Author: Marta Pesevska

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека Украина во текот на зимата ќе и возврати на Русија доколку Москва изврши воздушен напад со цел да ја парализира националната енергетска мрежа. – Оваа година не само што ќе се браниме, туку и ќе одговориме, напиша Зеленски на Телеграм. Тој истакна дека Кремљ е свесен за подобрената готовност на Украина да одговори на руските напади. – Непријателот добро го разбира ова. За почеток, тие ја преместија својата флота од Крим, а сега ја преместуваат авијацијата подалеку од нашите граници, посочи Зеленски. Извор: МИА

Read More

Лидерите на земјите-членки на Европската унија  утре и задутре ќе бидат на есенскиот самит, каде главна тема ќе биде ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток. Есенскиот самит традиционално е посветен главно на економски теми, но овојпат на него ќе доминира конфликтот на Блискиот Исток по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври и израелскиот одговор на тој напад, што ја натера хуманитарната ситуација во Појасот Газа е исклучително тежок. Шефовите на држави или влади ќе разговараат за понатамошна поддршка за Украина во текот на претстојната зима. На средбата треба да биде и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тие ќе разговараат…

Read More

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) сметаат дека вчерашната судска пресуда против ИРЛ е поткопување на достоинството на новинарската професија, напад врз интегритетот на новинарите и на слободата на изразување во земјава. – ЗНМ, ССНМ и СЕММ сметаат дека пресудата претставува пораз, која го стави приватниот интерес на моќен бизнисмен пред јавниот интерес и интересот на граѓаните, а при нејзиното носење не е земено предвид начелото на повисок праг на толеранција на критика кој треба да постои кај јавните личности особено оние кои извршувале високи…

Read More

Мерките за ограничување на цените на производите даваат одличен резултат и убеден сум дека до 10 ноември ќе ги имаме целосните анализи за сите производи опфатени со одлуката, оцени денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Навремено минимум 15 дена пред истекот на рокот граѓаните и компаниите ќе бидат известени дали ќе продолжат и понатаму да важат. Во случај да оцениме дека треба да продолжат да важат ќе важат минимум до крајот на годинава, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на паузата на бизнис настанот SUBEX – Suppliers Balkan Expo што денеска и утре се одржува во Скопје во Скопје…

Read More

Во Белград со блокада на централните градски улици проевропската опозиција одржа нов, 25-ти протест „Србија против насилството“, со пар стотина граѓани, јави дописникот на МИА од Белград. И овој протест започна пред Народното собрание, за да потоа преку централните градски улици, долж т.н. медиумска рута граѓаните прошетаа до РТС и до Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ). Пратеникот на Еколошкото востание Александар Јовановиќ Чута на протестот рече дека „се е кажано“ и дека е време за акција. -Ова веќе не е време за зборови, време е за акција. Сите заедно на една страна на 17 декември да го собориме злото.…

Read More

Израелските војници на Западниот Брег извршија рација во куќата на заменик-лидерот на Хамас и еден од основачите на военото крило на организацијата, Салех ал-Арури, кој се наоѓа во Либан, и приведоа членови на неговото семејство, изјавија очевидци, пренесува Тајмс оф Израел. Приведени се 20 лица, меѓу кои и братот на Аури и девет внуци. Војниците влегле во домот на Аури во селото Арура, околу 20 километри северно од Рамала, во зори, при што уапсиле повеќе од 20 лица, меѓу кои еден од неговите браќа и девет внуци, изјавија очевидци. Десетици луѓе биле донесени на сослушување. Ал Арури, кој се наоѓа…

Read More

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и украинскиот претседател Володимир Зеленски телефонски разговарале за случувањата на Блискиот Исток, јавува Анадолија. Како што се наведува во соопштението на Дирекцијата за комуникации на Турција, двајцата лидери разговарале за војната што Русија ја води во Украина, израелско-палестинскиот конфликт и хуманитарната криза во регионот. Ердоган посочи дека е можно по мирен пат да се решат конфликтите во регионот, вклучително и израелско-палестинскиот конфликт. Тој рече дека Турција ќе продолжи да ги вложува сите можни напори за да го постигне тоа. Извор: МИА

Read More

„ Се јави забуна кога моравме да направиме измена на решенијата за плата на вработените во култура, бидејќи претходно во преговорите со репрезентативниот синдикат во областа во култура, не успеавме да постигнеме договор за потпишување на Анекс на колективниот договор како тоа што како што го направија тоа и другите сектори. Токму затоа моравме да имаме правен пат, односно правен механизам врз кој што министерството за финансии ги исплатил нивните плати, покачени за 10 отсто, согласно стапувањето на сила на општиот Колективен договор“ објасни министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во вестите на Канал 5. Таа додаде дека со стапувањето на…

Read More

Хамас“ држи најмалку 210 заложници во Газа, а 307 израелски војници се убиени од 7 октомври, изјави портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари на прес-конференција. Израелските одбранбени сили „ги известија семејствата на 210 заложници задржани во Појасот Газа“, рече портпаролот. – Од 7 октомври „307 израелски војници се убиени“, додаде Хагари. Извор: МИА

Read More

Арапските лидери на денешниот Самит во Каиро го осудија двонеделното израелско бомбардирање на Појасот Газа, повикувајќи на обновени напори за постигнување мировно решение на Блискиот Исток и ставање крај на повеќедеценискиот циклус на насилство меѓу Израелците и Палестинците, пренесува МИА. Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас рече дека Палестинците нема да бидат раселени или протерани од својата земја. – Израелското раководство мора еднаш засекогаш да разбере дека Израел никогаш не може да напредува ако како држава е заснован на неправда. Нашата порака до Израелците е дека сакаме иднина со мир и безбедност и за нив и за Палестинците. Нема да…

Read More

Измените во Кривичниот законик – продолжуваат да бидат топ тема на политичката сцена во Северна Македонија, со меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата за наводни политички калкулации во име на правдата. Од друга страна, граѓаните и интелектуалците кои беа жртви на 11-годишниот режим на Никола Груевски и неговиот братучед Сашо Мијалков во аферата со прислушувањето, која во 2015 година ја обелодени поранешниот опозициски „бунтовник“ Зоран Заев, велат дека се чувствуваат омаловажени по привилегиите што Груевски и Мијалков ги стекнаа како резултат на измените во Кривичниот законик. Правните експерти се поделени. Едни прстот го вперуваат во неажурноста на судството, а други…

Read More

Соло рецитал на џез пијанистот Џејсон Моран, настап на „американското чудо“ Џоел Рос и перформанс на „Rite“, ќе понуди третата вечер на Скопскиот џез фестивал (СЏФ). Моране познат, реномиран и исклучително талентиран џез уметник, со извонредна интелигенција, духовит пристап и истражувачки сензибилитет. Последното гостување на овој брилијантен пијанист на Скопскиот џез фестивал беше во 2008 година, кога се претстави со своето оригинално трио Bandwagon. На годинешното фестивалско издание имаме прилика да го доживееме соло и да уживаме во интимниот пијано перформанс на еден од најпровокативните мислители на модерниот џез. Вториот концерт во Националната опера и балет е резервиран за американското…

Read More