Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Пензионери од повеќе градови од државава денеска на Меѓународниот ден на пензионерите – 20 Септември, протестираа пред зградата на Владата. Поради протестот затворен беше за сообраќај булеварот „Илинден“. Барањата на пензионерите се линеарно зголемување на пензиите за 3.500 денари за секој пензионер, а не процентуално, согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, како и промена на методологијата за пресметка на пензиите. Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска завчера најави дека до крајот на месецот очекува конкретни предлози во однос на пензиите, со фокус на пензионерите со ниски месечни примања, а за што изминатиот период заседаваше работната група…
Министрите за образование од 16 земји во Европа, меѓу кои и Северна Македонија, денеска во Варшава, Полска потпишаа нов договор за продолжувањена CEEPUS – Централно европската програма за размена на универзитетски студии IV, која овозможува мобилност на студенти, професори и научници и стипендирање на нивната доедукација и професионална надградба. За време на потпишувањето на новиот договор со важност до 2032 година, министерот за образование и наука Јетон Шаќири изрази задоволство што соработката помеѓу досегашните земји учеснички во програмата продолжува, а тоа, како што рече, потврдува дека сме големо и обединето семејство кое функционира успешно, обезбедувајќи нови перспективи на човечкиот капитал…
Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски вечерва информираше дека ДПИ спроведува надзори по одлуката на Владата за намалување на одредени производи и повика граѓаните да пријават неправилности. – Во моментов пазарниот инспекторат спроведува надзори по одлуката на Владата, што се однесува на намалување на одредени производи, за најмалку 10%, сметано од цената на производите по која се продавале на 1 август. Нашите надлежности кои произлегуваат од оваа одлука се контрола на цените на производите кои се наведени во одлуката, појасни Трајковски. Тоа значи, додаде, дека ако се забележи прекршување на одлуката, ќе се постапува во согласност со Законот за…
Во рамки на учеството на 78-то Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк, денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи остварил билатерална средба со министерката за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Аналена Бербок. Министерот Османи, како што соопшти МНР, се заблагодарил за гласната поддршка за пристапниот процес на Република Северна Македонија во ЕУ, изразена преку низа чекори како, тнр. „германски“ предлог, клучната политичка основа преку која се создаде денешниот европски пакет за нашите европски интеграции, и усвоената Резолуција во германскиот Бундестаг, со која се реафирмираат македонскиот идентитет и јазик на патот на нашата земја кон Европската унија. -Ваквиот чекор…
Граѓаните да не користат нееколошки материјали за затоплување, општините да ги субвенционираат ранливите категории, апелираше денеска министерската за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова од настан од Штип. Одговорајќи на новинарско прашање, во однос за загадувањето во пресрет на грејната сезона, министерката кажа дека постојано се спроведуваат проекти за намалување на загадувањето. – Неколку години имаме активен заем од Светска банка којшто им помага на општините во замена на нееколошките со еколошки системи, енергетска ефикасност на мерките, изјави Шукова. Таа потсети дека и Владата неколку години по ред финансира проекти за јавните објекти за замена на нееколошки во еколошки…
Премиерот Димитар Ковачевски, денеска во Њујорк одржа состанок со извршната оперативна директорка на Светска банка, Ана Бјерде. На средбата, присуствуваа и Нина Фити Неделковска, советник на Извршниот директор на нашата конституенца при Светска банка во придружба на премиерот, како и потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани. На состанокот е поздравено 30-годишното партнерство на Северна Македонија со Групацијата Светска банка, преточено во финансиска и техничка поддршка која неминовно има огромен придонес во значајни сегменти на нашето оптштество и економија. Тема на дискусија беше и реализацијата на тековното портфолио на проекти и техничка помош во износ од…
Во тек е јавниот повик за Мерката 112 „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“ позната како мерка „Млад земјоделец“ од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Мерката овозможува финансиска поддршка во форма на грант до 600.000,00 денари од прифатливите трошоци по поединечен корисник. Новина од оваа година, која ја воведуваме за прв пат е авансна исплата на средствата во вредност од 40 % веднаш по потпишување на договорот. Повикот е отворен сега, за до крајот на годината да се обработат сите апликации од страна на Платежната агенција, со цел сите млади…
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва во интервју за ТВ21 порача дека претседателските и парламентарните избори се предмет на дискусија. Според него, има поделени мислења околу тоа дали треба заедно или посебно да бидат овие избори. „Ова е прашање за кое дискутираме дали ќе одиме на претседателски избори сега со парламентарните избори но тоа е прашање што треба да се дискутира од сите политички партии, има поделени мислења, некои мислат дека заедно треба да бидат, други мислат дека треба да има претседателски избори па после да одиме на парламентарни избори. Два месеци има разлика. Ова е прашање што се дебатира…
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во ексклузивно интервју за ТВ21 од неговиот дом во Зајас, порача дека лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски треба убаво да размисли. Според Ахмети, Мицкоски има одговорност затоа што Уставните измени отвораат пат напред за државата. „Христијан Мицкоски треба да размисли убаво, тој има голема одговорност како лидер на опозиција, треба да разбере дека уставните измени отвараат пат напред за државата, отвараат пат за развој на државата. Просто е тоа, земете го извештајот на Ирска и видете колку Полјаци се вратени во Полска после зачленувањето на земјата во ЕУ, кај нас бегаат младите, ако Мицкоски,…
По објавените податоци од страна на Стејт департментот дека процентот на одбиени визи за Северна Македонија во 2022 година изнесувал 26,29 проценти, Министерството за надворешни работи попладнево соопшти дека е започнат процес за присоединување на земјава кон Програмата за САД за безвизен режим (Visa Waiver Program). Високиот процент на одбиени визи од безмалку 30 проценти, според МНР, се должи на несоодветните апликации, за што планира наскоро да започне кампања за едуцирање на граѓаните. -Со одлука на Влада, формирана е меѓуресорска работна група предводена од Министерството за надворешни работи, која се состои од претставници и на други релевантни институции кои работат…
Од крајот на август до денеска, Одделот за воздухопловни единици при МВР уште еднаш на дело го демонстрираше концептот Опремена полиција-безбедени граѓани. Упатувам честитки на колегите кои се секогаш тука и подготвени за гаснење пожари, наведува министерот за внатрешни работи ОЛивер Спасовски во објава на Фејсбук. -Благодарение на успехот на припадниците на Хеликоптерската единица за полициски намени и на Хеликоптерската единица за посебни намени при Одделот за воздухопловни единци (ОВЕ), кои дејствуваа во гасење пожари низ државата – во реонот на Осинчани, општина Студеничани, селото Долгаец, општина Долнени, селото Бељаковце Општина Куманово, кој се проширил на два крака и кон…
Од македонските власти нема потврда дали и руски православен свештеник добил забрана за влез во земјава, покрај тројцата руски дипломати од Амбасадата во Скопје. Тие минатава недела беа прогласени за непожелни личности. Голем број интернет медиуми пишуваат дека непожелна личност за Македонија е и Васијан Змеев, кој е руско свештено лице, челник на Руската црква во Бугарија, но одговара и за територијата на Македонија.