Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон изјави дека мешањето на Москва во внатрешните процеси на некои земји од Западен Балкан, како Србија, е многу загрижувачко, бидејќи постојат стравувања дека Русија нема да запре на војната против Украина. Во интервју за Си-Ен-Ен, Фајон рече дека „има сериозни стравувања дека Русија не може да запре само во војната во Украина“ и додаде дека руското политичко мешање „може да се види во одредени земји од Западен Балкан“. – Тоа е, се разбира, многу загрижувачко. Она што го гледаме во Србија или во Република Српска, со дезинформации, руска пропаганда и мешање. И…
Советот на постојаните претставници на земјите членки на ЕУ (Корепер) на денешното заседание одобри „делумен преговарачки мандат“ на Европскиот совет за Предлогот за создавање нов единствен инструмент за поддршка на обновата, реконструкцијата и модернизацијата на Украина, истовремено поддржувајќи ги нејзините напори за спроведување реформите во рамки од нејзиниот пат кон членство во Унијата, соопшти попладнево Советот на Европската Унија. – На тој начин, украинскиот Механизам ќе ја обедини буџетската поддршка на ЕУ за Украина во еден единствен инструмент, обезбедувајќи кохерентна, предвидлива, како и флексибилна поддршка за периодот 2024-2027 година, приспособена на невидените предизвици за поддршка на една земја во војна,…
Белгискиот еврокомесар Дидие Рејндерс ќе биде номиниран за генерален секретар на Советот на Европа, изјави денеска портпаролот на белгиската Влада, цитиран од британските медиуми. Советот на Европа е паневропска група која од своето создавање по Втората светска војна има задача да ги поддржува човековите права и владеењето на правото. Седиштето на Советот на Европа се наоѓа во Стразбур, во Франција, и не е дел од институциите на Европската унија. Петгодишниот мандат на сегашната претседателка, Марија Пејчиновиќ Буриќ, истекува кон крајот на оваа година. Рејндерс е белгиски еврокомесар од 2019 година и е одговорен за правдата и владеењето на правото. Извор:…
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска, за време на работниот престој во Вашингтон оствари средба со конгресменката Клаудија Тени, копретседавач со Конгресниот кокус за Македонија, за Американците со македонско потекло. Како што информира МВР, Спасовски и Тени разговараа за значајната улога на Конгресниот кокус за земјава, за Американците со македонско потекло, генерално за македонско-американската заедница во САД. Притоа, Спасовски ја изрази благодарноста за поддршката и ангажманот во зајакнувањето на меѓусебните односи, промовирање на културната размена и застапување на интересите на македонската заедница во САД. -Република Северна Македонија се стреми кон сигурна, стабилна и просперитетна иднина во големото европско семејство…
Амбасадорот на Холандија, Дирк Јан Коп, денеска се сретна со лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети. Според соопштението од амбасадата, Амбасадорот му порачал дека политичкото влијание врз претседателката на Врховниот суд и нејзиното можно разрешување е неприфатливо и ќе предизвика силна реакција на Холандија. „Непотребното политичко влијание врз позицијата на претседателот на Врховниот суд, таа е судска работа и е неприфатливо и ќе предизвика силна реакција од Холандија“, нагласил амбасадорот. Од друга страна лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети преку соопштение по средбата му порача на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп дека институциите треба да…
Градот Харкив во Источна Украина, кој редовно е цел на руските напади, во март ќе го отвори своето прво подземно училиште, јави ДПА. Изградбата на училиштето во индустриската зона на градот се одвива според планот и покрај непријателскиот оган и студената зима, напиша денеска во „Телеграм“ градоначалникот Игор Терехов. Веќе се изградени првите бетонски потпорни конструкции. Сега се работи на изолација, вентилација и водовод и канализација, рече градоначалникот. Има и прелиминарни планови за изградба на уште едно подземно училиште во централниот кварт на градот. Во градското метро функционираат близу 65 импровизирани училници. Во моментов на овој начин барем делумно се…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека неговата земја му покажала на светот дека руската армија може да биде запрена. Тој денеска во Вилнус ја започна посетата на балтичките земји за да побара дополнителна помош на Украина за војната со посилната и подобро снабдена руска армија. Зеленски рече дека Украина треба да ја зајакне својата противвоздушна одбрана и да ги надополни резервите на муниција бидејќи нападите од долг дострел стануваат главна карактеристика на борбите оваа зима. „Докажавме дека Русија може да биде запрена“, рече тој по разговорот со литванскиот претседател Гитанас Науседа. Залихите на Украина беа значително потрошени за…
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека се распишани четири јавни повици за давање под закуп земјоделско земјиште до три хектари во 34 региони во 878 катастерски општини. Намената и времетраењето на закупот за кое се издава земјоделското земјиште во државна сопственост се: подигање долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии, за период до 30 години, подигање долгогодишни насади со лешник за период до 70 години, подигање маслинарници за период до 50 години, одгледување други земјоделски култури и за поставување пчелни семејства за период до 15 години, ливади за период до 15 години, за одгледување брзорастечки дрвја на…
Резултатите од новото истражување на Светскиот економски форум укажуваат на главно негативни изгледи за светот на краток рок и очекување за влошување на долг рок. Мнозинството од испитаниците (54 отсто) предвидуваат одредена нестабилност и умерен ризик од глобални катастрофи, 27 отсто сметаат на поголеми турбуленции, додека три отсто очекуваат глобалните ризици од катастрофи да се материјализираат на краток рок, се наведува во извештајот за глобални ризици за 2024 година што денеска го објави Светскиот економски форум. Извештајот е објавен пред годишниот самит на Светскиот економски форум во швајцарскиот зимски центар Давос од 15 до 19 јануари. На форумот ќе учествуваат…
Шест лица, меѓу кои и две деца, се труеле со јаглерод моноксид во градинка во Ебелсбах, град во Германија, кога дошло до истекување на гас во котларницата. Несреќата се случила вчера, првиот работен ден по празниците, кога и официјално почнале со работа градинките, пишува Телеграф. Како што се наведува, гасот истекол од котларницата, а првите мерења покажале дека не се работи за природен гас, пренесува Билд. Сите вработени и 66 деца го напуштиле објектот и заминале во блиската теретана. Вакви несреќи често пати им се случуваат на оние кои се греат на пелети доколку складираната суровина е недоволно исушена и…
Спасени 30 и загинати две лица во несреќата со чамец со мигранти во близина на грчкиот остров Лезбос
Спасени 30 лица на копно, извлечени безживотните тела на две лица и акција што е во тек е билансот од несреќата со гумен чамец со мигранти што во текот на ноќта се случи во близина на грчкиот остров Лезбос, јави дописничката на МИА од Атина. Преживеаните мигранти биле пронајдени во планински дел на островот, еден од нив бил префрлен во болница, а животот го загубија еден маж и една жена. Според грчките медиуми, преживеаните рекле дека во чамецот се пренесувале околу 35-36 лица, а тргнале од турското крајбрежје. Поради лошото време и силниот ветер, гумениот чамец бил турнат кон карпест…
Претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање Александар Тасевски во објава на Фејсбук наведува дека по инсинуациите за семејни вработувања и непотизам во М-НАВ, стои на располагања на сите институции и ревизии, со соодветни документации, лиценци и обуки, завршени во странство и кај нас. Тасевски истакнува дека претседател на ССКЛ, но исто и како вработен во М-НАВ како високо професионална институција, ги поздравува потезите на Владата, како што пишува, да се „чешлаат” вработувања и со самото тоа и досегашното работење на М-НАВ, укажувајќи дека тоа всушност и биле нивните синдикални барања досега. Му се заблагодарува на премиерот Ковачевски што,…