Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Од руската страна на границата помеѓу Русија и Естонија, кај преминот Ивангород-Нарва се појави провокативен билборд на кој пишува „Руските граници не завршуваат никаде“. Ова го привлече вниманието на советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко кој актот го оцени како провокацијата на Кремљ. „Руските граници никаде не завршуваат! – стои на транспарент закачен на руско-естонската граница на граничниот контролен пункт Ивангород-Нарва. Режимот на Путин ги провоцира европските земји и сака границите да бидат затворени. Ова ќе му овозможи на режимот да го обвини Западот за поставувањето на „железната завеса“. Русија постепено се трансформира во Северна Кореја, напиша…
„Има понуда на масата, треба да ја земете. Ако не ја земете, и вртите грб на историјата, искрено. Тој пат може да изгледа задоволувачки, но тоа ќе ја чини вашата економија, ќе причини повеќе луѓе да сакаат да ја напуштат земјата и, генерално, ќе ја уназади земјата“ изјави помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан за „360 степени“. Тој додаде дека ЕУ е изградена врз компромиси и ставање настрана на конфликтите за креирање на големиот проект. „Тоа што им го велиме на претставниците овде и во соседните земји е дека е во интерес на сите – не…
„Имаме 334.971 корисници на пензија, согласно последниот извештај на ПИОМ за месец октомври 2023 година, помножено со 5.000 денари, кои ВМРО – ДПМНЕ ги предлагаат, е еднакво на 1.674.855.000 денари, односно 27,2 милиони евра месечно, што е вкупна сума од 326,8 милиони евра на годишно ниво“ напиша вицепремиерот Фатмир Битиќи одговарајќи на колумна на Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ и предлогот на опозициската партија за линеарно зголемување на пензиите за сите пензионери. Вицепремиерот истакна дека ваквото зголемување е 2,5 отсто од БДП, но 27,1 отсто од предвидениот буџет на ПИОМ. „Ова значи дека ВМРО – ДПМНЕ со бројки истресени од ракав…
Земјите членки на ЕУ сакаат да водат поголема грижа за менталното здравје на своите граѓани. Земјите се согласија да обезбедат пристап до навремена, ефективна и безбедна грижа за менталното здравје, се вели во соопштението објавено денеска на состанокот на министрите за здравство на ЕУ во Брисел. – Ова е силен сигнал во корист на заедничко дејствување по ова важно прашање, изјави дипломат на ЕУ за ДПА. Податоците на ЕУ покажуваат дека речиси секој втор Европеец имал емоционален или психосоцијален проблем минатата година. Кризите како што се пандемијата на коронавирус, руската агресија врз Украина, климатските промени и порастот на цените на…
Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска се сретна со потпретседателката на Светска банка за регионот Антоанела Басами и регионалната директорка за Западен Балкан Шиаочин Ју. На средбата, како што соопшти попладнево Министерството за финансии, присуствувал и директорот на Светска банка во земјава Максимилијано Паолучи. Соговорниците разговарале за постигнувањата во изминатите 30 години што се реализирани со поддршка на Светска банка. Министерот Бесими ја истакнал важноста на реализираните проекти на Светска банка за развојот на општеството, економијата и животната средина. – Ова партнерство е од исклучителна важност за Владата на Република Северна Македонија, не само од аспект на финансирање, туку и…
Американскиот потсекретар за тероризам Брајан Нелсон денеска изјави дека разговарал со турски официјални претставници, бидејќи САД се загрижени поради тоа што палестинската милитантна група Хамас собира средства во таа земја. „Длабоко сме загрижени поради способноста на Хамас да продолжи да собира средства и да пронаоѓа финансиска поддршка во Турција за потенцијални терористички напади“, им рече Нелсон на новинарите во Истанбул по разговорите со турските власти. Тој додаде дека турските власти го потсетиле дека Хамас не е означен како терористичка организација во нивната земја, но нагласиле дека Турција нема да толерира кршење на законот, вклучително и перење пари и директно финансирање…
Украинскиот амбасадор во ОБСЕ, Евгениј Цимбаљук во обраќањето на 30. Министерски самит на ОБСЕ во Скопје, изрази благодарност до сите земји за поддршката на Украина во борбата за слобода против Русија, со кое, како што рече, придонесуваат и за одбрана на иднината на ОБСЕ. Цимбаљук, симболично во своето обраќање, пред делегатите покажа и пет зрна изгорени од Русија со ирански дрон, објаснувајќи дека Русија досега има уништено стотици илјадници тони житарки, со што, како што нагласи, остави многу семејства низ целиот свет без храна. – На светот му треба вакцина против обидите за користење на храната како оружје, нагласи Цимбаљук.…
Истражна комисија на ОН ќе бара докази за сексуално насилство од припадници на Хамас врз заложниците
Комисијата на ОН што ги истражува воените злосторства на двете страни од конфликтот меѓу Израел и Хамас ќе се фокусира на сексуалната злоупотреба од страна на Хамас за време на нападот на 7 октомври и е на пат да објави повик за собирање докази, изјави нејзината претседателка Нави Пилај, пренесоа британските медиуми. Таа посочи дека ќе ги предаде доказите на Меѓународниот кривичен суд и ја повика институцијата да размисли за гонење поради претходните критики од Израел и семејствата на израелските заложници дека ОН молчат. -Сега сум претседател на комитет што има овластување да го истражи ова прашање. Така што нема…
Украинскиот народен правобранител ја обвини Русија дека блокира каква било размена на воени заробеници меѓу двете земји. „Размена на воени заробеници немаше, бидејќи Русија не го сака тоа“, изјави Дмитро Лубинец во Телеграм. Украинските медиуми потсетуваат дека последната размена меѓу двете земји била на крајот на октомври. „Секоја иницијатива и напор од страна на Украина се соочува со недостиг на желба од страна на Русија да ги врати своите граѓани“, рече Лубинец. Тој ја обвини Русија дека се обидува да сее вознемиреност меѓу семејствата на украинските воени затвореници, велејќи дека Киев е тој што не прави ништо во врска со…
Министерката за одбрана на Република Северна Македонија Славјанка Петровска денеска се сретна со Министерот на Вооружените сили на Обединетото Кралство, Џејмс Хипи. Тема на состанокот била силната одбранбена соработка помеѓу двете земји. Министерот на Вооружените сили на Обединетото Кралство истакнал дека ќе продолжи да ја поддржува Армијата на Република Северна Македонија да ги достигне целите поставени од НАТО како и да се промовира сигурноста и безбедноста во регионот.
Финските власти поставија систем на двојни засилени огради на границата со Русија, покрај која сите гранични премини останаа затворени. „Во моментов граничните премини се затворени. Поставени се бариери и на државната граница и во внатрешноста. Доколку пристигнат луѓе, ќе ги насочиме до каде можат легално да влезат во Финска“, изјави потполковник Јуко Лукари, заменик командант на граничната стража на југоисточна Финска. Лукари рече дека луѓето доколку се приближат до границата од руска страна, финските граничари „ќе им го покажат патот“, но доколку се „во особено ранлива позиција“, тие ќе бидат подготвени „да ја извршат својата должност и ќе се погрижат…
Една од најострите пораки што беа упатени денеска на адреса на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, беше токму од ЦИВИЛ. Организацијата упати остро соопштение за јавноста во кое кажа дека Лавров „не е добредојден“ во Северна Македонија. Лавров допатува во земјава за да учествува на самитот на ОБСЕ кој се одржува во Скопје. Во соопштението, со сарказам се додава дека неговото доаѓање би било прифатливо единствено ако е во својство на сведок на обвинителството за воени злосторства и геноцид, кои земјата од каде што доаѓа Лавров ги спроведува во војната против Украина. Целото соопштение може да се прочита на овој ЛИНК. Активистите…