Author: Marta Pesevska

На вчерашната владина седница беше донесена одлука за прераспределба на средства од Буџетот за реконструкција на спортската сала „Работнички“ во Градскиот парк во Скопје. Агенцијата за млади и спорт е задолжена да префрли 30 милиони денари на посебна наменска сметка на Општина Центар. Согласно владината одлука, прераспределените средства кон Општина Центар се исклучиво за намената за којашто се доделени, односно за реконструкција на спортска сала „Работнички“ – Градски парк, општина Центар.

Read More

Во Чешка денеска е Ден на жалост, откако 24-годишен студент во четвртокот во пукање на Карловиот универзитет, уби 14 и рани 25 лица, а потоа си го одзеде животот. Претседателот Петр Павел и други државни функционери се очекува да присуствуваат на мисата за загинатите во катедралата Свети Вит денеска во 11 часот, јавува Радио Праг интернешнл. Знамињата низ цела Чешка се спуштени на половина копје, а црковните ѕвона ќе бијат напладне и ќе има едноминутно молчење низ целата земја за загинатите. Во Прага, како и во другите чешки градови, мерките за полициски надзор се засилени, а полицајци патролираат по улиците…

Read More

Украинските војници вчера соборија три руски ловци-бомбардери Су-34 на јужниот фронт, соопшти командантот на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, Микола Олешчук. „Денеска напладне на јужниот фронт беа соборени три руски ловци-бомбардери Су-34“,  информираше синоќа Олешчук. Командантот им се заблагодари на војниците за нивната изведба. Соборувањето на три авиони може да означи пресвртница во воздушната битка во јужна Украина. На почетокот на октомври, украинските маринци ја преминаа широката река Днепар и го зазедоа, во населбата Кринки, мостот на левиот брег, инаку контролиран од Русија, во регионот Херсон. Украинците барем накратко имаа локална воздушна супериорност над Кринки благодарение на нивната…

Read More

Четвртиот по ред протест поради неделните избори во Србија почна вечерва по 18 часот пред седиштето на Републичката изборна комисија (РИК) во центарот на Белград. Стотици граѓани се собрани на повик на опозициската листа „Србија против насилство“. Протестите пред седиштето на РИК почнаа во понеделникот вечерта, на повик на претставници на листата „Србија против насилството“ поради наводна кражба на гласови на неделните локални и парламентарни избори во Србија. Насобраните носат транспаренти „Вклучи светло“, „Крадат пари, па крадат и гласови“, „Владетелите организираа беззаконие“, „Каде гласаше Илон Маск?“, а дел од демонстрантите носат и знамиња на ЕУ, пренсе Бета. Претставниците на опозициската…

Read More

Секако не е прв пат, а по сè изгледа нема да е ниту последен, А1он, како еден од најистакнатите про-Кремљ медиуми во Северна Македонија кои шират руски пропагандни наративи и дезинформации, да се повикува на коментарите на својот омилен „аналитичар“ Скот Ритер како „релевантен извор“ за анализи за војната во Украина. Релевантноста на изворот е во најмала рака дискутабилна, а како што ќе се покаже подолу во текстот, поради неговото минато, неговото присуство не e погодно во близина на лица под 18 години. Цивил Медиа веќе неколку пати пишуваше, и ги дебанкираше „прогласите“ од рашистичката оска А1он – Скот Ритер.…

Read More

„Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2023 година, изнесува 38.843 денари, односно истата во однос на октомври 2022 година, кога изнесуваше 33.104 денари, се има зголемено за 17,3% или за 5.739 денари за една година,“ објави на својата ФБ страница вицепремиерот задолжен за економски прашања и инвестиции, Фатмир Битиќи. Тој посочува дека на почетокот од мандатот на Владата предводена од СДСМ во 2017 година, во октомври просечната плата изнесувала 23.356 денари, а за една година истата е зголемена за 6,3%, односно во октомври 2018 година таа е со висина од 24.817денари.…

Read More

Единаесет лица загинаа, меѓу кои и напаѓачот, деветмина се тешко повредени, пет до шест лица се со умерено тешки повреди, а десет лица се полесно повредени. Бројките сепак може да се променат“, објавија спасувачките служби во Прага по денешното пукање на Карловиот универзитет. Целиот плоштад Јан Палах и околината е целосно затворен“, соопшти полицијата на мрежата Х во 15 часот и 17 минути. Според портпаролката на факултетот Тереза Маркова, на персоналот и на студентите им е наложено да се затворат во канцелариите и училниците. Таа немаше подетални информации, дури ни за бројот на студенти и вработени кои требало да бидат…

Read More

Владимир Обрадовиќ, кандидатот за градоначалник на коалицијата Србија против насилство, рече дека коалицијата поднела приговори до Градската изборна комисија (ГИК), но рече и дека околу 19 часот, кога претставниците на таа коалиција отишле во ГИК, имало дојава за бомба и зградата била евакуирана. „Рокот за поднесување приговори истече во 20 часот, отидовме да поднесеме приговори во 19 часот. На пат до таму добивме информација дека е поставена бомба во ГИК и дека зградата е евакуирана“, изјави Обрадовиќ за N1. Но, вели, приговорите успеале да ги достават по препорачана пошта. „Многу е симптоматично известувањето непосредно пред истекот на рокот за приговори.…

Read More

Министерот за правда, Кренар Лога, заедно со премиерот Димитар Ковачевски, директорот на УВМК, Емир Сулејмани, државниот секретар во Министерството за правда, Мухамед Точи, и пратеничката Љатифа Шиковска им подели изводи од Матичната книга на родените на досега неевидентираните лица. Министерството за правда го поддржуваше и го координира процесот за системско и трајно решавање на повеќедеценискиот проблем на приближно 700 лица, кои не беа евидентирани и не се незапишани во Матичната книга на родените. Дадовме поддршка на подготовката на Законот за неевидентираните лица во Матичната книга на родените, кој беше донесен во 2020 година. Предлог-законот за изменување и дополнување на овој…

Read More

Грижата за сите е темелот на нашите мерки и политики со кои создаваме еднакви можности и подобри услови на секој човек, порача претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на трибината „Повеќе за сите“, во Битола. Во своето обраќање пред граѓаните на Битола, Ковачевски посочи дека над 2 милијарди евра во изминатите 3 години се насочија кон граѓаните и компаниите, со цел да се заштити животниот стандард, се одржи ликвидноста на компаниите и економијата во целост. „Тоа е повеќе за сите! Историски не се случило толку голема финансиска поддршка од државата, толку пари да се вратат назад кај граѓаните, кај…

Read More

Советот на јавни обвинители во петок треба да избере вршител на должноста кој ќе го замени актуелниот републички јавен обвинител Љубомир Јовески на кого во понеделник му истекува мандатот. Вршителот на должност ќе се избере од редот на републичките обвинители и тој ќе биде на оваа функција до изборот на нов републички јавен обвинител за кого постапката е во тек. На огласот пријавени се тројца кандидати – Лидија Раичевиќ, Фатиме Фетаи и Љупчо Коцевски. Инаку, на денешната седница на Советот на јавни обвинители обвинителката од ОЈО ГОКК Лиле Стефанова е избрана за обвинител во Републичкото обвинителство. Покрај Стефанова, избран е…

Read More

Украина планира да произведе еден милион беспилотни летала што пренесуваат слика во живо (дронови со поглед на прво лице (FPV) следната година, изјави денеска министерот за стратешки индустрии Олександар Камишин, цитиран од ДПА. Камински истакна дека за споредба бројката за овој месец е 50 илјади. Овој тип на беспилотни летала е широко користен на линијата на фронтот, забележува ДПА. Украина интензивно користеше вакви беспилотни летала, првично наменети за приватна цивилна употреба, но модифицирани за потребите на бојното поле, уште од првите денови по целосната руска инвазија на земјата на 24 февруари минатата година. Потоа, Русија, исто така, почна да ги…

Read More