Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Од октомвриската плата, директорите во институциите од културата ќе земаат поголеми плати, потег што беше поздравен од Синдикатот на културата. Октомвриските плати на директорите ќе бидат за 40 до 50 отсто повисоки, како резултат на колективниот договор во кулутрата, кој според синдикатот беше оценет како еден од најдобрите во регионот. Од синдикатот сега побараа од директорите покомпетна организација на работниот процес во своите институции, борба за посдржајна програма и повеќе проекти, финансирани од државата, но и од европските и меѓународните фондови. Според синдикатот директорите треба да ги ангажираат сите вработени во работниот процес, да обезбедаат соодветни услови за работа во…
Вкупно 510 деца се убиени, а над 1.143 се повредени во Украина од почетокот на руската инвазија изјави украинското државно обвинителство за Телеграм, јавува дописникот на Укринформ.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во нејзината неочекувана посета на Кијив, Украина во пресрет на извештајот следата недела, во кој подробно ќе биде опишан напредокот на Украина во нејзините напори да се приклучи кон Европската Унија. Во своја објава на Инстаграм Фон дер Лајен истакна дека со заеднички сили со Зеленски ќе ја закружат Унијата и му испрати порака на претседателот на Украина дека заедно ќе ја внесат Украина во заедничкиот европски дом. „Ова е сон на хероите на Украина и на мачениците на Украина, И тоа е и наш сон. Заедно ние сме Европа. Да живее…
Аеродромот во Хамбург е затворен откако синоќа вооружен маж со автомобил ја пробил оградата, пристигнал на пистата и двапати пукал во воздух. Во меѓувреме е потврдено дека во возилото има и дете. Сопругата на вооружениот маж претходно ја информирала полицијата поради евентуално киднапирање на дете. Германскиот весник Билд објави дека станува збор за турски државјанин кој како заложник ја држи неговата четиригодишна ќерка. Во тек е заложничка ситуација. Нашиот преговарачки тим е во контакт со лицето во автомобилот. Ситуацијата останува статична портпаролот на полицијата во Хамбург. Извор: МИА
САД ќе и достават на Украина дополнително оружје и опрема за нејзината континуирана борба против руската инвазија, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Најавеното оружје во вредност од 125 милиони долари доаѓа во време на очекувањата за нова воена помош за Кијив. Последната транша оружје е можна бидејќи претседателот Џо Бајден ги користи своите овластувања за итни случаи за да ги пренесе вишокот артикли од резервите на САД, без одобрение на Конгресот. Извор: МИА
Пентагон потврди дека САД вршат невооружени летови со беспилотни летала над Појасот Газа за да помогнат во напорите за лоцирање на околу 240 заложници кои ги држи Хамас. – Во поддршка на напорите за откривање на заложниците, САД спроведуваат невооружени летови на беспилотни летала над Газа, како и обезбедуваат совети и помош за поддршка на нашиот израелски партнер додека работат на нивните напори за враќање на заложниците, истакна портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер. Извор: МИА
„Јас и моите колеги во Собрание веруваме во искрената намера на министерот за правда да го реши големиот и долгогодишен проблем со пренатрупаноста и лошите услови во затворите. Министерот за правда покажа навистина голем интерес за оваа тема којашто значи унапредување на човековите права, односно унапредувањето на условите во затворите. Меѓутоа, со самото иницирање на овие законски одредби се јави дискусија дали ова решение ќе го реши проблемот“, рече пратеничката од редовите на СДСМ Санела Шкријељ на Телевизија 21. Таа додаде дека пратениците побарале анализи и податоци и посочи дека овие законски измени со предлог законот за амнестија, бројот на…
Во војната меѓу Израел и Газа е многу поверојатно да се дојде до брзо политичко решение, додека војната меѓу Русија и Украина нема да се реши политички во скоро време, бидејќи некој треба да победи, а некој да изгуби, изјави Тимоти Д. Снајдер, американски историчар и професор по историја на Универзитетот Јеил, во коментар за Укринформ. Коментирајќи за она што е заедничко и различно помеѓу двете денешни војни, Снајдер забележа: „Војната во Украина е една од најмалку морално комплицираните војни што може да се замисли. Агресијата и геноцидот се на една страна. Ужасната пропаганда и тероризмот се на една страна.…
Во врска со набавката за возила за потребите на високите делегации кои ќе пристигнат во земјата за Министерскиот Совет на ОБСЕ и во интерес на вистината замолуваме вашиот медиум интегрално да ја пренесе нашата реакција во однос на сите шпекулации кои се појавија во однос на оваа набавка. Не е точно дека Министерството ќе потроши преку 900.000 илјади евра како што се тврди во медиумите за изнајмување на возила. Станува збор за рамковен договор а од понудувачите е побарана цената да биде дефинирана за изнајмување по ден и по возило. Ова значи дека само откако ќе се исцрпат сите домашни…
Европската комисија донесе одлука да издвои дополнителни 26,7 милиони евра хуманитарна помош за земјите во регионот на Рогот на Африка и на Големите езера во источниот дел на африканскиот континент, кои се соочуваат со повеќекратни кризи предизвикани од конфликти и елементарни непогоди поврзани со климатските промени. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, овие дополнителни средства првенствено ќе бидат наменети за помош на лицата во Јужен Судан, Уганда, Сомалија и Демократска Република Конго, кои ги напуштиле своите домови бегајќи од конфликтите и природните непогоди. Од вкупните средства, 6,4 милиони евра ќе бидат наменети за згрижување на бегалците од Судан…
Моделот кој моментално се применува при изградба на патиштата не ги дава посакуваните резултати и ги пролонгира финалните рокови, ова го истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој се обрати на вториот ден од Првата Конференција за патна инфраструктура што се оддржува во Охрид. На панел дискусијата насловена како „Нов концепт за ефикасно градежништво“ освен министерот Бочварски се обратија и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, Џош Бејкер, претставник на компанијата Бехтел, Џанберк Атила, претставник на компанијата Енка и Михо Јаневски, заменик претседател на Здружението за градежништво при Стопанската комора. Министерот Бочварски ги потенцираше придобивките од…
Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) е заинтересирана за поддршка на инвестиции во земјава во делот на енергетиката од обновливи извори, било истакнато на денешната средба на вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи со Висар Пирани, нов офицер на ИФЦ како дел од Групацијата на Светска банка, надлежен за Косово и Северна Македонија. Како што соопштуваат од владината прес-служба, на средбата, која беше продолжение на состанокот кој вицепремиерот Битиќи пред неколку недели го имаше во Вашингтон со високи претставници на ИФЦ, Битиќи, ја искажа неговата благодарност за интересот на ИФЦ да го развие приватниот сектор…