Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Економските политики на Владата носат постојан раст на платите, за една година просечната плата пораснала за 17.3% или за 5.739 денари

0
By Marta Pesevska on December 21, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 21, 2023 18:44

„Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2023 година, изнесува 38.843 денари, односно истата во однос на октомври 2022 година, кога изнесуваше 33.104 денари, се има зголемено за 17,3% или за 5.739 денари за една година,“ објави на својата ФБ страница вицепремиерот задолжен за економски прашања и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Тој посочува дека на почетокот од мандатот на Владата предводена од СДСМ во 2017 година, во октомври просечната плата изнесувала 23.356 денари, а за една година истата е зголемена за 6,3%, односно во октомври 2018 година таа е со висина од 24.817денари.

„Во оваа година растот на платата е од 17,3%. Нашата посветеност за економски просперитет и подобар животен стандард на граѓаните дава реален резултат, за период од шест години успеавме просечната плата да ја зголемиме за 15.487 денари,“ пишува Битиќи.

Дополнително, потенцира Битиќи, што ова значи за реалната куповна моќ на граѓаните и нивната благосостојба, ако земеме дека за истиот месец годинава, инфлацијата се намали на 3,5%, тоа значи дека реалните плати се повисоки од растот на трошоците за 13,8%.

Вицепремиерот посочува дека во месец октомври растот на платите е за околу 5 пати поголем од растот на инфлацијата, кој што е мерлив доказ за тоа дека економските политики на Владата за повисоки и достоинствени плати и низата на мерки за намалување на инфлацијата даваат мерлив резултат.
На крајот од својата објава тој прави споредба, со евидентни разлики.

„Во октомври 2016 година просечната плата изнесуваше само 22.460 денари, а една година претходно, во октомври 2015 година изнесуваше 22.213 денари, односно за една година за време на Владата на ВМРО-ДМПНЕ се зголемила само за 247 денари. Додека пак оваа Влада, предводена од СДСМ, за период од една година, и тоа во услови на економска и енергетска криза ја зголеми просечната плата за 5.739 денари,“ стои во објавата на Битиќи.

битиќи Економски политики
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.