Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Постигнат е договор за заеднички настап на опозицијата собрана околу протестите „Србија против насилство“ на претстојните парламентарни, покраински, локални и избори за градот Белград на 17 декември. Ова денеска беше официјално соопштено на прес-конференција во Белград, пред влезот на Народното собрание, јави дописникот на МИА од Белград. Носители на листата на републичките избори ќе бидат Мирослав Алексиќ и Мариника Тепиќ, додека прв на листата ќе биде Радомир Лазовиќ, а на изборите во Белград носители ќе бидат Добрица Веселиновиќ и Владимир Обрадовиќ, кој ќе биде кандидат за градоначалник, а прва на таа листа ќе биде Мила Поповиќ. Носителите на листите за…
Европската Унија ќе продолжи да соработува со земјите од Западниот Балкан, како и со Украина, Молдавија и Грузија и ќе ги поддржува нивните реформски напори на патот во приближување кон блокот, се наведува во заклучоците од дводневниот Самит на ЕУ што заврши попладнево во Брисел. Во однос на регионот, лидерите на ЕУ изразија и длабоко загриженост за безбедносната ситуација на северот на Косово, најостро осудувајќи го „насилниот напад“ врз косовската полиција на 24 септември 2023 година. – Европската унија очекува сторителите да бидат уапсени и брзо изведени пред лицето на правдата, а Србија целосно да соработува и да ги преземе…
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека нацрт-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство во Косово, претставен од западните дипломати, веднаш ќе биде проверен од Уставниот суд за да се оцени неговата уставност доколку договорот биде потпишан во Брисел, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти на денешната прес-конференција изјави дека тоа му го кажале и самите западни дипломати, кои минатата сабота беа во посета на Косово и Србија за да го претстават нивниот нацрт-статут, со кој се настојува да се деблокираат преговорите меѓу Косово и Србија по нападот на српска група во северно Косово на 24 септември. Според Курти,…
На денешната владина седница донесени се одлуки за одобрување на урбанистичките проекти за патните делници Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани, кои се дел од Коридорот 8. – Владата го одобри Урбанистичкиот проект за градби од стратешки интерес за изградба на патен Коридор 8, делница на автопат: Тетово – Гостивар. Во оваа фаза, предмет на овој Урбанистички проект се 15.4 км од вкупната должина. Останатиот дел од трасата ќе биде предмет на дополнителни урбанистички проекти. Вкупната должина на автопатската делница Тетово – Гостивар е околу 17.5 км, информираа попладнево од владината прес-служба. Со урбанистичкиот проект за делницата на автопатот Гостивар – Букојчани опфатени…
Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека во однос на начинот на сметање на времето со евентуално укинување на промената од зимско во летно и обратно, државава ќе се прилагоди кон одлуките на Европската комисија. – Ќе носиме одлуки согласно со одлуките што ќе се носат во Европската унија имајќи предвид дека нашата најголема економска соработка, над 75 отсто е со членките на Европската унија. Каква одлука ќе се донесе во Европската комисија, тоа ќе се преслика и во нашата држава, рече денеска Бектеши на новинарско прашање. Не се направени конкретни анализи, а според предлозите што ги подготвила работната група…
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и еврокомесарот за правда Дидиер Рејндерс на денешната средба во Скопје, како што соопштија од Секретаријатот за европски прашања (СЕП), разговарале за клучните теми за процесот на европска интеграција,како што се владеењето на правото и судските реформи. -Соговорниците се согласија дека владеењето на правото и консензусот се клучни на патот кон ЕУ и дека Северна Македонија мора да го забрза усогласувањето со најдобрите практики и процедури на ЕУ, во оваа најважна област од преговарачкиот процес со ЕУ, се наведува во соопштението. Вицепремиерот ја искористил приликата да се заблагодари за поддршката на ЕУ за Северна…
Албанскиот премиер Еди Рама во својот говор во Европската комисија на отворањето на форумот „Глобална порта“ зборуваше за актуелните предизвици на Европа како и за развојните приоритети и порача дека Албанија и Западен Балкан треба да бидат составен дел од европските програми за финансирање, јави abcnews.al. -Ова е најтешкиот брак, но вреди. Јас имав неколку неуспеси во бракот, но откако ја најдов вистинската и сум среќен со неа, верувам дека тоа ќе се случи и со Албанија и другите кога ќе се венчаат со ЕУ. Ќе ви кажам еден мал факт, бидејќи сакам да знаете дека сета моја насмевка, сета…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во обраќањето до нацијата изјави дека земјата „се подготвува“ за копнена операција во Газа, а војниците веќе „елиминирале илјадници терористи“. „Сите милитанти на Хамас се осудени на пропаст“, вели тој, додавајќи дека „деноноќно“ се работи на нивно сузбивање. Тие се мртви луѓе кои одат, вели шефот на израелската Влада, пренесува МИА. – Се наоѓаме на пикот на борбата за нашето постоење, потенцира Нетанјаху и појасни дека двете цели се да се уништи Хамас и да се вратат заложниците. Тој изјави дека кабинетот работи „без политички размислувања“. Нетанјаху соопшти дека Израел се подготвува за копнена операција, но…
Северна Македонија ги отвори вратите за околу 800 бегалци од Авганистан, силно демонстрирајќи солидарност и одговорност кога тоа беше најпотребно, истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денешната панел дискусија насловена “Поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан”, во организација на Националниот демократски институт. Во својот говор, како што соопшти МНР, министерот Османи изрази задоволство од успешно завршената мисија за привремено сместување на загрозените лица од Авганистан, кои ја напуштија Северна Македонија и се упатија кон земјите од нивната конечна дестинација. -Во тоа тешко време, целосно ја разбравме потребата да ги засилиме нашите напори за да им помогнеме на…
Европската Унија работи на паралелни реформи во институциите, буџетот и процесите за донесување одлуки, со цел до 2030 година да се создаде погодна средина за нејзино проширување, порача денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по средбата во Брисел со еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан. – Треба да го задржиме континуитетот во спроведувањето на реформите кои ќе дадат суштински резултати за забрзување на пристапниот процес, наведе Маричиќ во објава на Фејсбук по средбата. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Хан на средбата изразил охрабрување и поддршка за земјава да продолжи со тековен преговарачки процес, бидејќи следат…
Претседателот Емануел Макрон денеска најави дека Франција испраќа брод на морнарицата за поддршка на болниците во Појасот Газа, што се изложени на ризик од колапс под израелското бомбардирање и опсада. Бродот „ќе го напушти Тулон во следните 48 часа“, рече францускиот претседател за време на заедничката прес-конференција во Каиро со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси. Франција, исто така, ќе испрати авион со медицинска опрема во Египет за да биде пренесен на палестинската територија. Извор: МИА
Пред 18 дена грозоморниот терористички напад на Хамас врз Израел предизвика уште поголем конфликт и страдање во регионот, русија води империјалистичка агресивна војна против нејзиниот помал демократски сосед Украина, ние сме во климатска криза и се уште се опоравуваме од Ковид пандемијата која уништи животи, средства за живот и трговијата, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во воведното обраќање на Форумот „Глобална порта“ во Брисел. – Тоа се големи предизвици кои не засегаат сите нас и бараат наша соработка. Судбината на сегашните и идните генерации зависи, повеќе од кога било досега, од квалитетот и квантитетот на…