Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светската политичка и бизнис елита се собира во Давос, каде утре почнува Светскиот економски форум

0
By Marta Pesevska on January 14, 2024 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 14, 2024 13:09

Светската бизнис елита и шефовите на држави од десетици земји ширум светот се собираат денеска во швајцарскиот туристички град Давос, за да учествуваат на годинашниот Светски економски форум, кој почнува утре и ќе трае до петок, 19 јануари, објави Си-Ен-Би-Си.

Овогодинешниот форум се одржува под тема „Враќање на довербата“ и ќе допре до голем број теми поврзани со острата ескалација на геополитичките тензии и глобалните трговски грижи поврзани со Блискиот Исток. Инфлацијата и економскиот раст, војната во Украина, технолошките промени и глобалната фрагментација се исто така високо на агендата на настанот.

Меѓу највисоките политички фигури кои се очекува да присуствуваат на Давос се кинескиот премиер Ли Чијанг и францускиот претседател Емануел Макрон, и двајцата ќе имаат специјални обраќања. Макрон е единствениот шеф на државата од Г7, кој ќе учествува на форумот во Давос. Минатата година на форумот од страната на Г7 присуствуваше само германскиот канцелар Олаф Шолц.

Американскиот претседател Џо Бајден и британскиот премиер Риши Сунак не присуствуваа на Светскиот економски форум откако ја презедоа функцијата.

Сепак, оваа година на Давос се очекува да присуствуваат политичари и министри за финансии од многу други земји, вклучително и претставници од Шпанија, Белгија, Колумбија, Ирак, Либан, Ирска, Кенија, Нигерија, Тајланд, Сингапур и други.

Од американска страна ќе учествуваат државниот секретар Ентони Блинкен, советникот за национална безбедност Џејк Саливан и специјалниот претседателски претставник за климата Џон Кери.

Саливан најверојатно ќе присуствува на завршниот состанок на советниците за национална безбедност на Украина.

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеј, кој исто така е меѓу учесниците на Светскиот економски форум, треба да даде изјава во среда, на 17 јануари.

Меѓу големите имиња од светот на бизнисот во Давос оваа година се Сем Алтман, извршниот директор на OpenAI, креаторот на четботот ChatGPIT. Се очекува тој да ја разгледа безбедноста и довербата во технологиите заедно со министерот за финансии на Обединетото Кралство, Џереми Хант и извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла.

На овогодинешниот Светски економски форум ќе присуствуваат и директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, претседателот на Светска банка, Аџај Банга, генералниот директор на Светската трговска организација Нгози Оконџо-Ивеала и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Извор: МИА

Давос Светскиот економски форум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.