Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими: Членството во ЕУ ќе донесе над 20 пати повеќе фондови по глава на жител

0
By Marta Pesevska on September 3, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 3, 2023 11:33

Разликата од чекалната на ЕУ – до внатре во Унијата е 21,8 пати повеќе фондови кои ќе и станат достапни на земјава по влезот во ЕУ. Според грубите пресметки, членството во Унијата ќе донесе дополнителни 2.868 евра по глава на секој жител во земјава, односно дополнителни 5,2 милијарди евра за пет години, што е на исто ниво со буџетот на нашата земја за 2023 година. Ова се средства со кои ќе можеме да имаме подобра инфраструктура, подобри услови за живот, повеќе средства за работа на нашите претпријатија и подобар животен стандард за нашите граѓани“, пишува министерот за финансии Фатмир Бесими во неговата најнова колумна.

Министерот за финансии посочува дека како што земјата се приближува до Унијата, така се отклучуваат повеќе фондови, развојни и структурни. Тој прави споредба со Кохезиониот фонд, наменет за членките на ЕУ и претпристапните фондови на ЕУ-ИПА.  Кохезиониот фонд е наменет за поддршка на земјите-членки на ЕУ, кои имаат бруто национален доход (Gross National Income) понизок од 90 проценти од ЕУ-27 просекот. Со средствата од Кохезиониот фонд се поддржуваат проекти во областа на животната средина, како и трансевропските мрежи во областа на транспортната инфраструктура.

– За периодот од 2021-2027 година, земји кои се кориснички на Кохезиониот фонд се Бугарија, Чешка, Естонија, Грција, Хрватска, Кипар, Латвија, Литванија, Унгарија, Малта, Полска, Португалија, Романија, Словачка и Словенија или околу 128 милиони жители на Унијата. За периодот од 2021-2027 година, преку овој фонд, на овие земји им се достапни 392 милијарди евра, или според груби пресметки околу 3.000 евра по глава на жител кај овие земји (со вкупно население од 128 милиони жители). За истиот период на земјите кои се кандидати или потенцијални кандидати за членство во Унијата им е достапен претпристапниот фонд – ИПА III (2021-2027), во вкупен износ од 14,2 милијарди евра. Според груби пресметки, со ИПА III се обезбедуваат по околу 140 евра по глава на жител за граѓаните на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Турција (со вкупно население од 103 милиони жители). Сумарно, разликата од чекалната на ЕУ – до внатре во Унијата е 2.868 евра по глава на жител, односно 21,8 пати повеќе (3.006/138=21,8)., пишува Бесими.

Истакнува дека ЕУ предвидува и многу други дополнителни фондови за своите земји-членки. Буџетот на ЕУ, за периодот 2021-2027 година е проценет на околу 2.000 милијарди евра, а средствата се насочени кон поддршка на климатската и дигиталната интеграција, заедничкиот пазар и иновациите, кохезијата, отпорноста и заедничките вредности, природните ресурси и околина, миграцијата и управувањето со граничниот простор, европската јавна администрација….

Во својата најнова колумна, министерот за финансии ја најавува и третата годишна Конференција на Скопскиот економски и финансиски форум (СЕФФ), која годинава е посветена на дискусијата за ефектите и моментумот за приклучување на ЕУ. На неа се очекува присуство на високи претставници на Европската комисија, европските развојни банки, меѓународни финансиски институции како Светската банка и ММФ, УСАИД, претставници од владите во регионот, дипломати, бизнис сектор, академска јавност итн.

Бесими ЕУ фондови министер за финансии членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.