Author: Marta Pesevska

Вицепремиерот Фатмир Битиќи во своето видеобраќање за „Блумберг Адрија“ изјави дека по новогодишните празници, Владата и кинеската компанија „Синохидро“ ќе започнат преговори за потпишување нов анекс на договорот. „Сметам дека не треба јас да очекувам, компанијата во овој случај треба да даде цврсти гаранции дека се спремни да одговорат на предизвикот за финализирање на проектот. Таму се вклучени и надзорот затоа што тоа што требаше како институции да го испорачаме сме го испорачале во минатиот период. Веќе крајно време е гаранциите да се добијат од тие што треба сето тоа го го спроведат, изјави вицепремиерот за економски прашања. Тој потврди…

Read More

На платото пред фонтаната Теразије во Белград денеска нешто по 12 часот почна протестот што го организира иницијативата „ПроГлас“  поради наводна изборна кражба. Поради протестот блокиран е сообраќајот на улицата Крал Милан од плоштадот Република. На протестот под мотото „Не се согласуваме“ кај фонтаната се приклучија и студентите кои ја минаа ноќта под шатори на улицата „Кнез Милоша“, а кои изминатите 24 часа протестираа на аголот од улиците „Кнез Милоша“ и „Бирчанинова“. Иницијативата ги повика граѓаните, поради, како што истакнаа, немањето изборна волја и неопходноста во рок од шест месеци да се одржат нови избори, по суштинска промена на изборните…

Read More

На прагот на Новата 2024 година да си посакаме година на верба, слога и оптимизам. Со взаемна почит да ја направиме годината што доаѓа подобра за сите. Секој наш чекор да го мериме низ благосостојба на младите и идните генерации, истакна заменик претседателот на Влада за европски прашања, Бојан Маричиќ во новогодишното обраќање до граѓаните. Тој порача во претстојната година водечка мотивација да биде ставањето крај на неизвесноста по однос на продолжувањето на преговорите со Европската Унија. -Отворањето на поглавјата ќе ни донесе нивно заокружување за околу четири години и потоа официјално членство во ЕУ, најдоцна до 2030 година. Тоа…

Read More

Јужна Африка поднесе случај против Израел до Меѓународниот суд на правдата (МСП), обвинувајќи го за злосторството геноцид врз Палестинците во Газа по речиси тримесечно немилосрдно израелско бомбардирање во кое загинаа повеќе од 21.500 луѓе и распространето уништување во опколената енклава.

Read More

Дождот не ги спречи граѓаните на Краков да ја изразат својата поддршка и солидарност со Украина која веќе втор ден е жртва на засилен ракетен терор од рускиот агресор, со најголеми размери оваа година. На 29 декември, и Скопје се најде на светската мапа на граѓански иницијативи за солидарност со Украина. Во скопскиот Парк на Жената-борец, пред споменикот на Тарас Шевченко, здружението „Лесја Украинка“ имаше обраќање до јавноста. Истовремено, и ЦИВИЛ објави соопштение во кое најостро ги осуди руската агресија и ракетните напади против цивилите во Украина. Од Краков: Драган Мишев / ЦИВИЛ МЕДИА Краков, Полска (фото: Д. Мишев / ЦИВИЛ) Извор: ЦИВИЛ МЕДИА

Read More

На вкупно 4 311 млекопроизводител им се исплатени 277,9 милиони денари премија за произведено и предадено млеко за октомври – декември 2022 и јануари – април 2023 година, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Вредноста на премијата изнесува пет денари за литар произведено и предадено кравјо млеко и шест денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко. -Ова е досега најголемата исплата реализирана кон сточарите во еден ден. Како министерство остануваме посветени на секој еден земјоделец, наведува МЗШВ.

Read More

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на сите граѓани им ја честита новата 2024 година, порачувајќи новата година да се искористи за убави мисли, почит, одговорност и грижа еден за друг. -Мојата желба е низ оваа година да не водат позитивните вредностите кои не дефинираат сите нас како граѓани на земјава, секој со сопствен белег и придонес кон создавањето на подобро утре. Ова е мојата водилка овие три и пол години како вицепремиер во Владата, која вие ја препознавате како Влада која решава кризи и работи за вашата благосостојба, вели Битиќи.…

Read More

Граѓаните добија новогодишна честитка од локалните власти на ДПМНЕ со покачени цени за вода, велат од СДСМ. Прилепчани во новата година ќе плаќаат вода, поскапа за 33 отсто, откако ДПМНЕ им го покачи данокот на имот за 300 отсто, сметките за комунални услуги за 67 проценти, како и паркингот и градскиот превоз. Водата поскапува и во Битола, каде јавните претпријатија се во дебели минуси. Комуналните услуги се покачени и во Гевгелија, Велес, Радовиш, Зрновци, Охрид и во други општини раководени од ДПМНЕ. По џебот на граѓаните удри и општина Штип, каде е зголемен данокот на промет, такси превоз и надоместокот…

Read More

Украинската амбасадорка Лариса Дир по повод најголемиот руски воздушен напад врз Украина од почетокот на целосната инвазија, проследен со невиден број беспилотни летала и проектили истрелани врз цели низ целата земја, при што загинаа најмалку 31 лице, а беа повредени повеќе од 150 лица, напиша на својот профил на Х дека на 675 ден од руската инвазија, продолжува ракетниот терор на рф. Бранот напади започна во текот на ноќта кон петокот и ја погоди целата земја, со експлозии пријавени во главниот град Кијив, како и во породилиште во централниот град Днипро, источниот град Харкив, југоисточното пристаниште Одеса и во западниот…

Read More

Русија го изврши најголемиот воздушен напад врз Украина од почетокот на целосната инвазија, изјави украинската војска за Си-Ен-Ен, со невиден број беспилотни летала и проектили истрелани врз цели низ целата земја, при што загинаа најмалку 31 лице, а беа повредени повеќе од 150 лица.

Read More

Министерката за одбрана Славјанка Петровска на својот профил на Фејсбук во врска со тужбата против Ковачки напиша дека денеска се исплашил од правдата оној кој пред два месеци обвинувал дека некој се крие зад женска сукња. „На денешната главна расправа во врска со мојата тужба против лажгото и манипулатор Драган Ковачки, кој ја фрли униформата и облече лакирани чевли и свилен костум, требаше да се соочи со вистината, со една од двете сини папки во кои се доказите за неговите лаги дека сум криела имот. И знаете што се случи, тој кој пред два месеци обвинуваше дека некој друг се…

Read More

Пред зградата на Републичката изборна комисија во Белград се одржува 11-тиот протест поради изборни нерегуларности. Претставниците на коалицијата „Србија против насилството“, Драган Ѓилас и Здравко Понош, претходно изјавија дека во Белград не треба да се доделат мандатите  бидејќи изборите биле брутално украдени. Генералниот секретар на Демократската партија (ДС), Душан Костадиновиќ изјави дека постојат силни индиции дека власта организирано „во суштина манипулирала со изборната волја на граѓаните“. Тој нагласи дека опозицијата не ги признава изборите и бара нивно поништување. Софија Мандиќ, член на градската изборна комисија во име на списокот „Србија против насилство“ денеска најави дека утре до обвинителството во Белград ќе поднесе…

Read More