! Можеби би останала без зборови, како што и јас, што  сум израснала со неа, и со сите сопствени искуства, по неа, често останувам нема. А веќе сум на возраста кога таа си замина. И сè уште си велам и се уверувам самата, дека не е можно толку многу вложувања и напори за овие речиси 100 години, на повеќе генерации едно по друго, толку лесно да отидат во неповрат. Просто не е можно, и неприродно е.“

Го читав оваа обраќање на Лина Ќостарова по повод годишнината од смртта на Веселинка Малинска и останав расцепен меѓу епскиот подвиг на генерациите од пред осумдесет и кусур години, исполнет со толку визии, страсти и саможртви и неверојатното плачипичесто распаѓање на  постоењето.

Што ние си го приредуваме.

Речиси без причини.

Дури и со чувства на некое  задоволство.

Се растажив до плачање.

И ме фати срам.

За мојата уживанција, наспроти Веселинка, какво убаво име,

Партизанка, жена, мајка и борец. Илегалка од своите 16 години. Посветена на идејата за слобода, ослободување, и борбата за „едноправие“.

Која од својата 16-та година не знаела за страв и повлекување, а потекнувала од имотно граѓанско семејство.

А бев речиси готов со колумната за Џабир.

Нешто ќе ти кажам бабо, без да те излажам:

И Цар Борис Трети е дел од континуитетот на вмро-дпмне…

А, Фердинанд, бе, синко?

И башча му Фердинанд Први Бугарски е дел од тој континуитет.

А Рачо, Мачо, Кимчо, Филчо и другите истакнати фигури на младата држава?

Сите премиери на кнежеството и на царството (јебало их царство, каква глупава претенциозност; од модерните царства јас го признавам само етиопското царство на царот Хаиле Селасие, пријателот на Тито, хахаха) се алки во тој бугарски синџир за ослободување на Македонија.

Само Бугарија не е дел.

Таа  е континуитетот како таков и битта на организацијата од 1893 до денеска.

Мајка, татко и родно место.

Во суштина.

Солун е само дел од митот.

Тоа е, браќа и сестри…

Така ли е Жмицко или не е така?

Ми се чини дека ти немаш благ поим од тие работи.

Јас не можам да го разберам нивото на инфантилноста со кое вмро од Македонците прави  идиоти.

Мора да е некоја дрога.

Во времето на Југославија, тие вмровски легитимации и историски интерпретации и тралалајки, беа убави потврди и клучни елементи на (само)признавањето, но во слободниот свет, тие се чиста спротивност, односно директен упад во бездната на непостоењето.

Затоа што во демократијата митот ја доби можноста политички да ја концептуализира својата суштина, а таа е тотално различна за Македонија како територија од таа за Македонија како држава.

За Македонија како држава, политичката концептуализација на митот за вмро значи борба за ослободување на Македонија од неа.

Дали се разбираме?

Очигледно-не, затоа што, во спротивно, вмро денеска немаше да биде можно.

Нивната борба е борба за растурање на Македонија.

По дефиниција.

По нивната дефиниција, а особено по дефиницијата на Македонија како државна и национална реализација на македонскиот народ.

Тоа само неписмен, фасциниран, хистеризиран или медиумски, партиски и кокаински дрогиран Македонец, не може да го разбере.

Престанете да се прашувате како државата и, особено, општеството, односно нацијата, се доведени на оваа ниво и престанете да ги расфрлувате одговорностите лево и десно, не затоа што лево и десно нема одговорности, туку затоа што се тие од друг карактер.

Заслужуваат расправа, критика и одговорност, но се од друг карактер.

Само еден субјект ја смета Македонија за врвна изневера на своите принципи и на својата мисија…

И идејно и систематски делува, природно и нормално, исклучиво деструктивно и својата антимакедонштина ја смета за врв на македонството…

Дами и господа:

вмро-дпмне.

Не случајно Софија не го закача вмро.

Да сум јас некој фактор во Софија и јас би играл така.

Затоа треба да се каже дека во овие процеси главната моторика не ја даваат Бугарија, ниту вмро, туку македонскиот народ. Македонците се автори на сопствената драма, нивната национална, политичка, културна и морална инфантилност, за жал.

Ниската државотворна и национална свест.

Тоа е Бош моторот на нашиот електричен велосипед.

Многу тажна работа.

А ако се случи да пропаднеме, ќе биде тоа фантастичен материјал за една урнебесна комедија.

Ако успееме да му се продадеме на Нетфликс, јас би ја одбрал таа солуција.

Ем ќе се наполниме со пари ем ќе се спасиме од самите себе.

Борат би имал причина да го откачи Казахстан.

Или, трето нема, ќе мораме да го изринеме тоа вмронско говно од дневната соба.

Секој од својата.

Соба и глава.

И државата од заедничката.

Коперниканскиот пресврт што мора да го оствариме за да допреме до вистината и до вистинското ослободување е во фактот дека Бугарија преку својата инсталација вмро во сите можни деноминации и вон сите времиња, не се борела против Македонија, туку за Македонија, вмро е промакедонска партија во историскиот контекст во кој е формирана и дејствувала.

До формирањето на Македонија како држава и нација.

Бугарското присуство во рамките на Втората светска војна ќе мораме да го разбереме, не како антимакедонски акт, не како окупација, туку како остварување на идеалите на Бугарија, односно на вмро.

Тоа е реалниот поглед од другата страна на планината.

Поточно е да се каже дека ослободувањето и конституирањето на Македонија е подвиг со Бугарија и вмро како контрапункти.

Став кој заедно со клучната антифашистичка одредба на борбата, беше официјален и точен опис на случувањата.

И така ќе остане за секогаш.

Тоа значи дека Македонија е создадена како држава и нација во историски контекст во кој било можно да се крене борба против бугарското присуство и кауза за Македонија и против вмровските мисии и идеи за нејзиното ослободување во името на Бугарија.

Мораме да ја откриеме за себе контрадикцијата дека тие не се антимакедонски структури и определби туку се македонски, но со различно полнење.

Нивните толкувања се територијални и анационални, а нашите се национални и државни.

Демократската транзиција на Македонија и растурањето на Југославија, и вмро и Бугарија го сфатија како шанса за реванш и за исправање на историската неправда со која Македонија, мислат тие, е откината од ткивото на Бугарија.

Дали е ова јасно?

Глупавата  бугарска позиција ја потцени македонската реализација речиси ко Путин украинската.

Ако не и преку тоа.

Вмро-дпмне ја бие битката внатре, а Бугарија прво чекаше внатрешни консолидации и европски капитации за да се вклучи директно во операцијата со ветото за преговорите на Македонија.

Антибугарството како темел на конституцијата е исцрпено, бесмислено и опасно и мораме да најдеме начини да го елиминираме или макар надминеме. Да бидеме супериорни, а не уплашени. Бугарската позиција до формирањето на Македонија како држава и нација, исто како и на вмро, никогаш не биле антимакедонски позиции. Тие се бореле за Македонија пред Македонија да ја има како субјект. Дури и за време на Втората светска војна, тие не дошле тука да ги поробат Македонците, туку да ги ослободат, а и многу Македонци нивното доаѓање го поздравиле како ослободителен чин.

Знам дека овие  соочувања се болни, но истовремено се и ослободителни.

Ние на Бугарија мораме да ѝ испорачаме респект кон некои позиции во однос на историјата.

Не поздрави и честитки – само респект, признание, ништо друго.

И барање да се соочат со ѕверствата, воените злосторства и геноцидните акти кои ги правеле во рамките на македонистичките кампањи.

Тоа е пат кон помирувањето.

Но, со вмро мораме да се справиме внатре, без пардон и резерви, тие говна мора да се елиминираат.

Разликата меѓу Русите од Херсон и Вмроните од Македонија е во тоа што генерал Кикифрики Суровикин неќе да издаде наредба лудаците од Македонија да се повлечат.

Оигледно е дека ќе мораме да ги потепаме.

Тие говњари се автори на гротеската во која најголемите дострели на Македонија во меѓународната реализација и афирмација, преговорите со Европската унија, членството во Нато, решенијата на споровите со Грција и Бугарија, ги претвораат во пораз и го блокираат тој развој надевајќи се на дефинитивен пораз.

Па, кај го има ова.

А за пет грама марихуана државата ќе ти стегне три години затвор.

Вмро-дпмне е фарма за марихуана, лсд, кокаин, хероин, крек, екстази….

Мислам дека државата мора да интервенира и тие скотови да ги прати таму кај што им е местото.

Не на Канал 5 и на Алфа.

Нека малку да се одморат од телевизиските настапи.

И на крајот, уште едно парче од Фејсбук.

Дејан Николовски пишува:

„Македонската држава и општество има сериозен проблем. Има лидер на дпмне кој или е навистина против македонската суверена држава или човекот има сериозни психијатриски проблеми… да се дефинираш дека си наследник на Ванчо Михајлов, Тодор Александров, Мане Мачков… кољачите на сите Македонци, прогресивни интелекти кои биле убиени затоа што сакале своја македонска држава… ова е дно на нашата денешнина…“

Драг мој Дејан, дилемата не ти е на место, човекот е ем антидржавен, ем психијатриски случај.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.