Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
– Ние никогаш не сме бореле да ја убедиме Софија во ништо, ние сме се бореле ставовите на Софија кои што не одговараат на ова време ниту пак на духот на ЕУ да не бидат прифатени преку европските позиции. Она што е важно за нас е да утврдиме преговарачка рамка во која што нашиот јазик е јасно испишан и јасно се исчитува неговата улога како иден официјален јазик на ЕУ на кој што се преведува европското законодавство – рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за ВИС. Според него особено важно е што договорот ФРОНТЕКС е потпишан на…
Покрената е истрага за смртта на едно лице за време на силен дожд на фестивалот „Burning Man“, кој се одржува во американската сојузна држава Невада. Околностите на смртта се уште не се познати. Околу 70 илјади луѓе остануваат блокирани на местото на фестивалот, бидејќи дождот го претвори пустинскиот песок во длабока, лизгава кал. Влезните и излезните патишта се затворени затоа што возилата едвај возат по нив. Познатиот фестивал „Burning Man“ се одржува во пустината Блек Рок, која обично е сува и правлива. -Канцеларијата на шерифот на округот Першинг во моментов истражува смрт што се случи за време на овој дожд,…
Од денеска во официјална посета на Северна Македонија и на Армијата на Северна Македонија ќе престојува претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер. Официјалната посета, адмиралот Бауер ќе ја отпочне утре во Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана каде ќе оствари средби со началникот на Генералштабот, генерал-потполковник, Васко Ѓурчиновски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, по што ќе следува и прес-конференција. За време на посетата на Генералштабот и Министерството за одбрана, претседавачот на највисокото воено советодавно тело на НАТО, ќе се запознае со плановите и развојот на способностите на Армијата на Република Северна Македонија, процесот на трансформација…
Разликата од чекалната на ЕУ – до внатре во Унијата е 21,8 пати повеќе фондови кои ќе и станат достапни на земјава по влезот во ЕУ. Според грубите пресметки, членството во Унијата ќе донесе дополнителни 2.868 евра по глава на секој жител во земјава, односно дополнителни 5,2 милијарди евра за пет години, што е на исто ниво со буџетот на нашата земја за 2023 година. Ова се средства со кои ќе можеме да имаме подобра инфраструктура, подобри услови за живот, повеќе средства за работа на нашите претпријатија и подобар животен стандард за нашите граѓани“, пишува министерот за финансии Фатмир Бесими…
Американскиот претседател Џо Бајден вчера отпатува за Флорида за да го види степенот на штетата предизвикана од ураганот Идалија и да понуди поддршка за жртвите од невремето, но тој не се сретна со гувернерот Рон Де Сантис, потенцијалниот противник на претседателските избори. Портпаролот на Де Сантис уште во петокот рече дека гувернерот не планира да се сретне со Бајден. Американскиот претседател одржа брифинг со локалните власти во Лајв Оук, град кој беше силно погоден од ураганот, а доказ за тоа се многубројните дрвја кои паднаа врз домовите. -Ниту еден интелигентен човек повеќе не може да се сомнева во климатските промени,…
Битиќи и Деспотовски во Франкфурт, ќе се потпише договор за инвестиција на БМЗ во Северна Македонија
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ) Јован Деспотовски денеска заминуваат во посета на Франкфурт, по повод потпишувањето на договор за инвестиција на германската компанија за напредни батериски системи БМЗ во Северна Македонија. Договорот ќе биде потпишан утре во седиштето на компанијата од извршниот директор и основач на БМЗ Свен Бауер и од директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Деспотовски, во присуство на вицепремиерот Битиќи и Јелица Ивановска, генерален менаџер на БМЗ Македонија. Антје Ванделт, директорка на АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори, во мај годинава најави дека…
Деловникот на Совранието не е прекршен, ДПМНЕ и Христијан Мицкоски како на лоша лента измислуваат работи само како алиби за своите неуспеси. Сите лаги на ДПМНЕ пропаднаа, сега се измислува нова, само за да го кочат патот кон ЕУ иако што немаат ниту еден аргумент зошто, велат од СДСМ. Христијан Мицкоски е против ЕУ, дејствува против подобар живот за граѓаните, против нови и поголеми европски фондови, против забрзан напредок и европски стандарди. Граѓаните гледаат дека СДСМ се бори за просперитет и европска иднина за државата, а ДПМНЕ ја влече во изолација и неизвесност. Блокадите на Мицкоски се закана за европската…
Рано утринава Русија изврши трииполчасовен напад со беспилотни летала врз јужните делови на областа Одеса, погодувајќи ја пристанишната инфраструктура на реката Дунав, објавија украинските воздухопловни сили на комуникациската платформа Телеграм. Украинските системи за противвоздушна одбрана, како што наведоа на Телеграм, соборија 22 од 25 дронови „Шахед“ од иранско производство што Русија ги користеше за напад на Одеса денеска во раните утрински часови. Украинската јужна воена команда на социјалните мрежи објави дека најмалку двајца цивили се повредени во нападот на, како што ја нарече, „цивилната инфраструктура на Дунав“. Некои украински медиуми објавија дека има експлозии во пристаништето Рени, едно од двете…
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска ќе го означат почетокот на новата ИПАРД 3 програма. Како што соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на настанот што ќе се одржи во дворот на Клубот на претеници во Скопје, детално ќе бидат презентирани новостите во новата ИПАРД 3 програма и првите јавни повици за мерките 1 и 7 од ИПАРД 3 програмата.
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната трибина од кампањата „Ние сме Европа“ во општина Струмица, на тема „Македонски труд-европска социјална политика“ рече дека треба да побрзаме со реформите и нашите обврски бидејќи европската перспектива веќе е реалност и дека после давањето на временската одредница од страна на ЕУ претставниците, навистина е возможно во 2030 да станеме членки на ЕУ. – Нашите политики во областа на социјалната политика и младите се веќе европски. Имаме направено повеќе од сите речиси држави во нашиот регион. Нашите политики се европски затоа што се борат за оние на кои навистина им треба помош,…
Речиси 100-годишен маж е обвинет во Германија за соучесништво во убиствa додека бил чувар во нацистичкиот концентрационен логор Заксенхаузен од 1943 до 1945 година, за време на Втората светска војна, објавија денеска обвинителите. Обвинението е поднесено до судот во Ханау, кој ќе одлучи дали ќе го испрати на судење, но доколку е така, ќе му се суди според законот за малолетници, земајќи ја предвид неговата возраст во времето на наводните злосторства. Сега 98-годишниот германски државјанин, чие име не е објавено, живее во областа Мајн-Кинциг во близина на Франкфурт. Тој е обвинет по повеќе од 3.300 точки од обвинението за соучесништво…
Доминик Пецола, член на екстремната десничарска група „Горди момчиња“, и препознатливо лице од толпата што учествуваше во нападот на Капитолот на 6 јануари 2021 година, денеска беше осуден на десет години затвор. Ова е втора доделена долгогодишна казна затвор по 17 годишната робија за лидерот на „Горди момчиња“ (Proud Boys) Џозеф Бигс (38) кој го водеше упадот а беше осуден вчера. Пецола (46), поранешен маринец, е осуден за бројни злосторства поврзани со неговото учество во упадот како спречување официјална процедура и уништување владин имот. Но тој не е осуден за заговор за повик на бунт„ како например лидерите Енрике Тарио…