Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи за автопатот Кичево-Охрид: Ако нема капацитет од изведувачите, ќе треба да најдеме нови, сите треба да сфатат дека време за губење нема

0
By Marta Pesevska on December 30, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 30, 2023 17:04

Вицепремиерот Фатмир Битиќи во своето видеобраќање за „Блумберг Адрија“ изјави дека по новогодишните празници, Владата и кинеската компанија „Синохидро“ ќе започнат преговори за потпишување нов анекс на договорот.

„Сметам дека не треба јас да очекувам, компанијата во овој случај треба да даде цврсти гаранции дека се спремни да одговорат на предизвикот за финализирање на проектот. Таму се вклучени и надзорот затоа што тоа што требаше како институции да го испорачаме сме го испорачале во минатиот период. Веќе крајно време е гаранциите да се добијат од тие што треба сето тоа го го спроведат, изјави вицепремиерот за економски прашања.

Тој потврди дека има заклучок кој доаѓа од одредена анализа направена од неколку експерти дека препораката била да има нов анекс, со нов рок за финализирање на проектот, а не раскинување на договорот.

„Јас цврсто стојам дека без цврсти гаранции за финализирање на проектот со јасно зададен рок нема да има нов анекс и се додека јас сум вклучен во преговорите тоа ќе биде ставот. Мислам дека е одминато времето на она: вака требало – така требало“, посочи Битиќи.

Тој додаде дека реалните проблеми се познати, но дека ако нема доволен капацитет за соодветно да се проектираат и најдат решенија, ќе треба да се најдат капацитетите каде и да се, со цел отстранување на евентуални грешки во проектирањето.

„Ако нема капацитет од изведувачите, ќе треба да најдеме нови изведувачи. Тука компромис нема затоа што мислам дека конечно сите треба да сфатат дека време за губење нема веќе. Затоа што 10 години за неколку километри автопат се навистина премногу.“ заклучи Битиќи во своето видеобраќање до „Блумберг Адрија“.

автопат битиќи Блумберг Адрија Кичево-Охрид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 18, 2026

Брисел: Марко Маковец во името на ЕУ ќе го мири Балканот

ВЕСТИ July 18, 2026

Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација…

ЕК за Македонија: Мешање и притисок врз судството

July 17, 2026

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

July 17, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.