Author: Marta Pesevska

Соработката со Министерството за правда, проектите што ги спроведува Советот на Европа и реформската агенда биле во фокусот на разговорите на министерот за правда Кренар Лога со Клаус Нојкрих, директор за координација на програми во рамки на Советот на Европа. -Зајакнување на правдата, борбата против корупцијата, промовирање на антидискриминација и заштита на правата на ранливите групи, поефикасен систем на бесплатна правна помош, зајакнување на капацитетите на казнено поправниот систем во Република Северна Македонија, се само дел од областите на кои интензивно ќе се работи во наредниот период, соопштија попладнево од Министерството за правда. На средбата министерот Лога информирал за активностите…

Read More

Посетата на претседателот Володимир Зеленски на САД на 11-12 декември за да ги убеди членовите на Конгресот да одобрат понатамошна помош за Кијив го остави претседателот главно со празни раце бидејќи западната помош од двете страни на Атлантикот е во опасност да пресуши. Републиканците во Сенатот го блокираа предлог-законот на 6 декември кој содржеше 61 милијарда долари помош за Украина, главно поради тоа што не вклучува дополнително финансирање за домашната гранична безбедност и значајни промени во имиграциската политика на САД. За време на оваа посета, Зеленски се состана со републиканските лидери во обид да го смени мислењето за помошта за…

Read More

„Токму сега стигнавме до момент кога секој треба точно да каже која е алтернативата, а не само да се слуша демагогија затоа што плашејќи се како што кажуваа постојано дека Бугарија ќе има постојано барање и дека постојано ќе не блокира. Сега Македонија се блокираше сама. Нема потреба да стравуваме дали ќе не блокира Бугарија или Холандија. Знаете дека има случувања во Брисел и она што е нотирано е дека скрининг процесот е завршен успешно, но дека уставните измени се предуслов за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ“, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во интервју на Телевизија 24.…

Read More

САД се стратешки пријател и партнер на Северна Македонија. Сметам дека јас лично, а и како поранешен Претседател на Владата сум исто така пријател на САД. Тоа сум го потврдил низ конкретни примери во текот на моето работење. Тоа јавно го имаат и потврдено највисоки претставници на САД. Без да ја коментирам и да навлегувам во детали за оправданоста на одлуката на Стејт Департментот за забрана за влез во САД на поранешниот Вицепремиер Кочо Анѓушев, само ќе напоменам, како и порано кога сум бил Премиер така и сега , стојам на располагање за сите потребни одговори и разјаснувања на определени…

Read More

Еден од резултатите на Самитот ЕУ-Западен Балкан ќе биде најавата дека ќе обезбедиме дополнителни речиси два милиони евра со цел да ја зајакнеме отпорноста на Северна Македонија, Албанија и Црна Гора, порача високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на Унијата, Жосеп Борел пред почетокот на средбата на врвот во Брисел. – Во текот на оваа година многу патував во регионот. Го одржавме Советот за асоцијација во Албанија и Северна Македонија. И ние мора да продолжиме да се ангажираме повеќе со нив, особено на зголемување на отпорноста на кибер напади и новите форми на војување, рече Борел. Како што…

Read More

Израел инсистира на тврдењето дека ја „понудил секоја можна помош“ за олеснување на хуманитарната криза во Газа, одговарајќи на соопштение на Канцеларијата за хуманитарни прашања на ОН дека здравствениот систем во окупираната Палестина територијата е во колапс. Директорот на комисијата за надворешни и воени прашања на израелскиот Парламент, Јули Елдштајн, кој е близок соработник на премиерот Бенјамин Нетанјаху, изјави за новинарите дека полските болници се отворени во Газа, со помош на Обединетите Арапски Емирати и Јордан. „Ние ја понудивме секоја можна помош и подготвени сме да направиме повеќе. Но, една работа мора да биде јасна. Постои преклопување меѓу медицинскиот систем,…

Read More

НАТО денеска соопшти дека го зголемил воениот буџет за 2024 година за 12 отсто, на 2,03 милијарди евра, додека цивилниот буџет на Алијансата е зголемен за 18,2 отсто, на 438,1 милиони евра. Зголемувањето и проширувањето на заедничкиот буџет на НАТО им овозможува на сојузниците поефикасно да се справат со заедничките безбедносни предизвици, соопштија од седиштето Алијансата во Брисел. Цивилниот буџет на НАТО обезбедува средства за персонал, оперативни трошоци и програмско проширување на штабот на НАТО и неговиот меѓународен персонал, додека воениот буџет ги покрива оперативните трошоци на командната структура на штабовите на НАТО, мисиите и операциите низ светот, наведуваат британските…

Read More

Специјалното обвинителство на Косово подигна денеска обвинение против четири лица, осомничени дека во декември минатата година, во текот на локалните избори во Косово, фрлиле рачни гранати и шок-бомби врз канцеларијата на општинската изборна комисија во Северна Митровица, јави дописникот на МИА од Приштина. Обвинетите, косовски Срби, идентификувани во соопштението на Обвинителството со иницијалите М.М., А.В., Д.П. и М.В., се товарат за кривичното дело тероризам, со оглед дека „сериозно го загрозиле животот на официјалните лица на ЦИК (Централната изборна комисија на Косово) и на припадниците на косовската полиција“. – … Со цел сериозно заплашување на населението, незаконско принудување на јавен орган,…

Read More

Предлог заклучоците се многу јасни и ние секако дека ќе продолжиме со реформите, а процесот на уставни измени е процес што ќе продолжи, кој што е неминовен и на крајот ќе резултира со успешно завршување на преговорите и да станеме земја членка на ЕУ, порача премиерот Димитар Ковачевски пред почетокот на Самитот ЕУ-Западен Балкан. Северна Македонија, посочи Ковачевски, заврши успешен скрининг процес, кој што е признаен од ЕУ, меѓутоа, како што нагласи „сите знаете дека ние имаме уште една обврска што треба да ја завршиме“. – Таа сега зависи од нас,  меѓутоа, таа дискусија секако ќе продолжи. Процесот ќе продолжи…

Read More

Украина ги осуди руските планови за одржување претседателски избори на окупираната територија следната пролет, прогласувајќи ги за „ништовни и неважечки“, пренесува Гардијан. „Ја повикуваме меѓународната заедница цврсто да ја осуди намерата на Русија да одржи претседателски избори на окупираните украински територии и да воведе санкции за оние кои се вклучени во нивното организирање и спроведување“, соопшти украинското Министерство за надворешни работи. Министерството, исто така, ги предупреди земјите да не испраќаат набљудувачи на „псевдоизбори“, велејќи дека прекршителите „ќе се соочат со кривична одговорност“. Извор: МИА

Read More

Владата на 206. седница го разгледа и утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани, за справување со енергетската и ценовната криза и одлучи да го прати до Собранието со предлог да биде разгледан и усвоен по скратена постапка. Со законското решение предложен од Министерството за труд и социјална политика, како што информираат од владината прес-служба, се уредуваат корисниците на финансиската поддршка и висината, начинот за обезбедување и исплатата на финансиската поддршка на социјално ранливите категории на граѓани. Корисници на финансиската поддршка којашто се обезбедува согласно Предлогот на закон, се лица од социјално…

Read More

„Смртна опасност“ ќе виси над Украина доколку Западот ја повлече финансиската помош за отпорот против силите на рускиот претседател Владимир Путин, предупреди првата дама на Украина, Олена Зеленска, цитирана од ДПА. Сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека луѓето во нејзината земја ќе бидат оставени да умрат ако светот се измори да дава помош за земјата. Таа јасно ги кажа тие предупредувања во интервју за Би-Би-Си во контекст на британскиот притисок врз републиканците во американскиот Конгрес да одобрат нова американска помош за Кијив. Во четвртокот, британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон ја искористи посетата на Вашингтон за да…

Read More