Author: Marta Pesevska

Израелските сили убиле уште еден командант на Хамас за време на нивниот втор напад врз најголемиот бегалски камп во Газа во последните два дена, соопшти војската, додека првата група цивили евакуирани од опколената енклава преминале во Египет, пренесува Ројтерс. Израел ја интензивира својата воена офанзива против милитантите на Хамас, бомбардирајќи го густо населениот Појас Газа од сите страни со цел уништување на исламистичката група по нејзиното смртоносно дивеење во јужен Израел на 7 октомври. Подготви: Марта Пешевска Извор: ЦИВИЛ Медиа

Read More

Директорот на Канал 5 телевизија, Иван Мирчевски се вклучи во емисијата „Само вистина“, за да му каже на гостинот, поранешниот пратеник Исмет Рамадани да ја напушти емисијата. На Мирчевски не му се допадна тоа што го кажа гостинот, и реши да го отстрани од емисијата, ускратувајќи му го правото на слобода на говорот. Истовремено, во јавувањето Мирчевски изрази лични ставови во однос на етничките односи во Северна Македонија. Се очекува реакција на АВМУ, Советот на честа, ЗНМ, ССНМ. МАН веќе реагираше, се разбира, со поддршка на Канал 5. Извор: ЦИВИЛ Медиа

Read More

Претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери на денешната средба со потпретседателката на германскиот Бундестаг, Ајдан Озогуз истакнал дека оваа посета е знак на континуираниот германски интерес за унапредување на соработката на сите нивоа, вклучително и на парламентарно ниво. Џафери истакнал дека Сојузна Република Германија е наш силен поддржувач, особено на патот кон евроинтеграциите и изразил надеж дека овој континуитет на интензивната соработка ќе продолжи и понатаму. -Тој ја истакна нашата определба во рамките на НАТО алијансата рамноправно да учествуваме во сите активности со нашите партнери, вклучително и во контекст на Украина каде сме активно вклучени во обезбедувањето…

Read More

Би-Би-Си ќе почне итна радио програма за жителите на Појасот Газа како одговор на конфликтот во регионот, пренесува Би-Би-Си. Службата за итни случаи – Газа дејли – секојдневно ќе емитува значајни вести за жителите на Газа во ова кризно време. Слушателите во Газа ќе имаат пристап до најновите информации и случувања, како и безбедносни совети за пристап до засолниште, храна и вода. Со емитување од Каиро и Лондон, Радио „Газа“ ќе започне со свое прво емитување овој петок, со второ емитување следниот петок, на 10 ноември. Светскиот сервис на БиБиСи има долга историја на реагирање на итни ситуации на глобално…

Read More

Руско-бугарски структури во опозициската ВМРО-ДПМНЕ работат за да не поминат уставните измени и Македонија да смени дискурс и да биде далеку од ЕУ, рече претседателот на Евроатлантскиот совет, Исмет Рамадани во „Само вистина“ на Канал 5.

Read More

„Руската војска фрли две бомби врз градинка во областа Берислав“, напиша во своја објава на Фејсбук шефот на регионалната воена управа, Александар Прокудин, пренесува Укринформ. „Руската армија уништи уште една образовна институција во Херсон“ стои во објавата. Прокудин објави фотографија од последиците од непријателското гранатирање и посочи како изгледа денес детска градинка во една од населбите на Берислав. „Денеска руската војска фрли две бомби врз институцијата која порано ги образуваше децата“. Како што е соопштено, окупаторите од дрон нападнале 68-годишен маж во Змиивка. Подготви: Марта Пешевска Извор: ЦИВИЛ Медиа

Read More

Генералниот секретар Јенс Столтенберг денеска во своето обраќање на 75-тата седница на Нордискиот совет во Осло, рече дека длабоката соработка меѓу нордиските земји по долгогодишно непријателство покажува дека „мирот е секогаш можен“. Тој подвлече дека градењето пријателство и доверба меѓу носителите на одлуки е особено важно „во време кога поларизацијата, фрагментацијата и сомнежот ја загрозуваат довербата во демократијата и отворените општества што сакаме да ги изградиме“. Тој посочи дека наскоро целиот нордиски регион ќе биде во НАТО, пренесува НАТО. Генералниот секретар на НАТО ги осуди терористичките напади на Хамас врз Израел и ја нагласи важноста на одговорот на Израел во…

Read More

„Еден од поуспешните проекти е Мој ДДВ и сосема си го оправда своето постоење. Ние од денес почнуваме со исплата за претходното тромесечје. За третото тромесечје од 2023 година, повратот ќе биде околу 790 милиони денари, а ќе се однесува на 459.670 корисници на оваа мерка. Бројката на корисници се зголемува и им благодарам на граѓаните кои се наши инспектори кои што пријавуваат и овозможуваат да се бориме со сивата економија,“истакна Лукаревска на Македонската Телевизија. Лукаревска посочи дека повратот на ДДВ од наредната година може да биде и повисок од моменталниот од 2100 денари, односно тој постепено да се зголемува.

Read More

Претседателката на ЕK, Урсула фон дер Лајен пристигна во Скопје, од каде што ja започнува минитурнејата низ земјите од Западен Балкан. На аеродромот во Скопје ја пречека вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Матричиќ, кој веста ја соопшти на Фејсбук. „Добредојде во Скопје за претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, од каде ја започнува турнејата низ Западен Балкан. Посетата е позитивен сигнал за европската перспектива на регионот и е во клучен момент за нашиот евроинтегративен процес“, напиша Маричиќ. „Имаме важни прашања кои треба да ги отвориме за реформите и обврските пред завршувањето на скрининг процесот и пред објавата…

Read More

Во општината Кисела Вода во станбени згради на граѓаните на Кисела Вода циркулираат летоци на кои стои слика од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој носи скап саат и текст „Од каде има Орце 7600 швајцарски франци за луксузен саат 8000 евра се тоа Орце, 30 плати на еден работник! Лапај Орце лапај ама ќе дојдат избори“. Граѓаните на оваа општина се разочарани од фактот дека и покрај тоа што нивната општина се брои во најзадолжените општини во државата, нивниот градоначалник се перчи со часовник кој вреди 7.600 швајцарски франци. Имено, за период од две години, долгот во времето на Орце се…

Read More

Потпретседателката на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) Радмила Шекеринска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, вчера учествуваа на панел дискусијата „Влијанието на анти-родовото движење на агендата на жените, мирот и безбедноста“ во рамки на регионалната социјалдемократска Академија за женско лидерство во Скопје. Во своето излагање, Шекеринска потенцираше дека жените, мирот и безбедноста се многу поврзани со реалниот живот и дека жените многу подобро се справуваат со предизвиците, тие треба да бидат погласни, но и да разговараат за феминистичките прашања. Во своето излагање, таа изјави дека борбата и аргументите се пред нас, можеме да се ангажираме со емоции и страст,…

Read More

Пред сто години, на 29 октомври 1923 година, Мустафа Кемал Ататурк ја прогласи Република Турција, секуларна, прозападна и, за тоа време, демократска држава создадена на урнатините на Отоманската империја. Новиот долгогодишен неприкосновен лидер на Турција, Реџеп Таип Ердоган, нема намера да организира посебни прослави по тој повод, бидејќи неговата визија и патот по кој оди да ја води Турција се сосема различни од онаа на Ататурк. И засега во тоа успева со своите намери, пишува агенцијата ДПА, а пренесуваат германските медиуми. Турција е основана по распадот на Отоманската империја. Ататурк наметнува промени и реформи во земјата на авторитарен начин, од…

Read More