Author: Marta Pesevska
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заедно со делегацијата од Сојузна Република Германија, предводена од федералниот министер Џем Оздемир и амбасадорката Петра Дрекслер, ги посетија фармата „Аја Фарм“ и малата винарија „Брзанов“. „Аја Фарм“ е семеен бизнис кој ги снабдува потрошувачите со млеко и млечни производи од 2014 година, нуди асортиман на млечни производи кои се доставуваат до крајните корисници преку системот за испорака „Од фарма до дома“. Во моментов „Аја фарм“ произведува 400 литри млеко дневно, од кои половината е од сопствено производство, а другата половина е од соработниците-добавувачи. На просторот пред „Аја Фарм“ беа поставени штандови…
Владата на Република Северна Македонија на денешната 189-та седница ја усвои Информацијата од Министерството за правда за изнаоѓање решение околу актуелните барања и посочени состојби од страна на судската, јавно обвинителската служба и вработените во органите на државната управа. – Владата одлучи во рок од седум дена да биде формирана работна група составена од министерот за правда, министерот за финансии, министерот за информатичко општество и администрација и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции и претставници од Синдикатот на УПОЗ, заради изнаоѓање решение во врска со барањата и посочените состојби од страна…
Министерката за одбрана Славјанка Петровска утрово учествуваше на дискусијата на високо ниво на тема „Европа во војна: Зацврстување на колективната одбрана на НАТО“, на која заедно со претседавачот со Воениот комитет на Алијансата адмиралот Роб Бауер, словенечкиот министер за одбрана Марјан Шарец и министерот за вооружените сили на Обединетото Кралство Џејмс Хипи, со модерација од поранешниот командант на Армијата на САД за Европа, генерал-потполковник во пензија Бен Хоџис, разговараа за состојбата на Косово, европските интеграции на земјите од регионот, регионалната соработка, како и поддршката за Украина и руското влијание во овој дел од Европа. За Северна Македонија, потенцираше министерката Петровска,…
Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Лондон остварија средба со генералната директорка во Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) за одржлива инфраструктура, Нандита Паршад. На состанокот на кој присуствуваше и генералниот директор на НОМА Гас, Бајрам Реџепи, главен фокус беа активностите и проектите кои со поддршка на ЕБРД се реализираат во нашата земја, како и идните планови и проекти кои преку разни инвестициски проекти може да се поддржат во Северна Македонија во насока на реализирање на…
Собранието на РС Македонија денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за Развојна банка на РС Македонија, предложени од Министерството за финансии, со кој се овозможи воспоставување Фонд за енергетска ефикасност преку кој директно ќе се финансираат инвестиции за енергетска ефикасност. Имено и средствата од денеска издадените зелени обврзници во износ од 10 милиони евра ќе бидат насочени во овој Фонд за поддршка на зелени проекти. Фондот за енергетска ефикасност ќе функционира како посебна организациска единица во Развојната банка, а неговото основање на долг рок ќе придонесе за економска и финансиска одржливост и ќе се овозможи заштеда на енергија,…
Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи во денешното обраќање на свеченоста по повод прославата на 75-годишнината на „Раде Кончар-Сервис“, истакна дека компанија е пример за тоа како иновативноста води до успеси на глобалните пазари, пренесува МИА. -Прославата на 75-годишнината на „Раде Кончар-Сервис“ е вистински пример за тоа како континуирано отворениот и иновативен пристап во развојот на нови производи и услуги, даваат повеќе децениска виталност и пазарни успеси на регионалниот и глобалните пазари. Овде несомнено спаѓа и имплементацијата на квалитетни и напредни технолошки решенија кои ги задоволуваат највисоките индустриски стандарди и специфични потреби на пазарот во делот на металопреработувачката…
Министерството за надворешни работи на Франција соопшти дека го назначи Рене Троказ за специјален пратеник за Западен Балкан и наведе дека тоа е во согласност со зголеменото вклучување на Франција во регионот, во контекст на пристапот на Западен Балкан кон Европската Унија, јави дописникот на МИА од Белград. Специјалниот пратеник Троказ ќе биде вклучен во најважните прашања од регионалната политика, во координација со неговите европски и американски колеги, пишува РТК лајв. „Специјалниот пратеник ќе биде вклучен во најважните прашања од регионалната политика, во координација со неговите европски и американски колеги. Исто така тој ќе ги следи и иницијативите за регионална соработка, особено…
Во Институтот за судска медицина во Приштина денеска е завршена обдукцијата на телата на тројцата убиени Срби за време на вооружениот конфликт на 24 септември во Бањска кај Звечане, по што семејствата на загинатите денеска ги презедоа нивните тела, јави дописникот на МИА од Приштина. Еден од правните застапници на семејствата на убиените Срби при преземањето на телата изјави дека резултатите од обдукцијата ќе бидат познати за 15 дена. Пред Институтот за судска медицина во Приштина беа присутни и адвокати на семејствата на жртвите и припадници на косовската полиција. Во судирот на вооружена група Срби со косовската полиција во Бањска,…
Министерот за внатрешни работи Оливер Сапсовски денеска изјави дека е непотребно донесувањето на законот за аменстија и оти неговата примена нема да ја промени состојбата со пренатрупаноста во затворите. -Мојот став е дека апсолутно не е соодветно ниту времето ниту моментот за носење на закон за аменстија. Второ, опфатот кој што е барем соопштен дека ќе опфати прилично мал број на лица исто така нема да помогне во многу. Но, сега тоа е работа на Собранието. Нема да имаме никакви ефекти во однос на носењето на законското решение. Нема да допринесе значително да ослободат места или да се намали притисокот…
Надлежните институции деновиве се во интензивна комуникација за да се надмине проблемот со зголеменото присуство на кафеава мечка во Маврово и Ростуше која ги загрозува жителите. Како што информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, без согласност на Министерството за животна средина не може да има отстрел, а од друга страна државата мора да ја гарантира безбедноста на населението. Прашањето е многу комплексно, напомена, зашто мечките кај нас се заштитени и има забрана за отстрел. Ова е нова состојба, оцени Николовски, но и уште една причина Законот за ловство и дивеч кој е во собраниска процедура побрзо да…
Амбасадорот на САД во Приштина Џефри Ховениер денеска изјави дека една или повеќе структури стојат зад вооружениот напад врз косовската полиција минатата недела на северот на земјата, кога беше убиен полицаец. На прашањето на Би-Би-Си дали Србија стои зад нападот, Ховение рече дека количината и квалитетот на оружјето пронајдено во Бањска покажуваат дека „напаѓачите на етничките Срби не го обезбедиле самите“, јавија косовски медиуми, пренесе Бета. „Сега, знаеме и дека лице кое беше потпретседател на една од српските партии на Косово, за кое се знае дека учествувало на настани со високи српски функционери, преку својот адвокат објавил дека тој е…
Присуството на пет илјади војници на НАТО во Косово е гаранција дека кризата нема да се прелее во регионот. Добро е што Македонија, Црна Гора и Албанија се членки на НАТО, така што може да се спречи директна конфронтација на косовската и српската армија, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски во интервју за Македонското радио. -Ако немаше пет илјади војници на НАТО при последните проблеми, конфликти и тензии на Северно Косово, а и претходно имаше такви ситуации, без НАТО трупите таму конфликтот ќе се прелееше и ќе имаше прво, директна конфронтација меѓу српската и косовската армија и полиција и после…
