Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека внимателно се следат извештаите од меѓународните финансиски институции за состојбата во нашата економија и се прават проекции на буџетот за следната година со продолжување на финансиската консолидација и поддршка на растот. Коментирајќи го вчера објавениот Извештај на Светска банка во кој се прогнозира дека економскиот раст на државава годинава ќе биде 1,8 отсто, а инфлацијата 9,1 отсто, Бесими на брифинг со новинарите рече дека во извештајот како еден од главните предизвици за забавената динамика на раст е наведен бавниот процес на носење на реформските закони во Собранието. Позитивно, како што рече, е што…
Законот за безбедност на мрежни и информациски системи и дигитална трансформација ќе обезбеди високо ниво на безбедност на мрежните и информациските системи во земјата и исто градење и проширување на ИТ инфраструктурата, односно поефикасна и поефективна дигитална трансформација на нашата република, истакна министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, на денешната прес-конференција по Јавната расправа на која се дискутираше за Законот за безбедност на мрежни информациски системи и дигитална трансформација. Алиу додаде дека ќе се обезбеди висок степен на отвореност со цел да се обезбеди развој за иновативни софтверски решенија во системот. Како што информираше се очекува законот во…
Министерот за надворешни работи и актуелен претседавач со ОБСЕ Бујар Османи вечерва изјави дека на самитот на ОБСЕ на 30 ноември/1 декември најверојатно ќе се донесе одлука каква ќе биде иднината на организацијата имајќи го предвид ветото на Русија. Османи вели дека едно од решенијата е Северна Македонија да продолжи уште една година со претседавањето, но дека за тоа ние сега треба да донесеме одлука дали ќе прифатиме. -Ова е најтешката година од историјата на ОБСЕ. Точно е дека ОБСЕ е пред егзистенцијални предизвици, нема буџет, нема претседавач, нема кому да му го предадам претседавањето идната година во 2024 година.…
Културната и верската различност треба да бидат инспирација и мотивација за инвестиција во мирот и за општества со хуман, човечки лик, порача вечерва министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, на отворањето на првата светска конференција за верски дијалог и соработка, што од денеска до сабота се одржува во Струга на тема „Религиозните конфликти во светот: Причини и можни решенија“. Темата, според министерката, е секогаш исклучителна, важна и постојано актуелна. Затоа, како што рече, сите сме тука – заедно да ги детектираме причините, да разговараме, да трагаме и да препорачаме можни решенија и да дадеме поддршка на ваквите мисии. –…
Премиерот Димитар Ковачевски утре во Гранада, Шпанија, ќе учествува на третиот Самит на Европската политичка заедница, заедно со лидери од вкупно 47 земји, од кои 27 земји-членки на Европската Унија, земји од Западен Балкан, Швајцарија, Норвешка и Исланд, како и Азејберџан, Грузија, Турција и Украина. На Самитот, како што е најавено, ќе учествуваат и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, како и претсадателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Програмата на Самитот содржи пленарна сесија и дискусии на тркалезни маси поврзани со актуелни прашања за иднината на Европа. Ковачевски ќе учествува на пленарна сесија на Самитот, а потоа со…
Новите измени на законите за престојувалиште и живеалиште и за лична карта ќе значат целосно решавање на бездржавјанството во Република Северна Македонија. Овие лица поради непоседувањето на имот и неможноста да обезбедат докази за сопственоста на имотот или договор за закуп практично остануваа без пријавена адреса за живеење а со тоа и без лична карта. Со новите измени во законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште, се уредува начинот на кој што лице бездомник може да пријави адреса – живеалиште во Центарот за социјална работи и се дава можност бездомникот да ја пријави за адреса – живеалиштето на физичко лице…
Aмбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер изјави дека прашањето на одговорноста за нападот врз косовската полиција во Бањска кај Звечане не завршува со изјавата на поранешниот потпретседател на Српската листа, Милан Радоичиќ, дека тој го организирал нападот, јави Радио Слободна Европа. Ховениер во денешниот разговор со новинари во амбасадата на САД рекол дека Вашингтон ќе продолжи да настојува да разбере што навистина се случи и кој е одговорен за нападот на 24 септември. – Би рекол дека вистинската работа за нашите безбедносни служби и другите партнери е да продолжат да се обидуваат да разберат што се случило.…
Во рамки на Самитот на Берлинскиот процес, кој, овој месец, за првпат ќе одржи во Албанија, во петок во Тирана се организира состанок на министрите за надворешни работи на Берлинскиот процес. -Утре, четврток, ден пред состанокот, ќе му претходи прием на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан, други земји-учеснички во Берлинскиот процес, претставници на ЕУ, како и регионални организации, јави државната агенција АТА, повикувајќи се на Министерството за Европа и надворешни работи. Берлинскиот процес е иницијатива насочена кон зголемување на регионалната соработка на Западен Балкан и давање помош за интеграција на земјите од овој регион во Европската…
Косовската министерка за правда, Албулена Хаџиу, коментирајќи го ослободувањето на Милан Радоичиќ од страна на српски суд, изјави дека ниту една постапка на Србија не ја изненадува, бидејќи, како што рече, српската држава е „рај за воените злосторници и терористите“. Хаџиу изјави дека Србија никогаш не ги предала воените злосторници и нема да ги предаде терористите, алудирајќи на Радоичиќ, кој откако вчера беше уапсен од властите во Белград, беше ослободен откако мина 24 часа во затвор. – Терористичкиот напад врз Косово беше режиран, како што е докажано, од Србија и во оваа насока, секое дејство во врска со ова прашање…
Вкупно 4,4 милиони евра се распределуваат за поддршка на 86 домашни претпријатија преку јавниот повик „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст“ на Фондот за иновации и технолошки развој. – Семејството на ФИТР од денеска се зголемува за 86 нови претпријатија и со оваа бројка, портофлиото на ФИТР брои 1.153 кофинансирани проекти кои реализирале, реализираат или ќе започнат со реализација со проекти во вкупна вредност од 130 милиони евра. Ова е јасен показател дека Фондот за иновации и технолошки развој е вистински дом за сите микро, мали и средни претпријатија кои имаат иновативни идеи и креативни решенија и…
Собранието на Република Северна Македонија го усвои Законот за решавање банки, предложен од Министерството за финансии, а со кој земјава воспоставува регулаторна рамка за зајакнување на финансиската стабилност во земјава и навремена интервенција во кредитна инститиуија која е во проблем. -Станува збор за сосема нов закон кој има за цел воспоставување инструменти за ефикасно решавање на проблемите на нестабилни и проблематични кредитни институции неопходни за спречување несолвентност, односно за ублажување на негативните последици настанати поради несолвентноста, а се со цел зачувување на одржувањето на функционирањето на кредитната институција. На тој начин се избегнува спасување на овие институции со користење на…
Во Предлог-законот за помилување се исклучува можноста претседателот на државата да може да помилува лица за кои во тек е истражна или судска постапка. – Во однос на предлог Законот за помилување, во чија изработка беше вклучен и претставникот на претседателот, конечно е вклучена заложбата на претседателот Пендаровски за исклучување на аболицијата во нашиот правен систем, односно да се оневозможи правото на шефот на државата да помилува лица за кои е во тек истражна или судска постапка, а нема правосилна пресуда, велат од Кабинетот на претседателот на државата. На овој начин, како што се посочува, ќе се овозможи кривичните судови…