Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Над 800 милиони евра поддршка од Светска банка, средба на Ковачевски со Бјерде во Њујорк

0
By Marta Pesevska on September 20, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 20, 2023 18:16

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска во Њујорк одржа состанок со извршната оперативна директорка на Светска банка, Ана Бјерде. На средбата, присуствуваа и Нина Фити Неделковска, советник на Извршниот директор на нашата конституенца при Светска банка во придружба на премиерот, како и потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани.

На состанокот е поздравено 30-годишното партнерство на Северна Македонија со Групацијата Светска банка, преточено во финансиска и техничка поддршка која неминовно има огромен придонес во значајни сегменти на нашето оптштество и економија.

Тема на дискусија беше и реализацијата на тековното портфолио на проекти и техничка помош во износ од околу 400 милиони УСД.

Особено внимание беше посветено на разговорите за изработкатата на новата Рамка за партнерство на Република Северна Македонија со Светска банка во насока на значително зголемување на финансиската поддршка за нашата држава, речиси двојно повисока од досегашната.

Идната соработка претставува континуитет на досегашните структурни реформи и значајни инвестиции во областа на инфраструктурата, човечкиот капитал, животната средина, енергетиката, конкуретноста и деловното опкружување. Сето ова, како што е заеднички оценето на средбата, претставува потврда на поддршката која доаѓа од сериозен партнер и испраќа силна порака до меѓународните партнери и инвеститори.

Во претстојниот период, се очекува и директна буџетска поддршка од Светска банка за имплементација на значајни реформи, чиј краен резултат ќе биде создавање отпорна и зелена економија, преку одржлив и инклузивен раст.

Директорката Бјерде изрази задоволство од силното долгогодишно патнерство со нашата земја, како и развојните резултати постигнати во годините на соработка. Оценувајќи го состанокот како искчучително корисен, Бјерде и Басани ја афирмираа континуираната поддршка на нашата земја.

Изјава на премиерот Ковачевски по средбата со Ана Бјерде, оперативна директорка на Светска Банка

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денес во Њујорк одржа значаен состанок со извршната оперативна директорка на Светска банка, Ана Бјерде. На средбата, присуствуваа и Нина Фити Неделковска, советник на Извршниот директор на нашата конституенца при Светска банка во придружба на премиерот, како и потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани.

Во продолжениеВи ја пренесуваме изјавата :

„Денес имавме успешна средба во Њу Јорк со извршната оперативна директорка на Светската банка, Ана Биерден на која што разговаравме за соработката која што Светска банка ја има со нашата држава; се работи навистина за успешна соработка.

Денес, односно оваа година е 30 години од соработката која што ја имаме Северна Македонија и Светска банка и која што со низа настани се одбележува и ќе биде одбележана до крајот на годината. Инаку разговаравме за три исклучително значајни теми.

Првата е за реализацијата на тековното портфолио кое што Светска банка го има во Северна Македонија, се работи за портфолио од 400 милиони евра проекти од кои што веќе се во фаза на реализација, а кои што се во делот на инфраструктурата, во делот на зајакнување на конкуренцијата, енергетиката и тн.

Втората важна тема е што разговаравме за новата стратешка рамка за соработка помеѓу Северна Македонија и Светската банка. Се работи за портфолио кое што во моментот се разговара и кое што е во износ двојно поголемо од она што сега го имаме како проекти во реализација и нормално дека главните аспекти на финансирањето на проектите ќе биде во делот на инфраструктурното финансирање, во делот на зајакнување на енергетските капацитети, заштита на животната околина, човечкиот капитал, како и подобрување на конкурентското опкружување за компаниите во државата.

Третата тема за која што разговаравме беше директната буџетска поддршка, согласно со политиките на Светската банка која што се однесува на финасирање на проекти, дел од буџетот а кои што се поврзани со значајни реформи во државата кои што тековно се реализираат и кои што се наоѓаат или во парламентарна процедура или во владина процедура со цел усовршување на сите аспекти на општеството во нашата држава.

Морам уште еднаш да истакнам задоволство од овој навистина значаен состанок кој што уште еднаш го потврдува силното партнерство помеѓу Светската Банка и Северна Македонија.“

Брејде Ковачевски Светска банка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 12, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

ВЕСТИ July 12, 2026

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот…

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.