Author: Marta Pesevska

Радоичиќ преку писмо призна дека стои зад нападот во манастирот во селото Бањска. Неговиот адвокат јавно го објави неговото писмо, вое кое стои дека токму тој ги направил сите логистички подготовки за, како што стои во писмото, „одбрана на нашиот народ од окупаторот“, пренесе РСЕ. Потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, ја презеде одговорноста за нападот врз полицијата во селото Бањска, изјави на 29 септември неговиот адвокат Горан Петронијевиќ. Петронијевиќ е претставник на Милан Радоичиќ и јавно објави дел од неговото писмо во кое тој признава вина. „Јас, Милан Радоичиќ, поради многубројните шпекулации, ја известувам јавноста дека заедно со моите сонародници дојдов…

Read More

Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека денеска е уапсен етнички Србин осомничен за воени злосторства во последната војна во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Уапсениот М.П. се сомничи дека учествувал во убиството на тројца цивили од албанска националност во Призрен во 1998 година. По наредба на обвинителот на случајот, на осомничениот му е одредена мерка притвор, со цел во законски предвидениот рок да биде изведен пред судија во претходна постапка. – Специјалното обвинителство на Република Косово информира дека по интензивна истражна работа на косовската полиција, Управата за истрага на воени злосторства и по овластување на Специјалниот обвинител, е…

Read More

НАТО денеска соопшти дека одобрило распоредување дополнителни сили во Косово поради актуелната ситуација. Алијансата не прецизираше колку нови војници ќе бидат распоредени во Косово, ниту од кои земји.. Ситуацијата на северот на Косово е крајно тензична од 24 септември, кога група вооружени Срби ја нападнаа косовската полиција во селото Бањска. Во нападот загина косовскиот полицаец Африм Буњаку, а во размената на оган што следеше загинаа и тројца Срби. Косовската полиција утринава изврши претреси во северниот дел на Косовска Митровица, Звечан и Зубин Поток.

Read More

Швајцарските власти денеска соопштија дека ќе одвојат 100 милиони швајцарски франци (околу 103 милиони евра) за отстранување на мините во Украина во периодот од 2024 до 2027 година. Помошта ќе овозможи обезбедување опрема и обука на украинските деминери за хуманитарни цели, се наведува во соопштението на швајцарската федерална Влада. Поради својот неутрален статус, Швајцарија не може да помогне во операциите за деминирање за воени цели. – Украина денес се смета за една од земјите со најмногу мини и експлозивни направи во светот, истакна швајцарската министерка за одбрана Виола Амхерд претставувајќи го планот за финансирање. Употребата на мини, противпешадиски или противтенковски,…

Read More

Човечките жртви од руската агресија во Украина ќе бидат главниот фокус на Мисијата на САД во ОБСЕ на конференцијата во Варшава за човечка димензија која годинава се одржува од 2 до 13 октомври во организација на претседавачот со ОБСЕ Северна Македонија со подршка на ОДИХР, соопштија денеска од американскиот Стејт департмент. -Главен американски фокус ќе бидат злостроствата на руските сили во Украина и окупациските власти на Крим, како и сериозните нарушувања на човековите права што Русија ги прави дома, се вели во сопштението. -Исто така, ќе фрлиме светлина врз загриженостите низ регионот на ОБСЕ како намалениот простор за граѓанското општество,…

Read More

Министерството за финансии денеска ги издаде првите структурни обврзници наменети за општините Желино, Тетово и Виница, а со кои се обезбедува средства со кои на општините им се овозможува да ги намират доспеаните обврски и да ги зајакнат своите финансиски капацитети. Издавањето на структурните обврзници е дел од предвидената реформа за унапредување на фискалната децентрализација и дел од пошироката реформа во управувањето со јавните финансии. Структурните обврзници се хартии од вредност што Министерството за финансии ги издава на општините со кои се дава поддршка на општините за да ги подмират досепаните, а неплатени обврски кон доверителите. Се издаваат на 10…

Read More

Искористувањето на потенцијалот на дигиталната трансформација во и преку образованието е од клучно значење во современиот свет. Затоа и ние како држава сме фокусирани на дигитална трансформација на оваа област, интегрирајќи нови технологии, алатки и практики за подобрување и модернизирање на процесот на настава и учење. На тој начин го подобруваме и  пристапот до образованието, а воедно и ги зголемуваме образовните резултати. Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на панел сесијата „Искористување на придобивките од дигиталната трансформација во образовниот процес“, во рамките на 26-та сесија на Конференцијата на министри за образование на Советот на Европа, која…

Read More

Бимилк во изминатата година делуваше проактивно во однос на ценовната политика и ги намали цените на најкупуваните млечни производи. Исто така, со наменски мерки насочени кон фармерите влијае и го поттикнува примарното млекопроизводство со цел одржливост на млечната индустрија во земјава. Една од најголемите млекарници во државата работи во полн капацитет и непрекинато го снабдува пазарот со млечни производи. Ова беше констатирано при денешната посета на Бимилк од страна на министерот за економија, Крешник Бектеши и премиерот Димитар Ковачевски. Министерот Бектеши  се заблагодари на менаџментот на Бимилк за можноста да заедно со премиерот Ковачевски се запознаат директно во производствениот процес…

Read More

Неколку дена пред новата ескалација на насилството во Косово, политичкиот аналитичар Агон Малиќи предупреди дека такво нешто може да се случи наскоро и дека тоа ќе биде „токму она што Русија би сакала да го види, надевајќи се дека ќе го одвлече вниманието на Западот од Украина“. Тој смета дека зголемувањето на тензиите во голема мера е резултат на „српскоцентричната политика на Западот“.

Read More

Претседателот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, преку напис на Фејсбук вели дека со голема загриженост се следи ситуацијата во Косово, додава дека, државните институции се во постојана комуникација и координација со нашите сојузници и стратешки партнери. – Настаните кои се случија денес силно ги осудувам, и изразувам целосна поддршка на КФОР за сите идни активности кои се во насока на гарантирање на мирот и стабилноста во Косово и регионот. Во однос на безбедносната состојба во државата, граѓаните може да се спокојни – таа е стабилна, без никакви индикации за можни нарушувања. Сите институции задолжени за безбедноста будно ја…

Read More

Меѓу убиените српски напаѓачи во косовските медиуми се наведуваше дека е и Радомир Почуча. Но самиот Почуча преку објава на социјалните мрежи ги отфрли овие вести велејќи дека е жив и не планира да умре. На својата Фејсбук страница тој објави до сите свои следбеници да не се грижат за вестите кои кружат, бидејќи тој не е мртов и нема во план да умира. „Доста се загриживте што пишуваат некои Албанци. Не сум мртов, ниту планирам да умрам, сè уште нема куршум со моето име“, пишува тој на социјалните мрежи. Д.Јонузи Извор: Фронтлајн

Read More

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва во обраќањето до јавноста по последните настани на Косово и пукањето во селото Бањска рече дека ова е еден од најтешките денови за земјата и народот од 2004 и 2008 година, и да „Србите на Косово се побуниле, бидејќи не сакаат повеќе да го трпат теророт на Албин Курти“, јави дописникот на МИА од Белград.

Read More