Author: Marta Pesevska

Рибарскиот град Гриндавик, кој се наоѓа на полуостровот Рејкјанес, повторно ќе биде евакуиран поради обновената вулканска активност во областа, соопштија локалните власти. Сите 4.000 жители треба да го напуштат Гриндавик утревечер, кога ќе започне забраната за враќање во градот во следните три недели, соопшти полицијата. Областа во близина на активниот вулкан сè уште се смета за опасна по земјотресот во декември, со зголемен ризик од вулкански ерупции, според проценката на ризикот од експерти за цивилна одбрана. Пред Божиќ, имаше четврта ерупција во последните три години во близина на Гриндавик, кој се наоѓа југозападно од главниот град Рејкјавик. Градот веќе беше…

Read More

Албанскиот премиер Еди Рама најави нова промена во владата, формирање на државно Министерство за јавна администрација и антикорупција на чело со Адеа Пирдени, доктор по правни науки и актуелна заменик-министерка за правда. Според Рама оваа промена доаѓа во време кога Албанија е во нова фаза на развој и работи на поглавјата од преговорите за членство во ЕУ, кои бараат нов пристап кон јавната администрација. – Во оваа нова фаза од развојот на земјата и во услови кога Албанија работи на поглавјата од преговорите за членство во Европската унија, откако штотуку успешно го направи првиот чекор, потребен е нов пристап кон…

Read More

Летонскиот претседател Едгарс Ринкевичс вети дека Летонија ќе и обезбеди на Украина дополнителна воена помош за нејзината одбрана од Русија. По денешната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, летонскиот претседател објави дека следниот пакет помош ќе вклучува хаубици, артилериска муниција од 155 милиметри, противтенковски и противвоздушни одбранбени системи, ракетни фрлачи, теренски возила, рачни гранати, хеликоптери и друга опрема. Летонија, исто така, сака годинава да обучи 3.000 украински војници и да ја поддржи Украина со производство на дронови, пренесе ДПА. – Владата, нашата земја и нашиот народ ќе продолжат да и ја даваат на Украина сета поддршка што и е потребна,…

Read More

Мисијата на Обединетите нации во Авганистан денеска соопшти дека е длабоко загрижена поради неодамнешните произволни апсења и притворања на жени и девојки од страна на Талибанците за наводно кршење на исламскиот кодекс на облекување кога се во јавност. Мисијата во соопштението наведува дека ги истражува наводите за малтретирање и изнуда на девојчињата во замена за нивно ослободување од притвор. Талибанците минатата недела соопштија дека уапсиле неколку жени во Кабул под обвинение дека носат „лош хиџаб“ – марама што целосно ја покрива косата. Тоа претставува најнов удар врз правата на авганистанските жени и девојки кои веќе се соочуваат со низа забрани,…

Read More

Во Њујорк денеска продолжи судењето на Доналд Трамп со презентирање на завршните зборови на одбраната што ќе ги изнесат адвокатите во негово име. Судијата Артур Енгорон вчера го отфрли планот на Трамп самиот да го изнесе завршниот збор во судницата, откако неговите адвокати не се согласија со барањето на судијата Трамп да се држи само до „важните“ работи во своето обраќање, пренесува Гласот на Америка. Судијата предупреди дека Трамп не може да „држи политички говор“ или да ја искористи приликата да го критикува судијата и неговите соработници, што значи дека неговите адвокати ќе мора да ги изнесат завршните зборови на…

Read More

Министерството за внатрешни работи покажа исклучителна подготвеност во справување со сајбер закани, соработката со САД и НАТО сојузниците е клучна, истакнал министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на средбата со амбасадорот за сајберпростор и дигитална политика, Натаниел Фик во Стејт Департментот во Вашингтон, соопшти МВР. Потенцирајќи го ангажманот на МВР на Република Северна Македонија во развивањето и спроведувањето на силна дигитална политика и стратегии за сајбер безбедност како суштинско значење за заштита на нашите граѓани и инфраструктура, Спасовски ја нагласил подготвеноста за справување со сајбер заканите. -МВР на Република Северна Македонија покажа исклучителна подготвеност во справувањето со овој вид на…

Read More

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје попладнево на четирите лица поврзани со случувањата во М-НАВ им определи мерка куќен притвор во траење од 30 дена, како и дополнителни мерки на претпазливост, односно привремено одземање на патна исправа и забрана за нејзино издавање и забрана за приближување или воспоставување односно одржување контакти или врски меѓу осомничените и со оштетениот. Меѓу четирите лица е и Бекир Незири, советник во М-НАВ и член на ДУИ. -Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, денеска, одржа седница во присуство на странките кои побараа јавна седница, а во однос на жалбите изјавени од јавниот обвинител…

Read More

Студенти со еврејско потекло го тужеа Универзитетот Харвард во Бостон бидејќи, како што тврдат, дозволува студентскиот кампус да биде „бастион на широко распространетиот антисемитизам“, објавија денеска американските медиуми. Во тужбата поднесена синоќа во Бостон, во сојузната држава Масачусетс, студентите го обвинија елитниот универзитет Харвард дека „селективно“ ги спроведува своите прописи и избегнува да ги заштити студентите со еврејско потекло од вознемирување, игнорирајќи ги нивните молби и ангажирајќи професори кои поддржуваат антиеврејско насилство и шират антисемитска пропаганда. Студентите, исто така, ја тужеа поранешната претседателка на Универзитетот Харвард, Клодин Геј, која поднесе оставка минатата недела откако се соочи со тешки критики поради…

Read More

Министерството за правда никогаш не се мешало ниту пак ќе се меша во иднина во спроведување на квалификациониот испитот во Академијата за судии и јавни обвинители, туку се јавува во улога на предлагач на законот кој е во согласност со меѓународните стандарди, наведуваат во соопштение од Министерството за правда. Оттаму посочуваат дека настанатата ситуација со полагањето на квалификациониот испит е пролонгирана заради објективни причини, за што Министерството за правда нема никаква поврзаност со оглед на тоа што Академијата за судии и јавни обвинители е посебен, самостоен орган. -Поради опасноста од пропаѓање на испитниот процес на целата генерација, а и големиот…

Read More

Собранискиот канал наскоро ќе почне да емитува и програмска содржина подготвена во телевизиското студио кое се наоѓа во законодавиот дом. Досега на Собранискиот канал се пренесува во живо пленарните седници на Собранието и комисиски седници од салата „Борис Трајковски“. За ова формално-правно се создадоа услови откако денеска членовите на Советот на Собранискиот канал едногласно ги усвоија Деловникот за работа, Годишната програма и план за видот и содржината на програмите за 2024, како и Финансискиот и инвестициски план. -Граѓаните навремено точно и објективно ќе бидат информирани за законите, работата на претседателот на Собранието, генералниот секретар и пратениците, за средби со меѓународни…

Read More

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу во изјава за МИА вели дека парадокс е тоа кога од таткото имотот го зема синот, во случајот со купувањето на трите стана и гаража на Водно, конфискувани од екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, во случајот „Империја“ од неговиот син Јордан Мијалков. -Ова што се случува е парадокс кога од таткото имотот го зема синот. На Агенцијата ѝ е најважно дека тие пари што се стекнати на криминален начин, ги вративме кај граѓаните, заради тоа што законот им дозволува на сите правни и физички лица да учествуваат во јавната…

Read More

Сомалиската исламистичка група Ал Шабаб киднапирала патници и екипаж на хеликоптер на Обединетите нации (ОН), потврди висок функционер за Би-Би-Си. Хеликоптерот слетал во област контролирана од групата во централна Сомалија. Според некои извештаи, екипажот на хеликоптерот бил принуден да изврши итно слетување, додека други тврдат дека слетувањето било грешка. Западен функционер, кој сакал да остане анонимен, за „Вашингтон пост“ изјавил дека членовите на групата го запалиле хеликоптерот откако леталото било принудено да изврши итно слетување на пат кон градот Висил во централниот регион Галгудууд. ОН обезбедуваат логистичка и медицинска поддршка за мировниците на Африканската унија во Сомалија. Официјален претставник на…

Read More