Author: Marta Pesevska

Белгија годинава на Украина ќе и испрати 611 милиони евра помош, соопшти денеска украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров. Тој на Х објави дека имал телефонски разговор со шефицата на белгиската дипломатија Лудвин Дедондер за воената помош и развојот на ситуацијата на фронтот. – Благодарност за учеството на Белгија во коалицијата за способности на воздухопловните сили, особено во програмата за обука на пилоти, нагласи Умеров. Министрите разговарале и за учеството на Белгија во модернизацијата на украинските воени сили. Извор: МИА

Read More

Членови на семејствата на израелски заложници кои сè уште се држат во Газа денеска извршија упад на состанокот во Кнесетот, израелскиот парламент. Тие го пробија обезбедувањето и го прекинаа состанокот за финансии – протестирајќи дека се расправа додека нивните најблиски остануваат во заробеништво, пренесува Би-Би-Си. Еден од членовите држеше табла на која пишуваше: „Нема да седите овде, додека нашите деца умираат таму“. Израел вели дека повеќе од 130 луѓе се водат како исчезнати откако биле киднапирани за време на нападите на Хамас на 7 октомври. Повеќе од 100 заробеници беа ослободени за време на шестдневниот прекин на огнот на крајот…

Read More

Александар Сорос во своја објава на Фејсбук изрази благодарност за одличното добредојде од Ковачевски на славата Свети Јован на ден пред самитот Западен Балкан во ЕУ

Read More

Граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија ќе добијат слободен пристап до пазарот на трудот во овие три земји, за што денес се потпишаа Протоколите за Слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан. Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, со колегите од Србија и Албанија, го потпишаа Протоколот за меѓусебно поврзување на шемите за електронска идентификација на граѓаните на Западен Балкан. Директорот на Агенцијата за вработување Ведат Османи заедно со колегите од Србија и Албанија го потпишаа првиот Протокол за спроведување на условите за слободен пристап до пазарот на труд на Западен Балкан. Со…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски вечерва, на неформална средба пред утрешниот лидерскиот состанок посветен на Планот за раст за Западен Балкан ги пречекаа српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама, премиерот на Косово Албин Курти, Герт Јан Копман, генералниот директор на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската Комисија и Џејмс O’Брајан, помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот. „Во пресрет на утрешниот Лидерски состанок во Скопје, посветен на Планот за раст за Западен Балкан усвоен од Европската Комисија, вечерва во пријателска атмосфера со лидерите од Западен Балкан ги…

Read More

Протестите против екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) земаат замав во земјата на Европската унија по извештајот дека двајца високи партиски членови се приклучиле на состанокот во ноември во Берлин, каде што се разговарало за планираната масовна депортација на граѓани од странско потекло. Илјадници луѓе се приклучија на денешните нови протести, бидејќи германскиот канцелар Олаф Шолц ги нарече протестите против крајнодесничарската партија „добри и oправдани“, пренесува Ал Џазира. Европската нација минатата недела, исто така, се соочи со протести од земјоделците, кои ја изразија својата длабока фрустрација поради неуспехот на владата предводена од левиот центар да ја провери инфлацијата и одлуката…

Read More

Лидерот на младината на СДСМ Марко Михаилоски денеска објави ново видео со кое овој пат го разобличува тврдењето на Апасиев дека наводно немало попусти за студенти со картичките за попусти низ Македонија. Михаилоски на Апасиев ја спротиставува Европската младинска картичка и ги повикува сите млади да извадат картичка за над 400 попусти низ целата држава.

Read More

Управата за јавни приходи ги демантира наводите и обидите за ширење на шпекулации од страна на ВМРО – ДПМНЕ. Го покануваме Наум Стоилковски и му стоиме на располагање, преку нашата Даночна академија, да му дадеме бесплатна едукација за основните даночни поими и процеси. На прес конференцијата, Стоилковски изнесе паушални, невистинити искази дека е извршен поврат на ДДВ, без основни познавања на даночните поми и процеси. Во таа насока посочуваме и дека овие фирми не се во делот со нафтената афера. Повторуваме, дека УЈП нема извршен поврат кај даночните обврзници за кои зборуваше портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Во…

Read More

Бојан Маричиќ вицепремиерот за европски прашања во своја објава на Фејсбук му посака добредојде за Џејмс О`Брајан помошник државниот секретар на САД. Сојузништвото и соработката со САД кои траат со децении се клучни за нашата стабилност и за напредокот на патот до нашето членство во ЕУ, вели Маричиќ во својата објава. Тој заклучи дека во пресрет на лидерскиот состанок посветен на Планот за раст на Западен Балкан, верува дека ќе се реализира плодоносна средба со што ќе ја зацврстиме успешната реализација на евроинтеграцијата на нашата држава и регионот на Западен Балкан до 2030 година. Подготви: М. Пешевска

Read More

Официјалните лица велат дека не очекуваат операциите во Јемен да траат со години, но признаваат дека не е јасно кога воената способност на групата ќе биде доволно еродирана.

Read More

ДПМНЕ и Стоилковски лажат и се заплеткуваат во сопствените гачки, стои во соопштението на СДСМ. Фатени како изнесуваат невистини, дека износот од 22 милиони евра кој го споменуваа вчера е објавен во листа на должници и преставува даночен долг, а не поврат, денеска ја сменија плочата со нови гачки. Значи УЈП ниту вратила поврат, ниту дозволила незаконски постапки. Тоа е факт. Дополнитрлно, кај сите посочени даночни обврзници, се извршени контроли од страна на УЈП и постапено е по закон. Стоилковски и ДПМНЕ наместо да излегуваат со гачки и да ги лажат граѓаните, треба да посетат предавања за тоа што значат…

Read More

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ Со масажи сакаме да го замениме недостигот на природно движење. Како и сите мрзи. Среќа, ги имаме на располагање комитите кои го преживеаја османлукот и комунизмот. Вмро-дпмне нѐ масира. Всушност, нѐ дави! Не особено нежно, но во секој случај – успешно. Не ни дава да мрднеме. И така ќе биде сѐ дур ние не го мрднеме него. Од нашите погледи и мисли. И политички понуди и надежи. Срамота е да го влечеме како црешово топче во борбата со носачи на авиони. Смешни сме и трагични во исто време. Тие се специјалисти за уво, нос и грло. Особено за…

Read More