Author: Marta Pesevska

Службата за безбедност на Украина (СБУ) му помогна на чешкото контраразузнавање да ја разоткрие проруската мрежа на влијание врз европратениците во Прага, изјавија извори за Укринформ. Во пресрет на јунските избори за Европскиот парламент, чешкото контраразузнавање ја разоткри проруската мрежа на влијание врз европратениците во Прага, со која раководеше Виктор Медведчук, сојузник на Владимир Путин, велат изворите. Проруската мрежа им платила на политичарите да ги фалат Русија и Путин во европските медиуми. Според изворите, активноста на мрежата имала за цел да донесе што повеќе проруски политичари во Европскиот парламент. Дополнително, голем број европски политичари кои беа поддржувачи на Путин сега…

Read More

„Колку што јас разбрав, иако до овој момент од денот кога беше објавено од страна на Антикорупциската комисија дека отвораат случај за набавката на хеликоптерите до денес, во Министерството за одбрана не е пристигнато барање од стана на Државната комисија за спречување на корупција со кој побаруваат од нас дали било некои документи или материјали итн, изјаснувања по таа претставка. Чинам разбрав од јавноста дека станува збор за анонимна претставка која е испратена до нив, но нејсе. Јас веднаш ја поздравив нивната проактивна улога и нивниот интерес да го испитаат како што велат тие овој случај, иако за мене нема…

Read More

Српската полиција проверува дали исчезната двогодишна Данка Илиќ е на видеото денеска објавено на социјални мрежи, на кое се гледа мало девојче во присуство на две жени во Виена. Според српските медиуми, двете жени се Романки. Полицијата сега интензивно работи на идентификација и на лоцирање на девојчето за кое се тврди дека е Данка Илиќ. Полицијата во текот на ноќта ги информирала и австриските колеги и на Европол ги испратила сите податоци и снимки. Мајката на Данка, како што пренесува Индекс, вели дека не го видела видеото, бидејќи не посетува социјални мрежи. Вујото и дедото на Данка ја виделе снимката,…

Read More

Косовскиот премиер Албин Курти ја обвини Србија дека и 25 години по завршувањето на војната во Косово продолжува да ги негира злосторствата извршени врз Албанците, јави дописникот на МИА од Приштина. Во објава на неговата страница на Фејсбук, Курти напоменува дека од само пет масовни гробници во Србија се ексхумирани телата на над 950 косовски Албанци, цивили, убиени во војната од 1998-99 година. – На Србија сè уште и недостига прифаќање на вистината и правдата за злосторствата извршени за време на војната во Косово. Како Влада на Република Косово, ја повторуваме нашата посветеност да не престанеме да бараме расветлување на…

Read More

Студентката на Економскиот факултет во Скопје, Енкеледа Чела, државјанка на Албанија, која е пријавена за исчезната, е Македонка од селото Требиште, област Голо Брдо, потврдија за МИА роднини на девојката. – Енкеледа е стипендист на македонската влада и е на втора година од студиите. И средното економско училиште го заврши во Охрид, со одличен успех, како што успешно ги полага и испитите на факултет. Се надеваме дека ќе биде пронајдена здрава и жива, изјавија за МИА нејзини блиски роднини. Додаваат дека загриженоста е голема кај сите жители во селото и областа, кај најблиските роднини и нејзиот брат и трите сестри,…

Read More

Родителите наместо да корнат коси затоа што нивните деца со часови играат видео игри, треба да ја охрабруваат нивната креативна употреба на технологијата, изјави за Би-Би-Си експертот за вештачка интелигенција Демис Хасабис. Сер Демис Хасабис рече дека децата треба да се охрабрат да создаваат и дапрограмираат. Самиот ко-основач и шеф на DeepMind на Google пораснал со шах и игри. Google ја купи неговата фирма за 400 милиони фунти во 2014 година. Сер Демис изјави за BBC Radio 4 Today дека игрите му помогнале да стане успешен. „Важно е да се нахрани креативниот дел, а не само да се играат [игри]“,…

Read More

Климатските промени влијаат на брзината на ротацијата на Земјата и би можеле да влијаат на начинот на мерење на времето, се вели во една студија. Забрзаното топење на Гренланд и Антарктикот додава дополнителна вода во светските мориња и како резултат на тоа се забавува ротацијата на Земјата. Но, планетата сè уште се врти побрзо од порано. Ефектот е дека глобалните мерила на времето можеби ќе треба да одземат секунда од нашите часовници подоцна отколку што инаку би било случај. „Глобалното затоплување веќе влијае на глобалното мерење на времето“, се вели во студијата објавена во списанието Nature. Координирано универзално време (UTC)…

Read More

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера го прогласи својот близок соработник Милош Вучевиќ мандатор за состав на новата влада за премиер и човек кој ќе ја води новата влада во време на војна во Европа и тензии со Косово, објави Ројтерс.

Read More

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ Некои пријатели ми велат дека не мал број Македонци сакаат да си ја отсечат главата со моторната пила на антиевропејството, антиалбанството и, во крајна линија, на антимакедонството. Затоа што во вмро им велат дека во вратот ќе најдат злато. Хахаха! Јас, пак, верувам дека на 8 мај Македонецот нема да успее да се убие! Не знам дали раката ќе му се затресе или до израз ќе дојде распоредот на неговите витални органи, толку ретко распоредени што и тунелот од некоја крстосувачка ракета ќе го преживее како убод на игла за везење на вилерови гоблени. Македонецот е хибрид од…

Read More

Шефот на најголемата украинска приватна енергетска компанија, ДТЕК, вчера изјавил дека пет од нејзините шест централи биле оштетени или уништени, што резултирало со 80% загуби на производниот капацитет по двонеделните руски напади и дека поправките би можеле да потраат до 18 месеци, објави Ројтерс.

Read More

Во Туркије се одржуваат локалните избори на кои долгогодишниот претседател Тајип Ердоган ќе се обиде да ја врати контролата врз Истанбул од ривалот Екрем Имамоглу, кој има за цел повторно да ја наметне опозицијата како политичка сила по жестокиот пораз на ланските избори, пишуват Дарен Батлер и Али Кучукгочмен во анализата на Ројтерс.

Read More