Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими – Басани: Нотирани постигнувањата на земјава кои се резултат на 30-годишното партнерство со Светска банка

0
By Marta Pesevska on November 30, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 30, 2023 19:42

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска се сретна со потпретседателката на Светска банка за регионот Антоанела Басами и регионалната директорка за Западен Балкан Шиаочин Ју.

На средбата, како што соопшти попладнево Министерството за финансии, присуствувал и директорот на Светска банка во земјава Максимилијано Паолучи.

Соговорниците разговарале за постигнувањата во изминатите 30 години што се реализирани со поддршка на Светска банка.

Министерот Бесими ја истакнал важноста на реализираните проекти на Светска банка за развојот на општеството, економијата и животната средина.

– Ова партнерство е од исклучителна важност за Владата на Република Северна Македонија, не само од аспект на финансирање, туку и во обезбедувањето знаење и експертиза. Потврда за нашата голема соработка се реализираните 65 проекти  во вредност од над 2,8 милијарди американски долари, нагласил Бесими додавајќи дека во тек се девет проекти во износ од 404 милиони американски долари.

Тој потенцирал дека поддршката од оваа меѓународна финансиска институција се одвива во разни области коишто имаат исклучително значаење за државата, како што е обезбедената поддршка за време на ковид-кризата, енергетската криза и други предизвици.

Од страна на Бесими била изразена благодараност за поддршката што Светска Банка ја дава во процесот за обезбедување на заемот за развојни политики насочен кон остварување поотпорна економија и зелен развој, како и за подготовката на новата Рамка за партнерство која ги содржи областите каде Групацијата на Светска банка ќе обезбеди поддршка за развојната агенда на земјата. Новата Рамка го опфаќа периодот 2024-2028 година и се очекува да биде одобрена на почетокот на следната година.

Бесими Светска банка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.