Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Под слоганот „Гласник на слободата“, во организација на Владата на Република Северна Македонија, денеска на повеќе локации во државава се чествува големиот државен празник Денот на независноста – 8 Септември. На манифестацијата којашто се одржа во Градскиот парк во Скопје, присуствуваше претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. На локацијата „Школка“ во Градскиот парк се одржа културно-уметничка програма, во рамки на која учествуваше Воениот оркестар на Армијата на Северна Македонија, како и културно-уметнички друштва. Во состав на програмата настапија и членовите на „Златно славејче“,…
Најмалку 16 лица загинаа денеска кога експлозија од руска ракета погоди пазар во украинскиот град Константиновка, кој се наоѓа на околу 30 километри од линијата на фронтот, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој виртуелно учествуваше на пленарната сесија на Осмиот самит на иницијативата „Три мориња“ во Букурешт. Според него, погодени се маркет, продавници и аптека. „За жал, бројот на загинати и повредени може да се зголеми“, додаде Зеленски. Тој смета дека во минатото недостигала солидарност со неговата земја, но датумот 24 февруари, како што рече, промени сè. „Украина им е благодарна на вашите земји за нивната поддршка. Кога велам ‘ние’,…
Работната група за разгледување на предлози за прашањето за најниската пензија во Република Северна Македонија, и пакет мерки за помош и поддршка на пензионерите денес ја одржа првата конститутивна седница. Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на членовите на работната група им посака плодна работа и носење на издржани предлог решенија кои ќе бидат презентирани во Владата, а понатаму дадени на усвојување од Собранието. „Многу е важно при носењето на предлог мерките и законското решение за пензиско осигурување или негови измени, да се води сметка за стабилноста на пензискиот систем и пензиите да продолжат да се исплаќаат навремено…
“Европската Унија ги отфрли концептите за судир на цивилизации и се посвети на изградбата и негувањето на – сојуз на цивилизации. Во еден таков контекст, од витално значење за Македонија е да ги промовираме нашиот македонски културен идентитет, нашето културно наследство и вредности, а Европската Унија е вистинското место за тоа” рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на трибината „ЕУ за македонското културно наследство“. Тој додаде дека благодарение на основните европски вредности за еднаквост и почитување на другиот, Европската Унија ги чува милениумските традиции на сите народи и заедници на континентот. “Чекор по чекор, креаторите на оваа идеја работеа…
“Блаже Конески рекол дека од нас зависи како ќе си го зачуваме јазикот и како ќе го негуваме. Јас би додала, од нас сите зависи, не само како ќе си го зачуваме јазикот, туку колку ќе вложиме во таа кауза и колку ние ќе дозволиме на државата да се движи напред, по патот на сите држави кои денес се полноправни членки на Европската Унија, за да можеме да ја донесеме Европа дома” рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на трибината „ЕУ за македонското културно наследство“. Таа додаде дека мисија на ЕУ е да ги заштитува и да ги промовира културните…
Берлинскиот процес доаѓа за првпат во регионот. Поточно, во Тирана, на 16 октомври ќе се одржи следната средба на високо ниво, соопштија попладнево од германската амбасада во Тирана, јави АТА. Целта на Берлинскиот процес е продлабочување на регионалната интеграција и лидерството на балканските земји. Ова ги вклучува развојот на инфраструктурата, економијата, регионалната младинска размена, помирувањето и науката. – Преку создавањето на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), младите учат повеќе за соседните земји и сфаќаат дека имаат повеќе заедничко отколку разлики. Дури и потпишувањето на договорот за роаминг е успех на Берлинскиот процес: оттогаш, можете бесплатно да сурфате на плажа…
Со мултимедијален настан во Гостивар, како дел од карванот „Остави трага“ и обраќања на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, беа испратени пораки до младите да го зголемат нивното општествено учество и подигање на свеста за еднаквоста во општеството. Евроамбасадорот Гир пред присутните во паркот до општинската зграда говореше за неговиот активизам од младите денови, кога, како што кажа, верувал дека може да го менува светот и во мали средини како неговиот роден град. Гир во изјава за МИА, напомена дека Гостивар е место каде е изразит мултикултурализам. – Гостивар е прекрасен…
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој денеска е во посета на Кијив, изјави дека има многу охрабрувачки напредок во украинската контраофанзива, пренесуваат странските агенции. „Многу јасно се гледа значителниот напредок што го постигнувате сега во контраофанзивата и тоа е многу, многу охрабрувачко“, рече Блинкен на состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Украинските сили започнаа контраофанзива за враќање на териториите окупирани од руските сили. Извор: МИА
По повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија, Владата, под мотото „Гласник на слободата“, ќе организира повеќе свечени и културни настани, како и активности во целата држава. На 7.09.2023 година, во четврток, со почеток во 18:30 часот, во Филхармонија на Република Северна Македонија ќе се одржи Свечена академија – „32 години независност“, на која ќе присуствува и ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски. Свечената академија ќе се пренесува во живо на Националната радио-телевизија, како и на каналите на социјалните мрежи на Владата на Република Северна Македонија. На 8.09.2023 година (петок) во рамки на чествувањето 32 години…
Со 48 гласови „за“, 36 „против“ и еден воздржан, Собранието попладнево ги донесе измените и дополнувањата на Кривичниот законик. Пратеникот на СДСМ Панчо Минов денеска при реплика од собраниската говорница се осврна на предложените имени на Кривичниот законик, пред се на членот за злоупотреба на службени овластувања. Овој член е предмет на многу стручни анализи и тој е остаток од еден друг систем, како кривично дело кое нема конкретно предмет на доказност и има многу честа се користи за пресметки на неистомисленици, рече Минов. Тој додаде дека со менувањето на сегашната формулација, која гласи, „ако за себе прибави имотна корист“,…
Испреговаравме добар македонски пакет со Бугарија. Од моментот на отварање на поглавјата, отстапи ли Бугарија од договореното, се обиде ли да не блокира по идентитетска основа, оваа наша македонска влада ќе ги прекине преговорите со ЕУ и ќе иницира поништивање на одлуката на Уставот. Но, ние добро знаеме дека тоа нема да се случи, бидејќи нашата позиција во ЕУ е се посилна и со отварање на поглавјата ќе стане уште посилна, бидејќи Ние сме Европа!
Измените во Кривичниот законик освен што се хармонизација со европското право се и ексклузивно барање на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Ова го изјави вицепремиерот Артан Груби одговарајќи на новинарско прашање денеска при при увидот во градежните активности на автопатската делница Скопје – Тетово. – Македонската и албанската опозиција да си ги усогласат ставовите, затоа што македонската опозиција вчера на пленарната седница не гласаше „против“ измените во КЗ, коишто се хармонизација со европското право, туку остана на седницата, правеше кворум и го усвои дневниот ред. Истото се случува и денеска на Комисијата за европски прашања, рече вицепремиерот Груби, одговарајќи…