Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
ЛЕНЧЕ НИКОЛОВСКА Брисел – Билатерална скрининг средба за Поглавје 11 – Земјоделство и Рурален развој. Во салата на Европската Комисија и денеска тема е македонскиот аграр, гледан од европска перспектива. После успешното претставување на нашата делегација во првиот ден од скринингот, денеска продолжи сесијата со неколку важни сектори од земјоделството кои беа разгледувани заедно со претставниците од Европската Комисија. Презентации за земјоделските пазари, политиките на квалитет, органското земјоделство и промоцијата на земјоделските производи. Нивните забелешки, прашања или коментари беа во насока на усогласување на нашата аграрна политика со Заедничката земјоделска политика на ЕУ. Коментарите најчесто почнуваа со пофални зборови за…
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, оствари работна средба со австрискиот покраински министер за европски и меѓународни прашања на сојузната покраина Штаерска, Вернер Амон и со новоименуваниот амбасадор на Австрија во Република Северна Македонија, Н.Е Мартин Памер. На средбата се разговараше за реализацијата на капиталните проекти во изградба и унапредување на целокупната инфраструктура во државата. Министерот Бочварски ги запозна австрискиот покраински министер и амбасадорот за крупните инфраструктурни проекти што се реализираат на Коридор 8, Коридор 10 и 10-д, како главни европски коридори во регионот за кои Европската Унија обезбедува поддршка на Република Северна Македонија. Министерот Бочварски потенцираше дека Република…
Во Владата на Република Северна Македонија денеска се одржа седница на Националната комисија за УНЕСКО на РСМ, на која се дискутираше за одлуката и за заклучоците од 45. сесија на Комитетот за светско културно наследство на УНЕСКО што се одржа од 10 до 25 септември во Ријад, Кралство Саудиска Арабија, а кои се однесуваат на природното и културното наследство на Охридскиот Регион. На седницата претседаваше министерката за култура и претседателка на Националната комисија за УНЕСКО, Бисера Костадиновска-Стојчевска, а беше истакнато дека Комитетот го вреднуваше и фактот дека експертските тимови на двете држави заеднички изготвија Стратегиски план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион со Акциски план, со…
Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска го повтори ставот дека одлуката за тоа дали Северна Македонија ќе продолжи со Албанија на патот кон ЕУ или ќе биде одвоена во преговорите во овој, како што вели, нов забрзан геополитички придонес на процесот на интеграција, во моментов е во рацете на пратениците од опозицијата. -Доколку ги завршиме уставните измени на време, Северна Македонија ги отвора поглавјата и влегува неповратно во процесот на евроинтеграции во оваа можеби ретка можност на отварање на Унијата поради создадениот геополитички контекст. Никогаш не сме виделе ваква разиграност, мобилизираност на ЕУ по однос на Западниот Балкан. Но, проширувањето…
САД предупредија дека ескалацијата на војната меѓу Израел и Хамас може да доведе до можност Иран директно да се вклучи во конфликтот. Во изјава за Си-би-ес Њуз, советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, предупреди на можноста за создавање нов фронт на северната граница на Израел со Либан. -Не можеме да ја исклучиме можноста Иран да биде директно вклучен на некој начин. Мораме да се подготвиме за сите можни непредвидени ситуации, рече тој. Во изминатите денови, а особено денеска на израелско-либанската гранива имаше размена на оган меѓу милитантната група Хезболах, која е поддржана од Иран, и израелските сили,…
Министерот Николовски во Брисел на билатерални средби за Поглавје 11 – Земјоделство и рурален развој
Делегација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) предводена од министерот Љупчо Николовски, оваа недела во Брисел ќе одржи повеќе билатерални средби помеѓу Европска Комисија и Северна Македонија, за поглавјето 11 – земјоделство и рурален развој, соопшти вечерва МЗШВ. Пристапните преговори во Земјоделството се претежно фокусирани на процедурите за идните директни плаќања, поддршка на руралниот развој и потребата од преодни мерки кои ја олеснуваат интеграцијата на земјата во Европската унија. Поглавјето за Земјоделство и Рурален Развој опфаќа голем број на обврзувачки правила кои се директно применливи.
„Секоја иницијатива која е од корист на луѓето, без да нанесе штета на никого, треба да биде прифатена и поддржана, се додека се фокусира на практични работи. Долго време се соочуваме со ирационални бариери во нашите земји. Никаде на друго место во Европа не се среќаваме со такви бариери меѓу соседните земји како што правиме ние на Балканот. Сè додека овие иницијативи се практични и носат придобивки, додека остануваат отворени за сите, тие значат напредок без да се формираат сојузи против никого. Напротив, Северна Македонија беше партнерот што инсистираше за одржување на вратите отворени за сите. Верувам дека обичните луѓе,…
Руралните жени се столб на локалната економија, придонесувајќи како земјоделки, сезонски работнички и како претприемачки, порача претседателот Стево Пендаровски на денешниот настан во Крушево по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената од руралната средина. Како што информираат од неговиот кабинет, Пендаровски посочил дека во реалноста се уште сме далеку од постигнувањето на целосна рамноправност на руралната жена на било кое ниво во државата. -Несомнено, ни претстои голема работа за да овозможиме економска самостојност и социјална интеграција на руралната жена. При тоа, неопходен услов е поддршката на женското лидерство и на организациите кои се занимаваат со оваа проблематика. Гласот на…
Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултати, економијата е отпорна во време на глобална криза. Мерките за намалување и замрзнување на цените на основните прехранбени продукти со ‘гарантирана’, директно влијаеа за заштита на стандардот на народот но и за намалување на инфлацијата. Потврда за тоа е намалувањето на инфлацијата на досега најниски 6.6%. Со одлуката за допрецизирање на повластената стапка на ДДВ од 5% за најголем дел од основните прехранбени производи, создадовме солидна основа за уште да се намали инфлацијата и до 5 отсто до крајот на годината. Не само преку повластените даночни стапки од 5%, стандардот…
Во интервју за поткастот „Внатре во Албанија“ со новинарката Алис Тејлор, премиерот Еди Рама не ја исклучи можноста за средба меѓу лидерите на Косово и Србија на самитот На Берлинскиот процес, што ќе се одржи утре во Тирана, во време кога има големи тензии меѓу страните. -Ние не планиравме такво нешто, не го предвидувам. Сè може да се случи затоа што во такви ситуации кога сите разговараат меѓу себе, ако има простор или ако лидерите на Германија и Франција кои ќе бидат тука, ќе сакаат да разговараат со нив како коавтори на француско-германскиот план што е на маса, можеби тоа…
Mлади жени и девојки од Пробиштип, Кочани, Виница и Чешиново-Облешево викендов учествиваат на првиот од вкупно четирите едукативни работилници на прогарама „Girls power“, која ја спроведува „Асоцијацијата за инклузивен и одржлив развој“ – СИГА. Сите учеснички по завршување на обуките ќе добијат финансиски средства кои ќе треба да ги искористат за спроведување на општествена акција која тие самите ја идентификувале како потреба на локално ниво. Мила Царовска, директорка на СИГА на работилницата истакна дека академијата “Girls Power” е извор на инспирација за младите девојки од Истокот на државата. „Ги воведуваме девојките во светот на знаењето, самоувереноста и искуствата. Нашата мисија…
Двете Амбасади на Република Северна Македонија, во Каиро и во Тел Авив, се во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и на Израел, со цел евакуација на двајцата наши државјани, брачен пар, кој се наоѓа во Газа, поточно во градот Кан Јунес, на 12 километри од граничниот премин Рафах. Како што информираа денеска од МНР, парот е сместен во болница на Црвената полумесечина и во моментот е на безбедно. – Со посредство на нашите ДКП-а, ставени се на официјалната листа за евакуација и се чека да бидат создадени услови за нивна евакуација, што во најголема мерка зависи од состојбите…