Author: Marta Pesevska

Амбасадата на САД во Приштина најостро го осуди нападот врз косовската полиција во северно Косово, наведувајќи дека сторителите мора да одговараат. Во соопштението на амбасадата се цитираат зборовите на амбасадорот Џеф Ховениер, објавени на платформата Х, дека косовската полиција има целосна одговорност и е легитимна за спроведување на владеењето на правото според Уставот и законите на Косово. „Ја препознаваме и ја почитуваме неговата улога како прв реагирач во итни и кризни ситуации. Ја цениме постојаната координација меѓу косовската полиција, Мисијата на ЕУ за владеење на правото на Косово и силите на НАТО на Косово (КФОР), во зависност од случај“, се…

Read More

Многубројни гости со силен аплауз го поздравија македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ на режисерот Горан Столевски, по светската премиера на Фестивалот во Венеција, со кој вчеравечер во Центарот за култура во Битола беше отворен 44.Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на свеченоста пред проекцијата на филмот им пожела добрeдојде на гостите во Битола, како што рече: „во градот кој по 44-ти пат, во чест на ’Браќата на светлината‘, Јанаки и Милтон Манаки, достоинствено и достојно ја чествува магијата на филмската камера“. − Овој фестивал, кој ги негува вредностите на врвната визуелна уметност, е и…

Read More

Министерството за образование и наука и Секретаријатот на иницијативата за образовни реформи во Југоисточна Европа ERI SEE на 26 и 27 септември во Скопје ќе  организираат Министерска конференција на Западен Балкан за квалитет и обезбедување квалитет во високото образование. МОН соопшти дека на конференцијата, со над 80 учесници, ќе се обратат министерот Јетон Шаќири и министрите  за образование на Србија, Црна Гора, заменик-министерот за образование на Литванија, како и директорот на Иницијативата за образовни реформи, директори на агенциите за високо образование на Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија и Молдавија и претставници на академската заедница од Европската Унија. 

Read More

Противпожарните тимови, некаде помогнати и од месното население, во текот на вчерашниот ден изгаснале 30 пожари, а шест сѐ уште се водат како активни. Во тек се активности за нивното контролирање, локализирање и догаснување, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активните се три пожари во општина Битола. Тие се кај селата Црничани и Лознани, каде гори нискостеблеста вегетација и кај село Ивањевци, каде гори ниска вегетација. И во општина Прилеп има три активни пожари, кај селата Слепче, Долнени и Тројкрсти, каде гори ниска вегетација. Изгаснатите 30 пожари се регистрирани низ цела држава. Во општина Гази Баба биле изгаснати три…

Read More

Избори за пополнување на околу половина од местата во францускиот Сенат, Горниот дом на Парламентот, се одржуваат денеска во Франција, јави ДПА. Речиси 77.000 локални и регионални политичари имаат право на глас на денешното делумно гласање. За разлика од Долниот дом, Националното собрание, Сенатот не се избира директно од народот. Сенатот се состои од 348 членови кои се избираат за шестгодишен мандат. На секои три години, околу половина од неговиот состав се обновува со избори. Извор: МИА

Read More

Вториот товарен брод со украинско жито пристигна денеска во Истанбул преку Црното Море, и покрај заканите на Москва дека ќе ги нападне бродовите што влегуваат и излегуваат од Украина, се наведува на веб страниците кои го следат поморскиот сообраќај. Бродот „Аројат“ кој плови под знамето на Палау тргна во петокот од Черноморска кај Одеса. Тоа е вториот брод што помина низ тој поморски коридор. Од страна на Кијив беше воспоставен коридор долж западниот брег на Црното Море за да се заобиколи блокадата на Русија. Според веб-страниците кои го следат поморскиот сообраќај, бродот „Аројат“ со 17.600 тони украинско жито, наменет за…

Read More

Косовската претседателка, Вјоса Османи изјави дека денешниот напад врз косовската полиција во северно Косово, во кој е припадник на полицијата е убиен, а уште еден е ранет, е „испланиран, оркестриран и изведен од српските криминални банди“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Read More

Претседателот Стево Пендаровски за време на работната посета на САД по повод учеството на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации, вчера попладне во Чикаго, како почесен гостин, присуствуваше и се обрати на донаторска вечера „Патишта кон просперитет“ во организација на „Македонија2025“. Како што соопшти Кабинетот на претседателот, на свеченоста Пендаровски го одликуваше главниот извршен директор на Боинг, Дејвид Л. Калхун со Орден „8 Септември“ за неговиот особен и посветен придонес во развојот и унапредувањето на македонско-американските стратешки и деловни односи и за економскиот напредок на нашата земја. Претседателот Пендаровски го врачи и признанието „Diaspora Recognition Awards 2023“, коешто Македонија 2025,…

Read More

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во својата изјавата од Њујорк, после официјалните средби со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак и со американскиот специјален претставник за Западен Балкан и заменик-помошник на државниот секретар за Европа и Евроазија, Габриел Ескобар, држави рече дека нашите стратешки партнери дејствуваат за напредок на Северна Македонија кон ЕУ и дека очекуваат да ја исполниме европската агенда, за задржување на динамиката и активноста на пристапните преговори со ЕУ. -Пораките беа јасни и недвосмислени, сите заедно треба да покажеме дека сакаме и имаме капацитет да ја исполниме…

Read More

„Разоткривање на корупцијата преку родова призма: Истражување на пресекот на родовата (не)еднаквост и социјалниот интегритет“, беше тема на третиот и последен панел на денешната регионална конференција која се одржува во Скопје, во организација на Форумот на жени лидери од ЈИЕ за добро владеење и антикорупција, кој беше основан на иницијатива на вицепремиерката Славица Грковска, со поддршка од UN Women. На панелот, кој го модерираше министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, учествуваа Весна Ивановиќ Кастаред, раководителка на канцеларијата на UN Women за Северна Македонија, Лаура Албу, претседателка на Романската платформа на Европското женско лоби и членка на ГРЕВИО, Десислава…

Read More

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја обвини Русија за злосторства против човештвото во Украина. – Русија речиси секојдневно врши воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина, рече Блинкен на состанокот на Советот за безбедност на ОН посветен на војната. Состанокот го отвори генералниот секретар на светската организација, Антонио Гутереш кој предупреди дека војната на Русија против Украина ги подигнала геополитичките тензии. По Гутереш, за првпат пред Советот за безбедност зборуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски ја напушти салата пред говорот на Блинкен. Тој очекувано не се врати ниту за обраќањето на рускиот министер за надворешни работи Сергеј…

Read More

Во попладневниот дел од 125-тата седница Собранието ја исцрпи расправата за предлог-законите за системот за проценка на лица со попреченост, за регистар на задолжително социјално осигурување и за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување – сите по скратена постапка, за кои ќе се гласа дополнително. Со Предлог-законот за систем за проценка на лица со попреченост е предвидено да се формира централно координативно тело при Министерството за труд и социјална политика, за стручно утврдување на попреченоста што е клучен услов за лицата со попречености да може да остваруваат права од областа на здравството, социјалната заштита и образованието. Проценката сега…

Read More