Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Поради информациите за можно влошување на безбедносните состојби во Израел и регионот, Министерството за надворешни работи апелира македонските државјани да избегнуваат патувања кои не се неопходни во Израел, Иран, Либан и палестинските територии. Од МНР потсетуваат на дежурниот телефон на Амбасадата на Северна Македонија во Тел Авив + 972 549 267 378 (мејл адреса telaviv@mfa.gov.mk), како и дежурните телефони на Министерството за надворешни работи +389 75 273 732/ +389 268 736 (меил адреса globalsos@mfa.gov.mk ).
ДРАГАН МИШЕВ Во соработка со Мониторинг тимот на Цивил Непосредно пред почетокот и сега за времетраење на изборната кампања, неколку високи функционери на една политичка партија, но и претставници на некои невладини организации блиски до овие политички опциин, во своите изјави за јавноста го минимизираат, па дури и целосно го негираат руското влијание во Северна Македонија, следејќи ги така токму наративите на руската пропаганда што ја отсликува долгогодишната стратегија што ја користи Кремљ, да ја убеди јавноста дека не станува збор за руско влијание кога се обликува отпорот, разочарувањето и недовербата кон демократските институции во земјава, уверувајќи ја публиката дека сето…
Една година откако фановите на Евровизија дојдоа во Ливерпул да го гледаат спектакуларниот настан организиран во име на Украина, овогодишниот натпревар се упатува во Шведска. Учеството на Израел беше критикувано и земјата мораше да го ревидира својот првичен влез, бидејќи ги прекрши правилата за политичка неутралност. Што е Евровизија и кои земји учествуваат? Изборот за песна на Евровизија е годишен телевизиски натпревар за песни што го организира Европската радиодифузна унија. На овогодинешниот натпревар ќе земат учество 37 изведувачи избрани од радиодифузерите членки за да ја претставуваат својата земја. Песните мора да бидат оригинални и не подолги од три минути. Главните…
По неколкугодишни преговори, Европскиот парламент усвои голема реформа за миграција и азил во рамки на ЕУ, пренесува Би-Би-Си.
Пристапот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кон војната во Газа е „грешка“, рече американскиот претседател Џо Бајден во интервју објавено во вторникот, нудејќи дополнителни критики за начинот на кој Израел се справува со конфликтот во Газа, пренесува Би-Би-Си.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во свое обраќање пред учесниците на Делфи економскиот форум, истакна дека на Украина и се потребни системи за противвоздушна одбрана и борбени авиони за да се заштити од рускиот терор, пренесува Укринформ.
Северна Македонија да ја искористи поволната Преговарачка рамка, македонскиот идентитет да стане дел од ЕУ, е заедничкиот заклучок од средбата на првиот вицепремиер задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ со Анжеј Франгеш, специјален пратеник за Западен Балкан во словенечкото МНР и генерален директор на Дирекцијата за европски прашања. Маричиќ и Франгеш, како што соопшти СЕП, разговарале и за заедничката соработка и поддршката што Словенија е подготвена да ја испорача во процесот за членство на Северна Македонија во ЕУ. Маричиќ на средбата истакнал дека ова е исклучително значајна поддршка која доаѓа од земја која што во рекордно време ги заврши преговорите…
„ВМРО – МВРО никогаш повеќе. Пред неколку дена ВМРО беа фатени со лажни анкети и ширење на лажни вести. Денеска ВМРО – МВРО го уапси Фуркан Салиу, новинарот кој ги разоткри“ напиша на социјалните мрежи вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Тој запраша што е следно од ВМРО-ДПМНЕ, тепање студенти во библиотека, да влезат насилно во Собранието ако не им се допаднат изборните резултати, да прислушуваат илјадници граѓани, да направат војна или пак нов Мартин Нешковски или нов Кежаровски. „Режимот на ВМРО-МВРО денеска повторно го гледаме на дело. Мораме да бидеме будни и одлучни во нашата решеност да се спротивставиме…
„Успеав да видам само кратка видео снимка од апсењето на новинарот Салиу, детали за случајот немам. Очекувам и официјалните органи и МВР да кажат и да ја чуеме и другата страна, на новинарот. Но, кога ја видов снимката на која специјалци апсат новинар и тоа повеќемина врз еден, ме врати на старите мрачни времиња на Груевски, кога новинари заглавуваа во затвор и беа тепани и замолкнувани“ рече претседателот Стево Пендаровски на граѓанската трибина во Охрид одговарајќи на прашања од граѓаните. Тој додаде дека се надева оти тоа не е знак како тие луѓе би владееле ако добијат шанса, бидејќи сме…
Денес е Фуркан, утре може да е било кој друг, слободата мора да ја чуваме, режим никогаш повеќе, слободата е наша неотуѓива правдина напиша на социјалните мрежи вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по насилното приведување на новинарот Фуркан Салиу. Маричиќ порача дека се завршени времињата на заробената држава, дека во последните години е направено значително подобрување во делот на слободата на медиумите. „Дали сме за заробена држава или држава во која се негуваат граѓанските и медиумските слободи и права? Нашата држава доживеа преобразба од период на ограничувања до ера на слобода. Во 2023 година, Северна Македонија се искачи на…
ЦИВИЛ најостро ја осудува полициската бруталност врз новинарот Фуркан Салиу, бара ослободување и истрага за кршење на човековите права ЦИВИЛ најостро ја осудува полициската бруталност врз новинарот Фуркан Салиу, при неговото апсење за време на фудбалски натпревар во Коњаре, кумановско. Според извор на ЦИВИЛ, очевидец на настанот, новинарот Фуркан Салиу реагирал вербално при апсење на навивач за време на важниот фудбалски натпревар меѓу Коњаре и Куманово, при што им укажувал на полицајците дека немаат право да го апсат. Притоа, припадниците на специјалните полициски сили се нафрлуваат на новинарот и го соборуваат на земја, што може да се види и од…
Новинарот и сопственик на ПорталиХ, Фуркан Салиу е уапсен од страна на специјалната полиција (ЕБР). Според видеото кое го објави медиумот ИН7.ТВ, се гледа како Салиу е уапсен од бројни полициски сили. Според извор познат на ЦИВИЛ, очевидец на настанот, новинарот Фуркан Салиу реагирал при апсење на навивач за време на важниот фудбалски натпревар меѓу Коњаре и Куманово. „При намерата на полицијата да уапси навивач на трибините, новинарот Фуркан Салиу интервенираше со повици дека немаат право да го уапсат, по што и тој е уапсен, колку што знам, за непочитување на наредбите на полицијата“, изјави изворот на ЦИВИЛ, кој сакаше…