Author: Marta Pesevska

Вкупно 69 борбени ангажмани биле забележани долж првите борбени линии во Украина, пренесува Укринформ. „Непријателот изврши два ракетни и 26 воздушни напади, како и 62 напади со повеќе системи за лансирање на ракети, врз позициите на нашите војници и населените области. Како резултат на руските терористички напади меѓу цивилното население има загинати и ранети. Приватни станбени згради и други цивилни инфраструктурни објекти се или уништени или оштетени“, стои во извештајот на Генералштабот на вооружените сили на Украина. Во раните утрински часови денеска, Русите лансираа пет еднонасочни нападни беспилотни летала Шахед-136/131, од кои четири беа пресретнати од украинските сили за воздушна…

Read More

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денес се сретна со германскиот министер за одбрана Борис Писториус во Берлин. Столтенберг му се заблагодари на министерот за одбрана Писториус за неговото лидерство во трансформацијата на германскиот Бундесвер и за главниот дел на Германија во зајакнувањето на одбраната на НАТО, објави НАТО.

Read More

Руските напаѓачи на дневно ниво фрлаат повеќе од 100 воздушни бомби на населени места во зоната на фронтот, изјави Јуриј Ихнат, портпарол на командата на украинските воздухопловни сили, кој зборуваше во интервју за Украинското радио, пренесува Укринформ. „За жал, денес имаме негативни „рекорди“ – ни фрлаат повеќе од 100 воздушни бомби дневно. И на овој начин сериозно ги притискаат нашите војници, нанесувајќи штета не само на нашите сили, туку и на цивилната инфраструктура. Со употребата на толку голем број воздушни бомби, од кои секоја тежи по 500 килограми, непријателот всушност се обложува на масовно бришење на сè што им е на…

Read More

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски ќе биде во работна посета на Париз, каде што ќе се обрати на 42. Генерална конференција на УНЕСКО, соопшти вечерва владината прес-служба. На официјалната посета на УНЕСКО, Ковачевски ќе биде пречекан од Одре Азуле, генерална директорка на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации. -Во рамки на посетата, премиерот Ковачевски заедно со повеќе шефови на држави и влади, лидери на меѓународни организации, влијателни личности од меѓународниот бизнис, од граѓански организации, од академската заедница ќе присуствува на отварањето на 6. Париски мировен форум. Главна цел на Форумот е да ја поттикнува соработката и трагањето…

Read More

Албанскиот премиер Еди Рама, договорот за прифаќање илегални мигранти во неговата земја, не го потпишал за Албанија да влезе во Европската унија, туку да и помогне на Италија. – Ова не го направивме затоа што Италија ќе ни ги отвори преговорите. Отворањето преговори и влезот во Европската унија не се случува така. Не е точно дека Италија вели земи три илјади мигранти и ќе те пуштиме во ЕУ. Во каков свет живееме, треба да бидеме посериозни кога разговараме за овие прашања. Ова прашање ми е многу комплицирано, не можам да најдам никаков одговор за протокот на имигранти кои доаѓаат преку…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски во своја објава на Фејсбук напиша дека Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентирал Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2023 година.

Read More

Новата влада на Словачка денеска го отфрли претходно изготвен план за донирање ракети и муниција на Украина, следејќи го ветувањето на идниот премиер Роберт Фицо да ја запре воената помош за Кијив додека се бори против руската инвазија, пренесува Ројтерс.

Read More

Во изгорена куќа во кибуц Беери, израелски археолози трагаат по човечки останки, во надеж дека ќе ги идентификуваат жртвите кои се уште се водат за исчезнати месец дена по смртоносниот напад на Хамас, пренесува Ројтерс.

Read More

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во состав од Арбер Адеми, претседател и Марија Петрушевска член на Комисијата за европски прашања денеска учествувше на Конференција на тема „Парламентарната димензија на Берлинскиот процес“, што се оддржува во Берлин, на покана на претседателот на Комисијата за европски прашања во Германскиот Бундестаг, Антон Хофрајтер. Како што информираат од собраниската прес-служба, на Конференцијата, на која присуствувале парламентарни делегации на комисиите за европски прашања на земјите од Западен Балкан, а чие оддржување се поклопува со денот на објавувањето на годишните извештаи за напредокот на земјите од ЗБ, се потенцира потребата за вклучување на парламентите…

Read More

Шефот на делегацијата на Европската Унија во земјава Дејвид Гир денеска во Владата му го врачи Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2023 година на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. На состанокот се дискутираше за Извештајот, планирањето на следните чекори за реализирање на стратешката цел за приклучување кон ЕУ, планот за раст и реформскиот план за Северна Македонија и Западен Балкан. Вицепремиерот Маричиќ се заблагодари на амбасадорот Гир и Европската Унија за будното следење и излегување во пресрет на нашите барања, по што следува детална анализа за извештајот од страна на Владата и заложување за продолжување…

Read More

Лидерите на земјите од групата Г7 инсистираат на тоа дека нивната поддршка за Украина „никогаш нема да се поколеба“, дури и во услови на растечки тензии на Блискиот Исток, пренесува Би-Би-Си. На состанокот на Г7 во Јапонија, министрите за надворешни работи на блокот рекоа дека признаваат дека Русија се подготвува за долга војна. Тие повторија дека ќе продолжат да го поддржуваат Кијив на економски и воен план. Во Токио, владите на земјите од Г7 – Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Канада и САД – како и претставниците на ЕУ, изјавија дека војната Израел-Газа не треба да го одвлекува вниманието…

Read More