Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Успешното завршување на скрининг процесот, следните планови во однос на доставувањето на потребните документи за реализација на реформите, стратегијата за Планот за раст што државата во моментов ја развива, како и предизвиците на патот кон ЕУ, беа главни теми на брифинг состанок што попладнево во Брисел го имаше вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ со делегатите од Работна група на Европскиот совет за проширување и за земји кои преговараат за членство во ЕУ (КОЕЛА). Маричиќ се заблагодари до членовите на Советот и до сите засегнати страни кои беа дел од скрининг процесот за поддршката…
За време на скринингот увидовме дека како држава имаме добро ниво на усогласеност на нашето законодавство со европското, но имплементацијата останува предизвик, порача државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања и заменик главен преговарач со ЕУ Дрита Абдиу-Халили во завршното обраќање на денешниот билатерален состанок за „Поглавјето 31 – “Надворешна, одбранбена и безбедносна политика“ од Кластерот 6, со чие затворање заврши скрининг процесот на земјава со ЕУ. – За да ги постигнеме критериумите на ЕУ, потребно е интензивно да работиме во наредниот период, при отворањето на кластерите, затворањето на поглавјата, реформирањето и развојот на нашата земја, до полноправното членство во…
Обединетото Кралство ја обвинува Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) за постојана хакерска кампања, насочена кон политичарите и останати лица од јавниот живот. Владата соопшти дека една група украла податоци преку сајбер-напади, кои подоцна биле објавени во јавноста, вклучително и материјали поврзани со изборите во 2019 година, пренесува Би-Би-Си.
После изјава на Мицкоски за една телевизија дека „поседува озбилни информации“ и дека „ќе ги откриел наскоро“, треба да следува реакција на Јавното обвинителство кое треба да го повика и да му каже дека е должен да ги пренесе тиа информации до оваа институција за да помогне колку што може побргу да се расветлат сите деталји за грозоморните убиства. Ако сега ги има тие информации, зошто најавува дека ќе ги соопшти „за месеци“?!? Пишува: Зоран Бојаровски Некој треба да му каже на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека прикривање на информации за истражна постапка којашто е во тек е кривично…
Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Стратегијата за транспарентност со Акциски план 2023-2026 година, предложена од Кабинетот на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики на добро владеење. -Приоритетни области, според предлагачот, се: унапредување на активната транспарентност; унапредување на пристапот до информации од јавен карактер; на фискалната транспарентност на Владата и другите органи на извршната власт; унапредување на дигиталните можности на институциите за олеснување и автоматизирање на процесот на отворање на податоците; зајакнување на механизмите за отчетност за креирањето на политиките, соопшти вечерва владината прес-служба. Во Акциониот план за 2023-2026 година подетално се разработени мерки, конкретизирани со…
Не знам кој нормален човек или политичар во вакви траорни времиња може да размислува за власт, за избори или за мандати. Изборите се закажани за април и мај следната година и имаме доволно време после Нова година да размислуваме за тие работи, изјави вечерва претседателот Стево Пендаровски. Тој пред почетокот на настанот „30 години дипломатски односи Северна Македонија – Франција“ на новинарско прашање во врска со денешната негова изјава околу кандидирањето за нов мандат, изјави дека во овој момент неговите мисли се насочени само кон последниот трагичен настан со двојното убиство кое се случи во државата. -Прашањето на ваша колешка…
На денешната владина седница е усвоена информацијата од Министерството за култура за пренесување на правото за реконструкција на Универзалната сала, соопшти вечерва владината прес-служба. Со ова, правото за реконструкција на Универзална сала се пренесува од Град Скопје на Министерството за култура. – Владата го задолжи Министерството за култура, по приемот на целокупната документација од Градот Скопје, да ја согледа проектно – техничката и финансиската документација за реконструкцијата на објектот на ЈУ Универзална Сала и за потребните финансиски средства да обезбеди согласност за преземање на обврски на буџетски корисници за наредни три години (2024, 2025 и 2026 година). Владата ја задолжи…
Германија сака Европската унија да ги разгледа санкциите за екстремистичките израелски доселеници кои стојат зад бранот насилство врз Палестинците на Западниот Брег, изјави денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи. САД вчера соопштија дека ќе одбијат визи за екстремистичките израелски доселеници како одговор на насилството на Западниот Брег по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, пренесува МИА. Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, Себастијан Фишер, денска нагласи дека Берлин го поздравува фактот што САД „сега ќе преземат конкретни мерки во форма на ограничувања за влез“. -Беше „важно да се поттикне оваа дебата напред и на европско ниво,…
Четири лица поврзани со руската војска беа денеска обвинети од Министерството за правда на САД за воени злосторства, како измачување, нехуман третман и незаконско затворање на американски државјанин. Ова е првпат САД да поднесат тужби за воени злосторства против руски воени лица според домашното законодавство а за „грозоморни злосторства против американски државјанин“, изјави јавниот обвинител на САД Мерик Гарланд. Обвинетите се именувани како Сејранович Мкртчјан, Димитри Будник, Валериј и Назар (со непознати презимиња). Како што изјавија од министерството, обвнетите наводно испрашувале, тепале и измачувале жртва, се заканувале да ја убијат жртвата и извршиле лажна егзекуција врз неа. Актите се случиле…
Членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска се сретнаа со претставници од Светска банка. Во фокусот на средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, била ажурираната систематска дијагностика за Република Северна Македонија, како и досегашните резултати од партнерството со Светска банка. Сања Маџаревиќ-Шујстер, виша економистка во чија надлежност е регионот на Западен Балкан, посочила дека економскиот раст што го постигнала Република Северна Македонија во изминатиов период не бил доволен за да се затвори јазот во животниот стандард во однос на европските земји и дека тоа е главната причина што многу млади емигрираат во странство. -Северна Македонија има една…
Шефот на ОН предупреди дека очекува „јавниот ред наскоро целосно да се урне поради очајните услови“ во Газа, што во моментов е под големо израелско бомбардирање. -Хуманитарните услови среде војната меѓу Израел и Хамас „брзо се влошуваат во катастрофа со потенцијално неповратни импликации за Палестинците како целина“, наведе генералниот секретар Антонио Гутереш во писмото до претседателот на Советот за безбедност. Извор: МИА
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека барањето на американскиот претседател Џозеф Бајден до Конгресот за дополнително финансирање кое вклучува воена помош за Украина и Израел, исто така ќе биде од корист за американската индустриска база. Барањето за финансирање „ќе вклучува уште 50 милијарди долари што ќе течат низ американската индустриска база“, како дополнување на околу 27 милијарди долари потрошени во повеќе од 35 американски држави, рече Остин на конференција во Вашингтон. „Голем дел од парите ќе ни се вратат преку инвестиции во американски работни места“, рече тој. Остин нагласи дека сите тие пари веднаш ќе бидат вратени…