Author: Marta Pesevska

Во оваа фаза не е јасно колку луѓе се движат од северот на Појасот Газа кон југ, но според агенцијата на ОН  за помош која работи на територијата, тоа е „егзодус“, пренесува Би-Би-Си. Претходно директорката за комуникации на UNRWA, Џулиет Тума, изјави за Би-Би-Си: Ова е најлошото што сме го виделе. Ова го допира дното. Ова е Газа која се турка во бездна; се одвива трагедија додека светот гледа. Ова е Газа. Таа додаде: „Според колегите на терен има егзодус. Луѓето си заминуваат. Тие што можат, со своите автомобили, некои пешачат, некои носат душеци“. „Луѓето се преплашени“, рече таа. „Преплашени“.…

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во својство на претседавач со ОБСЕ утре повторно ќе престојува во работна посета на Украина. Посетата на Украина, соопштија од МНР, е во рамки на остварувањето на една од главните заложби од Програмата на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година. – За ОБСЕ, како најголема регионална безбедносна организација во светот, Украина и нејзиниот народ се на врвот на агендата, стои во соопштението. Османи во Киев ќе оствари средби со државниот врв на Украина. Покрај средба,  со министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба, Османи ќе одржи и заедничка прес-конференција.  На агендата на…

Read More

Проектот ОТВОРЕН КАБИНЕТ на Министерството за внатрешни работи, во рамки на концептот „МВР за ГРАЃАНИТЕ“, со кој се опфатени секторите за внатрешни работи, директно или преку посети на нивните одделенија, продолжува со планираната динамика и во наредниот период. Доколку живеете на подрачјето на СВР Велес, а притоа имате прашање за министерот, идеја со која сметате дека ќе се подобри безбедноста, предлог кој би помогнал за подобрување на работењето на полицијата, Кабинетот на министерот Спасовски на еден ден ќе дојде кај вас. Ви најавуваме дека Отворениот кабинет на министерот Спасовски продолжува на 20 октомври, во просториите на СВР Велес. Ги очекуваме…

Read More

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска ќе учествува на завршната сесија на Форумот на граѓанското општество, кој годинава се одржува во Тирана, на тема „Отклучување на напредокот: Европска иднина на Западен Балкан“. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), Маричиќ на затворањето на форумот ќе размени идеи и ќе испрати порака од тематската дискусија, „Отклучување на напредокот: Што понатаму?“, на која главен говорник е Михаел Рот, претседател на Комисијата за надворешни работи на Бундестагот, со кој вицепремиерот ќе оствари билатерална средба. -Форумот за граѓанско општество и тинк тенк 2023, кој се одржува на 14 и 15 октомври во…

Read More

Уште една фабрикувана лага на ДПМНЕ за претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски падна во вода, ДКСК ја потопи целосно, стои во партиското соопштение. Државната комисија за спречување на корупцијата ги демантираше сите лаги на ДПМНЕ и нивната измислена афера „Броило“ и потврди: нема конфликт на интерес кај Ковачевски. Со денови ДПМНЕ водеше хајка со лаги, со манипулации. Сите лажни видеа, анимации, изјави, прес конференции од белиот дворец се потврди дека се голема лага, ништо повеќе. Ништо не се менува во ДПМНЕ, предводена од Мицкоски. Освен блокади и ширење лажни вести, шпекулации и фабрикувани дезинформации ништо друго и не знаат. ДПМНЕ…

Read More

Австрија и групата пријатели на Западен Балкан сака да види неколку нивоа во пристапувањето. Не би сакале заради евроинтеграцијата на Грузија, Молдавија и Украина, земјите на Западен Балкан да останат позади, да заостанат. Сметаме дека земјите од Западен Балкан се еднакво подготвени, ако не и подобро подготвени, вели амбасадорот на Австрија во нашата земја Мартин Памер. Според Памер, неопходно е да се одреди датум за да се добие одредена перспектива затоа што процесот веќе предолго трае и од стратешка гледна точка потребно е да се забрза. – Нема смисла да се чека на секој параграф, аспект или било која друга…

Read More

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека до 30 октомври 2023 година се продолжува рокот за аплицирање на првиот јавен повик од новата ИПАРД 3 програма за мерките 1 и 7. Како што информираат оттаму, продолжувањето на рокот доаѓа по барање на заинтересираните апликанти за аплицирање за мерка 1 и  мерка 7. Спроведувањето на новата ИПАРД 3 програма, распишувајќи го првиот јавен повик за мерките 1 и 7 од новата ИПАРД 3 програма започна на 1 септември 2023 година. Како што информираат од МЗШВ, овој јавен повик се однесува на мерката 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски…

Read More

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и амбасадорката на САД, Анџела Агелер, денеска оствариле средба со претставници на Евро–Атлантскиот Совет на Северна Македонија. – Полноправното членство на Северна Македонија во НАТО, обезбеди сигурност и стабилност, кои се основните предуслови за економски раст и развој на земјата, притоа овозможувајќи предвидлив амбиент за трговија и инвестиции, било заеднички констатирано на средбата, стои во соопштението од владината прес-служба. Во контекст на евроинтегративните процеси на земјата заеднички било оценето и дека членството во НАТО игра клучна улога, покажувајќи посветеност…

Read More

Со денешниот чартер лет од Тел Авив, кој беше организиран и платен од страна на Владата на Република Северна Македонија, ги донесовме и преостанатите 67 наши државјани кои побараа асистенција за нивна евакуација од Израел, објави на фејсбук министерот за надворешни работи, Бујар Османи. На истиот лет, пишува тој, „излеговме во пресрет и на нашите пријатели, обезбедувајќи трансфер и на седум албански, седум црногорски и три бугарски државјани“. Согласно одлуката донесена од страна на Владата, беше организиран авионски превоз со чартер лет, на релација Тел Авив – Скопје, заради евакуација на сите државјани на Република Северна Македонија кои сакаа да…

Read More

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во состав Арбер Адеми и Љупчо Пренџов, денеска и утре во Тирана, учествуваат на Регионална конференција на тема „Улогата на парламентите во Берлинскиот процес“, што се оддржува во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес на 16 октомври во албанската престолнина. Конференцијата, ја отвориле претседателките на Собранието, Линдита Никола и на Комисијата за европски прашања, Јорида Табаку, министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, на Република Албанија, како и претседателката на РСС, Маљинда Брегу, кои ја нагласиле потребата за вклучување и моделирање на парламентарната димензија во Берлинскиот процес како додатна вредност и можност…

Read More

Нападот во средното училиште во Арас, на северот на Франција, е резултат на „варварскиот исламистички тероризам“, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон. Според него, полицијата помогнала да се спречи уште еден обид за напад во друг дел на Франција, пренесоа британските медиуми. -Наставникот кој беше убиен дојде да ги заштити другите и несомнено спаси многу животи, рече Макрон. Француското обвинителство за борба против тероризмот ќе отвори истрага за денешниот напад со нож во гимназијата во градот Арас, во кој загина едно лице, а неколку други беа повредени. Во меѓувреме, медиумите објавија дека напаѓачот пред инцидентот извикал „Алаху Акбар“, но полицијата…

Read More

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со државниот советник за рурален развој, Трајан Димковски, денеска одржаа средба со претставници на лозарите од Тиквешијата. Денешната средба доаѓа по вчерашното упатено барање до министерот од група лозари за средба, на која се слушнале и детaлно се разгледале нивните барања. – Барањето на групата лозари до министерството беше да се креира интервентна мерка од пет денари за предадено винско грозје. Од страна на министерот Николовски и државниот советник Димковски, пред лозарите на средбата детално беше презентиран предлогот кој е даден до подсекторската група за најмалку 12.000 денари по хектар поддршка…

Read More