Author: Marta Pesevska

Германија дава дополнителни 38 милиони евра за хуманитарна помош на палестинските територии во контекст на страдањата на цивилното население во Појасот Газа во конфликтот меѓу Израел и палестинското исламистичко движење „Хамас“, соопшти германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок. Таа ја даде изјавата вчера за време на нејзините разговори со премиерот на палестинската самоуправа Мохамед Штаје во градот Рамала на Западниот Брег. Така, вкупната парична вредност на хуманитарната помош што Германија ја дава за палестинските територии изнесува 160 милиони евра, посочува ДПА. – Животот на секој човек е подеднакво вреден. Секој Израелец и секој Палестинец имаат право да живеат во…

Read More

Обединетите нации соопштија дека една од нивните канцеларии во градот Газа била гранатирана во текот на ноќта, велејќи дека добиле „извештаи за смртни случаи и повредени“ меѓу цивилите кои биле засолнети таму. „Ова е погрешно во секоја смисла. Цивилите, цивилната инфраструктура и неповредливоста на објектите на ОН секогаш мора да бидат заштитени“, објави администраторот на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Ашим Штајнер на платформата Х (Твитер). .@UNDP/@UN office in Gaza was shelled last night, with reports of deaths & injured among those who sought safety in our compound. This is wrong on every count. Civilians, civilian infrastructure &…

Read More

Планот на Европската унија за раст на економиите на Западен Балкан и става на располагање на нашата држава милијарда евра, велат од СДСМ. Отворени се привилегиите и можностите од зачленувањето во Европската Унија пред време, односно додека траат преговорите. Првиот трансфер треба да се направи со април 2024 година. Тоа значи дека ако продолжат реформите и процесот на интеграција, првиот трансфер од новиот пакет на ЕУ ќе го имаме за пет месеци. Тоа е голема шанса која не смее да се пропушти, а тука е и отворањето на единствениот европски пазар за македонската економија, како и раст на животниот стандард…

Read More

Во Северна Македонија недостига сеопфатен и проактивен пристап за скрининг за рак и тука финансирањето е недоволно. Со притисок од јавноста, се зголеми финансирањето за ретки болести, но, не доволно, за да ги покрие трошоците за медицински третман на сите регистрирани пациенти. Нема напредок кога станува збор за контролата на тутунот. Пушењето на јавни места би требало да биде казнето според законите на ЕУ, но, во оваа држава, не е целосно спроведено.

Read More

Грција ја постави првата блокада на патот на Албанија кон ЕУ, јавија албанските повикувајќи се на грчките медиуми. – Грција не се согласи со писмото на 27 земји членки на ЕУ за отворање на првите поглавја со Албанија.  Можна причина за ова е апсењето  на градоначалникот на Химара, Фреди Белери,  кој е етнички Грк по што Атина обвини дека неговите права се кршат, додаваат медиумите. Според Катимерини, ваквиот развој на настаните претставува разделба на Северна Македонија и Албанија на заедничкиот европски пат. Атина ќе го преиспита својот став, само доколку Тирана преземе чекори со кои ќе покаже дека има простор…

Read More

Израелската војска денеска соопшти дека е подготвена да ги евакуира бебињата од најголемата болница во Газа каде што палестинските власти соопштија дека две новороденчиња починале, а десетици други се загрозени откако снемало гориво во текот на интензивните борби во областа, пренесува Ројтерс. Како што се влошуваше хуманитарната ситуација, граничните власти на Газа соопштија дека преминот Рафа во Египет повторно ќе биде отворен во недела за странци. Хамас соопшти дека целосно или делумно уништил повеќе од 160 израелски воени цели во Газа, вклучително и повеќе од 27 тенкови и возила во изминатите 48 часа. Портпаролот на израелската војска изјави дека Хамас…

Read More

Руските сили ги интензивираа напорите во секторот Бахмут да ги вратат загубените позиции, изјави командантот на копнените сили на вооружените сили на Украина, генерал-полковник Олександр Сирскиј во објава на Телеграм, пренесува Укринформ. „Насоката Бахмут. Русите станаа поактивни, се обидуваат да ги вратат претходно изгубените позиции“, напиша тој. Според Сирски, одбранбените сили дејствуваат професионално и одбиваат непријателски напади. Како што објави Укринформ, изминатиот ден на фронтот се случиле 80 борбени судири. Подготви: М. П.  Извор: ЦИВИЛ Медиа

Read More

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, кој од неодамна стапи на функцијата претседател на партијата ЗНАМ на последната Седница на Советот на Град Куманово со реплика ѝ се обрати на советничката од редовите на ДУИ Арта Адеми дека, како во минатото, така и во иднина е подготвен да биде ставен во функција на кампањите на нејзината партија. Истакнувајќи дека не практикува да се фали со своите дела, Димитриевски потенцираше дека единствените два пати кога го сторил тоа било кога учествувал на манифестации организирани од функционери на ДУИ.

Read More

„Само прогресивците можат да обезбедат поодржлива, поправедна и побезбедна Европа. Денеска во Малага започна Конгресот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) на кој дискутиравме за решавање на клучните предизвици со кои се соочуваме, како што се меѓународната безбедност, економската криза, климатските промени и социјалните прашања“ напиша вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на својот профил на Фејсбук. Тој посочи дека СДСМ активно учествува и придонесува во суштински дискусии за иднината на Европа, фокусирајќи се на прогресивните вредности, зелената транзиција и заштитата на демократијата и информираше дека Конгресот на ПЕС се одржува во време на големи предизвици за Европа и непосредно…

Read More

Европската комисија соопшти дека денеска и утре ќе се реализираат два од вкупно шест дополнителни летови со хуманитарна помош наменети за жителите на Газа. „До крајот на неделата со авиони од италијанскиот град Бриндизи ќе бидат испратени 55 тони помош. Следната недела од Букурешт ќе бидат реализирани три лета, а Романија ќе обезбеди шатори. До крајот на месецот авион со помош на ОН ќе полета од белгискиот град Остенде“, се додава во соопштението. Преку воздушниот мост отворен меѓу ЕУ и Египет, изминатите недели беа реализирани 14 летови и испратена е итна помош од 550 тони. Претседателката на Европската комисија, Урсула…

Read More

Обилните и интензивни врнежи од дожд овозможија зголемено ниво на вештачките акумулации на каскадата на реката Дрим, а последователно на тоа и зголемено производство на електрична енергија. Како резултат на тоа, во последните три дена албанската Електрокорпорација – КЕШ од продажба на струја инкасирала над 5 милиони евра. КЕШ успеа да продаде 52.400 мегавати, со просечна цена од 100 евра за мегават. Ова доаѓа по период од три  месеци, кога земјата на странскиот пазар потроши над 36 милиони евра за набавка на електрична енергија, за задоволување на потребите на потрошувачите. Албанскиот енергетски систем во сегашната фаза останува зависен од увоз,…

Read More

Една ветровитата ноќ во објектот на Елон Маск во SpaceX во Мекгрегор, Тексас, Лони Лебланк и неговите соработници сфатиле дека имаат проблем. Работниците  требале да пренесат пена изолација до главниот хангар на ракетната компанија, но им недостасувале ремени за да го зацврстат товарот. Лебланк, релативно нов вработен, понудил решение да го задржи товарот со тоа што седнал врз него, објави Ројтерс.

Read More