Author: Marta Pesevska

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш ги повика Белград и Приштина да се воздржат од преземање унилатерални дејствија кои би можеле да доведат до зголемени тензии и дополнителна ескалација на ситуацијата, јави дописникот на МИА од Белград. Во последниот шестмесечен извештај за работата на УНМИК, кој се однесува на периодот од 19 март до 18 септември, тој посочи дека страните не постигнале значителен напредок во спроведувањето на Договорот на патот кон нормализацијата и дека допрва треба да се договорат за редоследот на одредбите на неговиот анекс. Според Гутереш, претходните шест месеци биле обележани со постојани несогласувања меѓу Белград и…

Read More

Обединетото Кралство продолжува да дава поддршка на ЕУ интеграција на Западен Балкан, со очекување Северна Македонија да го забрза процесот на преговори со ЕУ, истакнал британскиот специјален претставник за Западен Балкан, Лорд Стјуарт Пич на денешниот состанок со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Маричиќ и Пич, како што соопшти Секретаријат за европски прашања, се согласиле дека секое кочење на евроинтеграцијата ќе значи простор за мешање на трети страни. На средбата било разговарано за текот на преговорите и идните планови на Северна Македонија на патот кон ЕУ, како и за политичките случувања во регионот. Вицепремиерот Маричиќ укажал дека Северна Македонија…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден денеска побара огромен безбедносен пакет од 105 милијарди долари меѓу кои – 61 милијарда долари воена помош за Украина и 14 милијарди долари за Израел како и за гранична безбедност, но парализата во Конгресот значи дека тоа нема да биде лесно, јавија американските медиуми. „Светот гледа и американскиот народ со право очекува нивните лидери да се соберат и да ги исполнат тие приоритети“, рече директорката на Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, Шаланда Јанг во писмото до Конгресот. Барањето на претседателот  Бајден за финансирање доаѓа неколку дена откако тој го посети Израел и вети…

Read More

Евроамбасадорот Дејвид Гир попладнево во Собранието порача дека проширувањето на ЕУ е геостратешка инвестиција на Унијата и дека земјите кои сакаат да станат членки, треба да ги направат реформите коишто се неопходни. -Ова е суштински момент за проширувањето во склоп на Европската унија и пошироко. Мислам дека секој што ги следи случувањата во самата ЕУ, не би можел да го испушти ова чувство на итност, динамика и движечка сила за прашањето на проширувањето. Ова се одразува и во неодамнешната декларација што произлезе од Самитот во Гранада што го опиша проширувањето како геостратешка инвестиција на Европската унија во мирот, безбедноста, сигурноста…

Read More

Во Египет утре ќе се одржи самит за кризата во Газа во момент кога постојат стравувања од ширење на конфликтот на Блискиот исток, но отсуството на високи претставници на САД, главниот сојузник на Израел, и некои други лидери ги намалува очекувањата за тоа што може да се постигне таму. Мировниот самит во Каиро ќе ги собере лидерите на неколку арапски и европски земји, заедно со бројни министри за надворешни работи. Се одржува додека Израел се подготвува за копнен напад врз Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври во кој загинаа 1.400 луѓе. Повеќе од 4.100 Палестинци се убиени…

Read More

Во рамки на Конференцијата за меѓупарламентарен дијалог за понатамошно унапредување на европската интеграција на Западен Балкан, во Собранието на Северна Македонија се одржа средба меѓу генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова и генералната секретарка на Параламентарното собрание на Советот на Европа, Деспина Хаџивасилиу-Цовилис. На средбата, како што соопшти собраниската прес – служба, станало збор за активностите на Собранието за зајакнување на парламентарната демократија. Генералната секретарка Иванова посочила дека Собранието во изминатите шест години прави исклучителни напори за демократизација, и на демократските алатки, и на градење на капацитетите и ресурсите со цел државата да стане парламентарна модерна демократија. Иванова нагласила дека…

Read More

Кибер нападот извршен во септември против Меѓународниот кривичен суд (МКС) беше обид за шпионажа, соопшти организацијата со седиште во Хаг. Засега судот не може да утврди кој стои зад нападот, се додава во соопштението. „Во моментов достапните докази укажуваат на насочен и професионален напад со цел шпионажа. Затоа, кибер нападот може да се смета за сериозен обид за поткопување на мандатот на судот“, велат од судот. Судот има пристап до информации поврзани со наводите за воени злосторства што ги истражува низ целиот свет. Не е јасно дали такви податоци се украдени. Извор: МИА

Read More

Каква било ескалација или продолжување на воените дејствија на Израел во Газа би биле „чисто катастрофални“ за локалното население, нагласи високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди. Таквото мислење Гранди го искажа на прес-конференција во Токио. Тој нагласи дека неговата агенција нема официјален мандат за палестинските територии или Израел, но рече дека „ја споделува загриженоста и екстремната загриженост изразена од многу (негови) колеги, вклучително и генералниот секретар на ОН“ во врска со конфликтот. „Засега не може да се проценат последиците од можното проширување на конфликтот во Либан и на други места“, додаде Гранди. Извор: МИА

Read More

„Во 2023 година според Светската туристичка организација, 35 илјади наши граѓани се вработени во туризмот и угостителството. Тоа се 4 до 5 проценти од вкупниот број на вработени. Ако во 2013 година 0,4 отсто од БДП бил туризмот, во 2018 тој процент бил 1,8, веќе во 2022 година туризмот учествува со 3,6 отсто“ рече директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Љупчо Јаневски на трибината „Ние сме Европа“ во Охрид. Тој додаде дека ако во 2018 година за некој звучело како научна фантастика дека ќе имаме половина милијарда долари приходи од туризмот, во 2023 година тоа станува реалност.…

Read More

„Интересни се паралелите меѓу Словенија и Северна Македонија дека и двете имавме билатерални проблеми и притисоци. Словенија имаше билатерални прашања со Италија и Италија на европско ниво ги подигна проблемите што сакаше да ги реши со Словенија“ рече словенечкиот амбасадор во земјава, Грегор Прескер на трибината „Ние сме Европа“ во Охрид. Тој додаде дека Словенија и Италија тогаш постигнаа тн. шпански компромис и направи паралела со францускиот предлог кој го доби земјава минатата година. „Целта на Владата и опозицијата во Словенија беше иста, члнество во ЕУ што е можно поскоро. Опозицијата се спротивставуваше на Владата, но и тие работеа за…

Read More

„Ако немаме здрава животна средина не може да очекуваме дека ќе одиме напред во туристичкиот сектор. Животната средина е можност, но и предизвик“ рече министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова на трибината „Ние сме Европа“ во Охрид. Таа додаде дека земјата треба да се насочи кон поурамнотежен развој преку превенција и да се практикуваат политики за континуиран економски и социјален напредок без да се наштетува на животната средина. „Треба да ги почитуваме нашите закони во кои е внесено европското законодавство. Имаме европски закони, сега од нас зависи колку брзо ќе ги спроведеме“ рече Шукова. Министерката додаде дека…

Read More

„Голем број од околу 700 проекти реализирани со поддршка од 80-тина милиони евра во последните 10 години, се во туристичкиот сектор и се реализирани од фондовите на ЕУ“ рече вицепремиерот за еворпски прашања, Бојан Маричиќ на трибината „Ние сме Европа“ во Охрид. Тој додаде дека ЕУ помогна да се изградат адреналински паркови, еден во Скопје кој е огромна атракција и еден на Пелистер кој е во финална фаза на изградба. „ЕУ ја заштити куќата на Робевци, а со европски фондови се заштитуваат цркви и се градат манастирски конаци. ЕУ помогна да се развијат повеќе винарии низ земјава кои се врвен…

Read More