Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Состојбата по вулканската ерупција на Исланд е драматична, бидејќи во близина на градот Гриндавик се отвори нова пукнатина, а меѓу зградите почна да се разлева лава. Лавата тече кон населбата и веќе ги „проголта“ првите куќи. Најмалку две куќи горат, јавуваат исландските медиуми. Вработените во итната помош испратија порака до луѓето да не се приближуваат до градот во никој случај. Во Гриндавик има бројни служби за итни случаи и спасување. Првата куќа се запали речиси веднаш откако до неа стигнала лавата. Населението на Гриндавик, градот брои вкупно околу 4.000 жители, претходно беше евакуирано поради значителна сеизмичка и магматска активност, а…
Папата Франциск денеска изјави дека војната е „злосторство против човештвото“, повторувајќи го својот повик за мир во Украина и на Блискиот Исток. – Да не го заборавиме тоа. На луѓето им треба мир, на светот му е потребен мир, рече папата по читањето на неговата неделна молитва во Ватикан. Тој со молитва ги повика луѓето да не ги заборават оние кои во повеќе делови на светот страдаат поради „суровоста на војната“, а во неколку наврати повика на прекин на војната во Украина и Газа. – Да се молиме оние кои имаат моќ над овие конфликти да размислат за фактот дека…
Илјадници луѓе – меѓу кои и германскиот канцелар Олаф Шолц и министерката за надворешни работи Аналена Баербок – излегоа денеска на улиците на Потсдам, предградие на Берлин, за да протестираат против екстремизмот на десницата во земјата. Протестите дојдоа неколку дена откако истражувачки извештај откри како крајнодесничарските екстремисти и политичарите од екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) се состанале за да разговараат за плановите за депортирање на милиони мигранти од Германија. Околу 10.000 лица се приклучија на неделниот собир околу стариот пазар, или Алтмаркт, изјави градоначалникот на Потсдам, Мајк Шуберт, кој повика на протестот. Потсдам е главен град на сојузната покраина…
Сто дена по избувнувањето, последната војна меѓу Израел и палестинската група Хамас, е убедливо најдолгиот, најкрвавиот и најразорниот конфликт меѓу најголемите непријатели. Борбите почнаа на 7 октомври кога Хамас изврши смртоносен напад врз јужен Израел. Оттогаш, Израел немилосрдно го бомбардира појасот Газа и исто така почна копнена офанзива која срамни со земја цели населби. Офанзивата ги расели повеќето Палестинци во Газа, затвори повеќе од половина од болниците во Газа и доведе до широко распространет глад, изјавија набљудувачите на ОН. Израелската војска соопшти дека веќе ги намалила операциите на тешко погодениот север. Но, на југот на земјата, каде што Израел вели…
Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека има многу заинтересирани фирми за изградба на интерконекторот за гас кој ќе не поврзе со Грција. -Ова значи дека земјава нема да зависи само од рускиот гас, а моментално се бара инвеститор за две гасно водородни централи, изјави Бектеши во неделното интервју за Радио Слободна Европа. Имајќи предвид дека сме при крај од изградбата на новиот интерконктор заедно со Република Грција кој треба да го зголеми капацитетот во државава во делот на снабдување со природен гас, но и со можност во иднина да можеме да пренесеме и водород, посочува министерот, почнавме и постапка…
БРАНКО ТРИЧКОВСКИ Единствено фанатиците можат својот живот да го ценат само ако и служи на некаква колективна работа; ако се спротивставиме на подредувањето на поединецот на колективот, значи дека сме почнале да одбиваме нашата судбина да се подредува на текот на историјата. За да се решиме на таков напор на критичката анализа, доволно е да се сфати дека таквиот напор на оној што ќе го преземе, ќе му овозможи да ја избегне заразата на лудилото и колективното бунило, обновувајќи ги за своја сметка, општествениот идеал и исконската спогодба на духот со вселената.” Симон Веј, која е автор на оваа длабока…
ДПМНЕ е или толку очајно или сакаат да ја загрозат постапката која што е во тек а ја спроведуваат надлежни институции по налог на УЈП. Дека постои мрежа на нафтени компании кои сакале да го изиграат системот и да испумпаат пари од буџетот заменик претседателката на СДСМ и директорка на УЈП јавно соопшти, најавувајќи детали за в понеделник. Случајот е откриен токму од УЈП, целата постапка на разоткривање и процедура за расчистување е веќе завршена и јавноста ќе биде запознаена со сите информации. Предвремено изнесување паушални, неточни и непроверени работи како што прави ДПМНЕ ја загрозува постапката и опозициската партија…
ГОРАН ВОЛКАНОСКИ Знаете кој е најголем злочин кој и се прави на Македонија и на граѓаните на Македонија? Уништувањето на шансата за релативно брза ЕУ интеграција која ја имавме, е најголемиот злочин кој „најпатриотската“ партија ѝ го направи на Македонија и на граѓаните на МАКЕДОНИЈА. Само и само во име на стекнување и доаѓање на власт. Овој злочин, самиот по себе би требало да е причина, секој граѓанин на оваа држава, кој е загрижен за сопствената иднина и иднината на најблиските да го дисквалификува чинителот на ова зло, како можна власт при изборот пред кој сите ние ќе бидеме исправени!…
Светската бизнис елита и шефовите на држави од десетици земји ширум светот се собираат денеска во швајцарскиот туристички град Давос, за да учествуваат на годинашниот Светски економски форум, кој почнува утре и ќе трае до петок, 19 јануари, објави Си-Ен-Би-Си. Овогодинешниот форум се одржува под тема „Враќање на довербата“ и ќе допре до голем број теми поврзани со острата ескалација на геополитичките тензии и глобалните трговски грижи поврзани со Блискиот Исток. Инфлацијата и економскиот раст, војната во Украина, технолошките промени и глобалната фрагментација се исто така високо на агендата на настанот. Меѓу највисоките политички фигури кои се очекува да присуствуваат…
СДСМ континуирано вложува во унапредување и модернизација на здравството, со капитални инвестиции во објекти и опрема, како и со покачување на платите на здравствените работници. Само изминатите неколку денови во употреба се пуштени голем број нови реновирани здравствени објекти, како и нова опрема ширум медицинските центри во државата. Скопската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, е модернизирана со набавка на нови апарати, во вредност од 1 милион евра, обезбедени од Владата предводена од СДСМ. Набавен е нов современ апарат за литотрипсија, нов апарат за мамографија со томосинтеза, и лапароскопски столб за изведување на минимално инвазивни хируршки процедури, кој веќе…
Данската кралица Маргарета Втора, најдолговечниот монарх во Европа, ќе абдицира денеска на свечена церемонија и ќе му ја предаде круната на својот син Фредерик, точно 52 години откако таа самата беше крунисана. Маргарета (83) ја најави абдицијата во својот новогодишен говор и ја закажа за 14 јануари, датумот кога таа самата ја презеде круната по смртта на нејзиниот татко во 1972 година. Во Данска во последните 900 години ниту еден монарх доброволно не се откажал од круната. Во јавноста сепак се шпекулираше за можноста за ваков потег поради нејзиното нарушено здравје. Таа беше подложена на тешка операција на грбот минатата…
Украина е и ќе остане приоритет за Франција, порача синоќа новиот француски министер за надворешни работи Стефан Сежурне на заедничката прес-конференција со неговиот украински колега Дмитро Кулеба. Сежурне истакна дека Украина е неговата прва дестинација во странство по неговото назначување во реконструкцијата на француската Влада оваа недела. „Украина е и ќе остане приоритет на Франција. Одбраната на основните принципи на меѓународното право се одвива во Украина“, рече Сежурне на прес-конференцијата. Тој го повтори ветувањето на неговата влада дека ќе ја поддржува Украина „се додека е потребно“, но не најави нови испораки на оружје. „Русија се надева дека Украина и нејзините…