Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Европската агенција за гранична и крајбрежна стража Фронтекс денеска соопшти дека бројот на илегални премини на надворешните граници на Европската унија достигнал околу 331.600 во првите 10 месеци од годинава.
Договорот што ѝ дозволува на Италија да изгради прифатни центри во Албанија за илјадници мигранти спасени во Медитеранот не го прекршува правото на Европската унија, кое се однесува на ова прашање, изјавила еврокомесарката за внатрешни работи и миграција Илва Јохансон. – Првичната оценка на нашата правна служба е дека договорот Албанија-Италија не го прекршува правото на ЕУ, кое се однесува на ова прашње, рекла Јохансон, јави Топ чанел. Според телевизијата оваа нејзина изјава потврдува дека овој договор нема да биде предаден на Судот на правдата на ЕУ. Претходно високиот комесар за човекови права во Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, изјави…
Долгорочната поддршка за Украина е централно прашање за Германија изјави федералниот канцелар Олаф Шолц денеска во Бундестагот, јави дописникот на Укринформ.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел и понудил гориво на болницата Ал Шифа во Газа, за да може да продолжи со работа, но дека милитантите ја одбиле понудата. – Синоќа им понудивме доволно гориво за работа на болницата, работа на инкубаторот и слично, бидејќи не водиме битка со пациенти или цивили, рече Нетанјаху. Израелската армија соопшти дека е подготвена да ги евакуира бебињата од Ал Шифа денеска, но палестинските власти предупредија дека има повеќе луѓе заробени. Досега починаа три бебиња, а загрозени се уште десетици поради прекинот на струја во болницата. – Само што понудивме на Ал Шифа…
Десетици илјади луѓе излегоа денеска на улиците на Париз на протест под мотото „Граѓански марш против антисемитизмот“ поради зголемениот број антисемитски инциденти во Европа од избувнувањето на војната во Газа. Премиерката Елизабет Борн и лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен, меѓу другите, присуствуваа на протестот. Францускиот претседател Емануел Макрон не се приклучи на учесниците на протестот, но ја изрази својата поддршка и ги повика граѓаните да се спротивстават на „неподносливото оживување на неконтролираниот антисемитизам“. Извор: МИА
Според официјалните податоци, речиси пет милиони луѓе во Украина биле принудени да ги напуштат своите домови и да се преселат во други делови на земјата поради повеќегодишните руски напади, јави ДПА, повикувајќи се на заменик-премиерката на Украина задолжена за прашањата на бегалците Ирина Верешчук. Таа за украинската државна телевизија изјави дека во Украина се регистрирани 4,9 милиони внатрешно раселени лица. „Од нив, околу 3,6 милиони луѓе се раселени во Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година“, рече Верешчук. И пред инвазијата, како резултат на долготрајните борби во Донбас во источна Украина, од 2014 година, повеќе од милион…
Портпаролот на СДСМ Дарко Каевски очекува на координација во текот на следната недела во Собранието да се отвори прашањето во однос на работните групи за утврдување на датумот на претседателските и парламентарните избори. -Нашиот став околу датумот за изборите е принципиелен и уште од самиот почеток кажавме дека прво ќе се случат претседателските избори, а потоа во утврдениот законски рок, редовните парламентарни. Во делот на работните групи, очекувам на координација во текот на следната недела со сите координатори на политичките партии што се застапени во Собранието, да се отвори ова прашање и секако, ние како политичка партија, сме подготвени и…
Владејачката коалиција во Германија одлучи да ја удвои воената помош на земјата за Украина за следната 2024 година, со што ќе достигне осум милијарди евра, објави Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори. Доколку оваа сума биде одобрена од парламентот, во кој владејачката коалиција на канцеларот Олаф Шолц има мнозинство, тогаш трошоците за одбрана на Германија би ги надминале два отсто од бруто домашниот производ (БДП), како што бара НАТО. Пратениците на Социјалдемократската партија на Германија на канцеларот Шолц, Слободната демократска партија и Зелените постигнаа договор оваа недела за предложениот федерален буџет за 2024 година, објави Блумберг. Засега нема коментар на…
Исландските власти вчера соопштија дека се подготвуваат за вулканска ерупција на југозападниот дел на островот во наредните денови по серијата земјотреси и докази за брзо подземно ширење на магма. Исландската метеоролошка служба соопшти дека постои „значителен“ ризик од ерупција на или во близина на полуостровот Рејкјанес поради големината на навлегувањето на подземната магма и брзината со која таа се движи, пренесува Ројтерс. „Веројатноста за ерупција е зголемена од утрово и ерупција може да започне во секое време во следните неколку дена“, се вели во соопштението. Исландската Агенција за цивилна заштита во текот на ноќта нареди целосна евакуација на Гриндавик, рибарски…
Ефектот од странските инвестиции и директните придобивки за граѓаните се најважни и тоа е главен приоритет по кој се водиме, изјави Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони – ТИРЗ. -Треба да знаете што ви е приоритет. Дали да сечете ленти и да се сликате додека работниците биле платени 9000 денари. Или пак луѓето ви се приоритет. Мене ми е приоритет на луѓето во оваа држава од чии пари се плаќаат тие компании да дадат придонес назад. А тој се прави преку добро платени работни места и преку парите што ги уплаќаат во буџетот на државата назад.…
Првиот човек на фондацијата Отворено општество на објавата на социјалните мрежи по средбата со македонскиот премиер Димитар Ковачевски напиша дека тој како премиер ја има една од најкотрпните во Европа.
Албанскиот премиер Еди Рама продолжува да дава појаснувања за италијанските медиуми околу прашањето за имигрантите кои од Италија ќе бидат трансферирани во прифатни центри во неговата земја. Во интервју за „Кориере дела сера“ одговора на критичките гласини дека меѓу бегалците може да има и терористи. – За да се гарантира максимална безбедност, вели тој, имигрантите ќе поминат низ филтерот на безбедносните агенции на двете земји. – Нема причина да се плашиме. Едноставно мораме да имаме волја и грижа да ја исполниме оваа заложба со почитување на човечкото достоинство и правилата утврдени за функционирање на оваа заедничка операција, кои вклучуваат и…